Македонија
1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на Ковид-19 во Скопје-570, Куманово-57, Дебар-8, Штип-44, Прилеп-78, Тетово-56, Струга-28, Велес-32, Битола-53, Охрид-30, Кавадарци-30, Гостивар-85, Гевгелија-21, Струмица-34, Крива Паланка-5, Радовиш-13, Кочани-28, Пробиштип-10, Демир Хисар-7, Македонски Брод -3, Берово-3, Валандово-2, Виница-11, Делчево-9, Кратово-3, Свети Николе-12, Кичево-22, Ресен-11, Неготино-22 и еден во Крушево.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 1.078 оздравени пациенти од: Скопје-407, Куманово-33, Штип-32, Прилеп-36, Тетово-36, Струга-63, Велес-30, Битола-144, Охрид-52, Кавадарци-27, Гостивар-19, Гевгелија-10, Струмица-19, Крива Паланка-7, Радовиш-5, Крушево-4, Кочани-11, Пробиштип-5, Демир Хисар-3, Македонски Брод-2, Берово-3, Валандово-2, Виница-6, Делчево-7, Кратово-3, Свети Николе-12, Кичево-72 и по 14 во Ресен и Неготино.
Починати се 39 лица, шеснаесет пациенти од Скопје (79г., 80г., 54г., 70г., 68г., 54г., 68г., 82г., 84г.,68г., 76г., 75г., 71г., 60г., 73г., 56г.), двајца од Куманово (70 и 62 години), еден пациент од Дебар (87), еден од Штип (71), тројца од Прилеп (86, 76 и 68 години), четири пациенти од Тетово (53, 72,67 и 66 години), двајца од Струга (68 и 69 години), двајца од Велес (67 и 78 години), двајца од Охрид (68 и 73 години), еден пациент од Струмица (72), еден од Демир Хисар (65), еден од Берово (79), двајца од Кичево (60 и 41 година) и еден пациент од Неготино (40).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 57.451, бројката на оздравени пациенти е 34.970, на починати е 1.600, а бројот на активни случаи изнесува 20.881. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:
• Скопје 25.228, активни 10.130
• Куманово 3.541, активни 939
• Дебар 438, активни 87
• Штип 2.510, активни 526
• Прилеп 2.766, активни 1021
• Тетово 3.638, активни 965
• Струга 1.334, активни 406
• Велес 1.812, активни 711
• Битола 1.813, активни 808
• Охрид 1.460, активни 597
• Кавадарци 1.109, активни 432
• Гостивар 2.296, активни 862
• Гевгелија 693, активни 229 (50 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 126 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1.598, активни 580
• Крива Паланка 402, активни 120
• Радовиш 407, активни 125
• Крушево 116, активни 70
• Кочани 1.187, активни 307
• Пробиштип 336, активни 74
• Демир Хисар 185, активни 83
• Македонски Брод 151, активни 34
• Пехчево 95, активни 25
• Берово 339, активни 92
• Валандово 196, активни 71
• Виница 359, активни 174
• Делчево 415, активни 184 (114 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 148, активни 63
• Свети Николе 770, активни 212
• Кичево 1178, активни 492
• Ресен 424, активни 173
• Неготино 507, активни 289 (56 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 3.349 теста се преку: ИЈЗ-1068, ЦЈЗ Скопје-60, Авицена-345, Биотек-272, МАНУ -263, Жан Митрев (Филип Втори)-211, Систина со PCR метода -259, лабораторија Лаор –40, ЦЈЗ Битола-72, Инфективна клиника-2, ГАК-7, Синлаб-87, Ремедика-32, лабораторија болница Козле-17, ЈЗУ (рапид тест) -594. Досега во земјата се направени вкупно 320.011 тестирања на Ковид-19.
Според новите податоци, бројот на активни случаи по скопските општини денеска е следен:
• Чаир – 639
• Гази Баба – 1.490
• Аеродром -1.474
• Карпош – 1.186
• Центар – 1.173
• Кисела Вода – 1.245
• Ѓорче Петров – 874
• Бутел – 584
• Шуто Оризари – 206
• Студеничани – 52
• Сарај – 160
• Арачиново -31
• Илинден – 251
• Сопиште – 66
• Чучер Сандево – 99
• Петровец –128
• Зелениково -83
• Странец – 175
• Нераспределен- 214
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Осуда за скандалозната одлука за именување на училиште во Студеничани со името на Азем Морана

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро ја осудува, како што велат, скандалозната одлука на Владата за именување на општинското основно училиште во Општина Студеничани со името на Азем Морана, според СДСМ, познат балист и соработник на фашистичкиот окупатор за време и по Втората светска војна.
„Ова именување е историски неосновано и претставува директно понижување на антифашистичката борба на македонскиот и албанскиот народ. Тоа е навреда за сите борци од НОБ, за жртвите од фашистичкиот терор, за вредностите врз кои е изградена нашата држава, слободна, демократска и европска Македонија. Преку рехабилитација на фигури поврзани со балистичкото движење што ја прават ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН се нарушуваат темелите на идеологијата врз која е изградена македонската државност: антифашизмот, народниот суверенитет и демократските вредности. Според десничарската матрица, тие свесно и систематски го бришат антифашизмот од колективната меморија заменувајќи ги партизанските имиња со имиња на балисти, соработници со фашистичкиот окупатор“, велат од СДСМ.
Од партијата додаваат дека бескомпромисната борба против фашизмот не е само дел од нашето историско наследство, туку е структурна вредност на нашиот уставен поредок, на нашиот идентитет и на нашата евроинтегративна определба.
„Срамно е една влада којашто тврди дека е за Европа да дозволува вакви опасни чекори. Наместо да ги едуцира младите за вистинските херои на слободата, таа ги учи да ги слават соработниците и поддржувачките на фашистичката идеологија. Тоа е образовно и морално злосторство за едно деморкатско општество коешто се стреми кон европските вредности“, велат од СДСМ.
Партијата ја повикува Владата итно да ја преиспита одлуката, водејќи се од почитта кон борците и да поднесе итна иницијатива до надлежните институции за нејзино укинување. Од СДСМ велат дека ќе побараат и отворена расправа во Собранието, како и поддршка од Сојузот на борците и од сите прогресивни сили во државата.
„Нема да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН да ја поткопуваат идеологијата на антифашистичката борба и македонската историја. Македонија е изградена врз темелите на антифашизмот, а не врз ревизионизам и така мора да остане“, велат од СДСМ.
Македонија
ЦУК повторно ќе го тестира системот за масовни известувања на граѓаните

Во текот на попладневните часови граѓаните ќе добијат тест-СМС порака преку системот cell broadcasting, со цел проверка на техничките можности за испраќање масовни известувања и аларми во случаи на кризни состојби, соопшти Центарот за управување со кризи.
Од таму појаснуваат дека станува збор за систем кој овозможува итни пораки да бидат испратени до сите корисници на мобилни телефони што се наоѓаат во одредена географска област, без разлика на мобилниот оператор. Целта е навремено и ефикасно информирање на населението при пожари, поплави, земјотреси, опасни временски појави или други вонредни ситуации.
Од ЦУК велат дека воспоставувањето на овој систем е национална потреба и воедно законска обврска согласно регулативите на Европската Унија, кои бараат сите земји да располагаат со механизам за масовно информирање и алармирање на граѓаните во услови на криза.
Македонија
Алиу: За 45 дена над 1.250 нови вработувања во здравството

Во рок од само 45 дена и за рекордно време се реализирани над 1.250 вработувања во 85 јавни здравствени установи низ државата, како дел од стратешкиот процес на кадровско зајакнување на здравствениот систем.
До овој момент, во рамките на процесот се спроведени над 1.700 тестирања, изјави министерот за здравство.
„Ова е значајно и историско зајакнување на кадарот во рекордно време во здравствениот сектор – дополнителна мотивација, конечно решен статус на сите овие лица кои со години немаа сигурност, здравствено осигурување, формален работен однос и беа под континуиран стрес. Сега, со овој чекор, добија достоинствено место во системот“, рече Алиу.
Со оваа кадровска стабилизација, Министерството за здравство, како што рече, испраќа силна порака за континуирана грижа и вложување во човечкиот капитал, како предуслов за подобри здравствени услуги за сите граѓани.