Македонија
Џафери-Хан: Извештајот е обврска да продолжиме со реформите на патот кон ЕУ
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска оствари средба со комесарот за европска добрососедска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, кој официјално го врачи извештајот за напредокот на Република Македонија за 2017 година на Европската комисија.
Џафери истакна дека посетите на комесарот Хан и на Могерини и нејзиното обраќање пред пратениците претставуваат несомнено јасен сигнал и поддршка за европската перспектива на земјата. Република Македонија, благодарение на засилениот ангажман на ЕУ, заедно со нејзините меѓународни пријатели во изминатите години, денес повторно цврсто чекори на својот пат кон членство во НАТО и ЕУ.
Џафери констатираше дека Извештајот за напредокот реално и балансирано ги отсликува состојбите и се заблагодари за упатената препорака која земјата ја добива од 2009 година навака, со надеж дека истата наскоро ќе биде валоризирана и од Советот на ЕУ со определување датум за преговори за членство.
Безусловената препорака е благодарение на заедничките напори на Владата, но и на Собранието на Република Македонија и на сите колеги пратеници од позицијата и опозицијата и нивната посветеност за реализација на предвидените реформи согласно со препораките на Прибе и планот 3-6-9, што резултираше со суштински реформи во областите кои беа посочени како приоритетни, особено во делот на судството и реорганизацијата и реформата во безбедносниот сектор. Тоа е мотив плус, како и досега, да се продолжи со реформите на патот кон ЕУ, како стратешка определба на сите политички партии и сите граѓани, без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност.
Тој го информираше соговорникот и за преземените активности во насока на подобрување на добрососедските односи преку потпишувањето и стапувањето на сила на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија и интензивирање на дијалогот со Република Грција за приближување на ставовите под покровителство на ОН за изнаоѓање решение за спорот со името.
Комесарот Хан нагласи дека благодарение и на Собранието, на сите пратеници и нивниот ангажман во изминатитот период со донесување на неопходната легислатива, Европската комисија упати препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ. Тој ја поздрави работата на Собранието и побара конструктивниот дух и политичкиот дијалог меѓу позицијата и опозицијата за европската агенда да продолжи и во иднина, преку размена на мислења и аргументи и во духот на заемна доверба и меѓусебно почитување. Со постојана поддршка од општеството и граѓаните, Собранието ја претставува големата слика за реализирање на стратешката цел за членство во ЕУ и НАТО. Како актуелно раководство, Собранието на Република Македонија има можност да биде дел од историјата на земјата и таа можност треба да се искористи во периодот што следи.
Соговорниците беа согласни дека треба да се интензивира парламентарната дипломатија во претстојните месеци, особено во земјите во кои парламентите имаат клучна улога за доделување мандат на нивните влади за почеток на преговори за членство во ЕУ за земјите кандидати.
На средбата присуствуваа и потпретседателите на Собранието: Фросина Ташевска-Ременски, Горан Мисовски и Весел Мемеди; кооординаторите на пратеничките групи: Томислав Тунтев, Драган Данев, Ејуп Алими и Африм Гаши; претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби; копретседавачот на МПК-РМ и ЕУ, Горан Милевски; како и пратениците: Сурија Рашиди и Мерал Узеири-Ферати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Сега кога не се купува нов авион има пари за минимална плата од 600 евра“, велат од СДСМ
„Законот за минимална плата поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалицијата е на дневен ред во Собранието. Овој закон е реален и конкретен одговор на барањата на синдикатите и на работниците – 600 евра минимална плата за достоинствен живот. Сега кога не се купува нов авион има пари за минимална плата од 600 евра“, велат од СДСМ.
„Дополнително, пратеничката група на СДСМ веќе предложи конкретни буџетски ставки од кои може да се обезбедат средства за зголемување на минималната плата.
Тоа значи – пари има, потребна е само политичка волја.
Нема повеќе оправдување дека нема пари.
Сите пратеници да дадат поддршка на Законот и да гласаат за 600 евра минимална плата.
Без изговори. Без калкулации.
Време е да се укине луксузот на власта, а работниците да добијат плати какви што заслужуваат“, соопштуваат од СДСМ.
Македонија
Утрово најстудено во Берово и Крива Паланка
Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, -5 било во Крива Паланка, -4 во Скопје – Петровец и Демир Капија, -3 во Гевгелија, Прилеп и Тетово, -2 во Охрид, Виница и Крушево.
Времето денеска
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од западните делови ќе има врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, особено на планините каде што ќе се зголеми снежната покривка.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
Македонија
„Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!“, прашува СДСМ
„Мицкоски вчера јавно изјави дека кога лета со владиниот авион, наводно се плаши за својот живот и дека „се моли на Бога да останат живи“ кога лета. Ако тоа е вистина, тогаш се поставува суштинско прашање: Како можел тогаш во таков авион да го стави своето семејство и да ги ризикува нивните животи заради приватен одмор?“, прашува СДСМ
„Освен што злоупотребил државни ресурси за приватни потреби, го ставил ли и семејството во ризик?
Ако навистина смета дека авионот е ризичен, тогаш постојат редовни комерцијални линии со економска класа. Не бизнис класа со карти од 4.000 евра, може да патува со економска класа, затоа што нашата економија не е за бизнис класа.
Наместо утре граѓаните да му бидат криви, бидејќи тие го плаќаат овој авион. Прво Мицкоски нѐ расплака со тажната приказна, сега нѐ загрижи. Се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!
Ако толку неодговорно се однесува кон сопственото семејство, како ли се однесува кога е во прашање државата?“, се додава во соопштението на СДСМ.

