Македонија
Џафери – Левиц: Mакедонски воен контингент ќе биде распореден во Латвија во јуни
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, се сретна со претседателот на Латвија, Егилс Левиц, кој престојува во официјална посета на нашата држава.
„Истакнувајќи дека билатералните прашања не треба да се пречка за преговорите, претседателот Џафери информира дека контактите со Бугарија се интензивни, што му дава надеж дека до крајот на француското претседателство со ЕУ процесот на евроинтеграција на Република Северна Македонија ќе биде деблокиран“, се наведува во соопштението за средбата.
Претседателот Левиц нагласил дека Латвија отсекогаш го поддржувала процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан според критериумите за членство и напредокот на секоја од земјите во таа насока додавајќи дека Северна Македонија направила сѐ од своја страна и дека сега е време Европската Унија да ги преземе понатамошните чекори.
Левиц ја поздравил и одлуката за воено присуство во источниот дел на алијансата на првиот контингент од Република Северна Македонија, кој се подготвува да биде распореден во Латвија во јуни 2022 година.
„Соговорниците разменија мислења и за состојбата во Украина, ја осудија агресијата на Руската Федерација и се согласија дека е потребно да се покаже солидарност со граѓаните на Украина и силно да се поддржи меѓународниот правен поредок со цел да се избегне глобална анархија“, се наведува во соопштението од кабинетот на Џафери.
На средбата присуствувала и Моника Зајкова во функција на претседателка на пратеничката група на Собранието за соработка со парламентите на балтичките земји: Естонија, Латвија и Литванија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

