Македонија
Џафери-Меј: Посилно Собрание значи посилна Македонија
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, приреди прием во чест на премиерката на Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Тереза Меј.
Во своето обраќање претседателот Џафери рече дека Македонија е посветена на враќање на вистинската улога на законодавниот дом и се чини, рече тој, дека конечно сме на вистинскиот пат, судејќи по тоа што неодамна добиениот извештај за напредокот на Република Македонија од Европската комисија беше позитивен и безусловен.
„Ќе продолжиме на тој пат, за нашите граѓани, нашите деца, идните генерации, Република Македонија и сите кои споделуваме европски вредности и стандарди“, рече Џафери.
Во своето обраќање премиерката Меј истакна дека е искрено почестена од приемот што претседателот Џафери го организира во нејзина чест и подвлече дека најуспешните парламенти имаат две заеднички работи: првата, дека тоа се места каде што граѓаните имаат слободен пристап до своите претставници и знаат каква работа се врши во нивно име; втората е дека парламентите треба да бидат места каде што пратениците се во позиција и се волни да ја предизвикаат Владата и другите јавни институции со прашања за нивните активности и политики.
„Знам дека изминатава година оваа зграда посведочи тешки времиња. Но свесна сум и за промените кои се случија оттогаш и за желбата за реформи во насока ова Собрание да ги исполни ваквите стандарди. Горда сум што Обединетото Кралство ги поддржува овие реформи преку нашите програми за финансирање. Кога владее демократијата, придобивките ги чувствуваме сите – посилно Собрание значи посилна Македонија“, истакна таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

