Македонија
1.375 нови случаи на Ковид-19 и четири починати лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 7.188 тестирања, а регистрирани се 1.375 нови случаи на Ковид-19, и тоа од: Скопје – 852, Битола – 135, Прилеп – 70, Куманово и Кавадарци по 38, Охрид и Штип по 25, Струмица – 21, Ресен – 18, Тетово и Гевгелија по 14, Неготино – 13, Гостивар, Велес и Радовиш по 10, Валандово – 9, Пробиштип, Демир Хисар и Крушево по 8, Кичево и Богданци по 7, Делчево и Крива Паланка по 6, Кочани – 5, Струга, Виница, Македонски Брод и Свети Николе по 3 и по двајца заразени од Дебар, Кратово и Пехчево.
Во текот на изминатото денониќие пријавени се 2 починати лица – по едно од Скопје (75) и од Кавадарци (61). Пријавените се починати во болнички услови.
Дополнително, во согласност со регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се 2 смртни случаја во периодот од 28 декември до 2 јануари. Починати се едно лице од Тетово (84) и едно од Делчево (74), во домашни услови.
Во изминатите 24 часа регистрирани сe и 217 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 116, Охрид – 13, Прилеп – 12, Битола – 10, Струмица и Куманово по 9, Кавадарци – 8, Гевгелија – 4, Велес, Штип, Кичево, Ресен, Крива Паланка и Берово по 3, Струга, Валандово, Демир Хисар, Крушево, Македонски Брод и Делчево по 2 и по еден оздравен од Тетово, Кочани, Свети Николе, Радовиш Пробиштип и од Богданци.
Направените 7.188 теста се преку: ИЈЗ – 411, ЦЈЗ Скопје – 96, ЦЈЗ Битола – 110, ЦЈЗ Прилеп – 68, ЦЈЗ Тетово – 15, ЦЈЗ Куманово – 112, Судска медицина – 2, УК Пулмологија со алергологија – 1, Институт за микробиологија – 177, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 234, „Авицена“ – 394, „Биотек“ – 515, „Систина“ – 125, лабораторија „Лаор“ – 410, „Синлаб“ – 42, „Ремедика“ – 18, „Плодност“ – 134, „Генеа“ – 26, „Никоб лаб“ – 763, „ВФВ медикал“ – 106, „Ели медика“ – 98, „Ројал медика“ – 82, „Спектра-ММ“ – 35, „Рапид лаб“ – 20, „Жан Митрев Струмица“ – 56, „Нова лаб дијагностика“ – 13, „Рамус“ – 28, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 3.097.
Досега во земјата се направени вкупно 1.626.464 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 228.540, бројот на оздравени пациенти е 213.722, на починати е 8.000, а бројот на активни случаи изнесува 6.818.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 101.168, Активни 3.869
Куманово 13.225, Активни 138
Тетово 11.468, Активни 76
Прилеп 11.014, Активни 404
Битола 9.619, Активни 544
Гостивар 8.108, Активни 34
Велес 7.579, Активни 137
Кавадарци 7.572, Активни 241
Охрид 6.935, Активни 268
Штип 6.821, Активни 105
Струмица 6.381, Активни 162
Кичево 4.361, Активни 77
Кочани 4.138, Активни 52
Струга 3.962, Активни 40
Гевгелија 3.016, Активни 126
Неготино 2.676, Активни 60
Свети Николе 2.164, Активни 22
Крива Паланка 1.984, Активни 39
Ресен 1.934, Активни 113
Радовиш 1.844, Активни 52
Берово 1.484, Активни 8
Делчево 1.487, Активни 37
Дебар 1.461, Активни 3
Виница 1.183, Активни 5
Пробиштип 1.153, Активни 13
Валандово 1.070, Активни 63
Кратово 791, Активни 3
Богданци 705, Активни 37
Демир Хисар 659, Активни 23
Крушево 618, Активни 18
Македонски Брод 552, Активни 32
Демир Капија 439, Активни 6
Македонска Каменица 430, Активни 6
Пехчево 361, Активни 2
Дојран 178, Активни 3
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.
Македонија
(Видео) Филипче: Врските на Стоиљковиќ со Москва и кинеските кредити се сериозен сигнал
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, оцени дека пораките упатени од највисоката адреса на Алијансата се јасни и недвосмислени и директно се однесуваат на актуелната влада. Филипче вели дека врските на вицепремиерот Иван Стоиљковиќ со структури блиски до Москва како и кинеските кредити претставуваат сериозен сигнал за загриженост.
„Фактот дека вториот човек во Владата има отворени контакти со лица и организации кои се во директна комуникација со Кремљ, во време кога Русија води агресија врз Украина, е нешто што не може да се игнорира“, нагласи Филипче.
Тој посочи и на финансиските аранжмани на Владата, потенцирајќи дека заемот од една милијарда евра преку Унгарија, за кој европските институции во свој извештај нотирале дека станува збор за средства со кинеско потекло, отвора сериозни прашања.
„Кога на тоа ќе се додадат и кинеските пари кои пристигнаа преку заемот од Унгарија, станува јасно дека станува збор за политики кои испраќаат погрешни сигнали во рамки на Алијансата. Нашиот одбранбен чадор знае точно какви политики води оваа влада и јасно укажува на нив“, истакна Филипче.
Македонија
Утре променливо облачно време со температура до 17 степени
Утре претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, информира УХМР.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

