Македонија
Џафери – Шентоп: Економските односи со Турција се развиваат по нагорна линија
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска оствари средба со Мустафа Шентоп, претседател на Големото национално собрание на Турција, кој престојува во официјална посета на земјата со група пратеници.
На средбата присуствувале и Горан Мисовски, потпретседател на Собранието, Бејџан Иљас, претседател на пратеничката група за соработка на парламентот на Република Турција, Никола Мицевски, Игор Јанушев, Енес Ибрахим, Мерита Колчи-Коџаџику, Зеќир Рамчиловиќ и Хусни Исмаили, членови на групата, и Цветанка Иванова, генерална секретарка на Собранието.

Двајцата претседатели на парламентите изразиле задоволство од повторната средба, која се совпаѓа со одбележувањето на 21 Декември, Денот на наставата на турскиот јазик, и која претставува потврда дека билатералните односи меѓу Северна Македонија и Турција се одвиваат во духот на меѓусебно разбирање, блиско пријателство, партнерство и активна соработка во многубројни полиња од заемен интерес.
Џафери и Шентоп оцениле дека одржувањето интензивна комуникација на високо ниво силно придонесува за унапредување на севкупните билатерални односи, а добрите и пријателски односи меѓу двете земји се пресликани и во плодната парламентарната соработка.
Претседателот Џафери се осврнал на успешната соработка меѓу Северна Македонија и Турција во НАТО, сега веќе како две рамноправни членки.
Тој изразил задоволство што договорната состојба меѓу Република Северна Македонија и Република Турција со 100 билатерални договори и документи ги опфаќа сите полиња на заеднички интерес.
Џафери го нагласил интересот за натамошно унапредување на економската соработка и поттикнување турски инвестиции во земјата и оцени дека соработката меѓу Северна Македонија и Турција во полето на одбраната, внатрешните работи, културата, здравството, туризмот, трудот и социјалната политика е мошне успешна и ја карактеризира позитивен тренд и континуитет.
Во однос на пандемијата на Ковид-19, Џафери изразил задоволство што Турција ја потенцира потребата за меѓународната соработка и глобална солидарност истовремо изразувајќи благодарност за турските донации што беа од голема полза за земјава во справување со пандемијата.
Претседателот турското собрание, Мустафа Шентоп, истакнал дека Турција ја поддржува Северна Македонија на сите полиња и изразил задоволство што економските односи меѓу двете земји се развиваат по нагорна линија, со зголемување на трговската размена од 46%.
Тој нагласил дека Турција останува силен поддржувач на интегрирањето на Северна Македонија во Европската унија и оценил дека билатералните прашања не треба да преставуваат пречка за членството во мултилатералните организации.
Истовремо, Шентоп изразил надеж дека несоглувањата со Бугарија ќе бидат надминати во најскоро време и Северна Македонија ќе ги започне преговорите со ЕУ.
Претседателот Шентоп истакнал дека турската заедница во Северна Македонија е од големо значење за Турција, која обрнува особено внимание на доброто образование на турски јазик во земјава.
Претседателите Џафери и Шентоп размениле информации за актуелните состојби во двете земји и изразиле уверување дека долгогодишното партнерство и позитивниот тренд во развојот на билатералните односи и соработката во повеќе сфери од заемен интерес и натаму ќе се унапредува.
Истовремено, тие се заложиле за натамошно продлабочување на одличните односи и соработка меѓу македонскиот и турскиот парламент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

