Македонија
Љубе Бошкоски ќе му биде советник на премиерот Заев

Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, ќе му биде посебен советник за странски инвестиции на премиерот Зоран Заев. Според информации од Владата, само Бошкоски ги исполнувал условите во конкурсот – стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС, активно познавање на англискиот јазик и работно искуство од најмалку 5 години во струката.
Владата на крајот на минатиот месец објави оглас за вработување шестмина посебни советници во Кабинетот на премиерот, и тоа советник за транспорт и врски, за спроведување на Рамковниот договор, за мултикултурално општество, за транспарентност и отчетност, за млади и спорт и советник за странски инвестиции. Платата на советниците ќе се движи од 25.000 до 50.000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Левица: Скандалозен договор со контроверзна албанска фирма – Таравари го продаде паркингот на клинички

„Министерот за здравство, Арбен Таравари, де факто го приватизира јавниот паркинг, лобирајќи албанска компанија да стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар во Скопје преку јавно-приватно партнерство во траење од 20 години! Со ова, Таравари стана епитет на политичка корупција, кој одработува за контроверзна фирма од странство“, велат од Левица.
„Со ваквиот енормно штетен договор со фирмата „Ѓока Констракшн“, целиот приход ќе оди за компанијата, додека за државата ќе остане само 1%. Левица открива дека оваа компанија е поврзана со крупни скандали во Албанија, каде се спомнува и политичка корупција. Градежната компанија „Ѓока Констракшн“ била инволвирана во скандал поврзан со изградба на тунели, кои се урнале поради работа со неквалитетни материјали. Дополнително, оваа албанска компанија се спомнува и дека била дел од лобирање кај политичари од Албанија!
Скандалозно е што државата нема 10 милиони евра да инвестира во паркинг на Клинички центар, додека власта се задолжува со 500 милиони евра за предизборен поткуп на локалните избори.
Левица го предвиде ова сценарио и претходно поднесе амандман кон Буџетот за 2025 година со кој ќе се финансираше изградба на јавен паркинг, но, амандманот беше одбиен од ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ – партии кои очигледно имаат за цел да го уништат јавното здравство и да ги наполнат џебовите на своите бизнис партнери.
Левица јавно го прашува министерот Таравари: колку провизија добил од контроверзната албанска компанија за пациентите да плаќаат повисоки цени за паркинг?!“, соопшти Левица.
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувње на водоводен приклучок Ф-80мм на улицата Киро Крстевски Платник 6 во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Киро Крстевски Платник.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
– од 08:30 до 12:00 часот, корисниците од улицата Саса 30, населба Пинтија во општина Кисела Вода.