Македонија
1.493 нови случаи на Ковид-19 и 39 починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа nаправени се 4.986 тестови, а регистрирани се 1.493 нови случаи на КОВИД-19 и тоа: Скопје – 720, Битола – 90, Куманово – 87, Кавадарци – 72, Тетово – 54, Струмица – 44, Прилеп – 43, Велес – 41, Охрид – 40, Штип – 32, Гостивар – 31, Свети Николе – 25, Неготино – 24, Гевгелија – 23, Кичево и Струга – по 19, Ресен и Радовиш – по 16, Кочани и Валандово – по 13, Богданци – 11, Македонски Брод – 10, Крива Паланка – 9, Демир Хисар – 8, Дебар, Виница и Кратово – по 5, Берово, Крушево и Македонска Каменица – по 4, Делчево – 3, Демир Капија – 2, Дојран – 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.493), регистрирани се 191 реинфекции и една втора реинфекција.
Регистрирани сe 2.652 оздравени пациенти од: Скопје – 1.530, Битола – 184, Куманово – 166, Струмица – 85, Кавадарци – 82, Прилеп – 68, Неготино – 48, Кичево – 43, Гостивар и Гевгелија – по 42, Радовиш – 40, Велес – 37, Тетово – 33, Ресен – 30, Кочани – 29, Штип – 28, Охрид – 27, Валандово – 18, Дојран – 15, Струга и Берово – по 14, Крива Паланка – 13, Делчево – 12, Богданци – 9, Демир Хисар – 8, Свети Николе – 7, Македонски Брод, Виница и Пехчево – по 5, Крушево – 4, Македонска Каменица и Пробиштип – по 3, Дебар, Кратово и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 31 починато лице: 7 починати лица од Скопје (64г, 68г, 69г, 72г, 73г, 74г и 79г), 5 починати лица од Куманово (60г, 65г, 71г, 77г и 78г), по 3 починати лица од Охрид (74г, 75г и 84г) и Струмица (58г, 73г и 75г), по 2 починати лица од Тетово (65г и 83г), Прилеп (79г и 84г) и Битола (75г и 79г) и по едно починато лице од Струга (72г), Пробиштип (63г), Кавадарци (78г), Крива Паланка (76г), Кичево (74г), Гостивар (75г) и Виница (67г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин, пријавени се дополнително 8 починати лица, Кичево (2), Штип (1), Скопје (1), Делчево (1), Куманово (1), Струга (1) и Гевгелија (1). Починатите се на возраст од 63г до 82г. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови и 6 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 26.01.2021 – 31.01.2022г.
Од вкупниот број на починати лица (n=39), 7 лица се целосно вакцинирани, а кај 39 лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 4.986 тестови преку: ИЈЗ-598, ЦЈЗ Скопје-83, ЦЈЗ Битола-93, ЦЈЗ Прилеп-49, ЦЈЗ Тетово–10, ЦЈЗ Куманово-81, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-1, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–165, Жан Митрев (Филип Втори)-130, Авицена-140, Биотек-212, Систина-72, лабораторија Лаор-108, Синлаб-16, Ремедика-12, Плодност-50, Генеа-17, Никоб Лаб-452, ВФВ Медикал-94, Ели Медика-25, Ројал Медика–25, Спектра-ММ-36, Рапид Лаб–36, Жан Митрев Струмица–10, Нова Лаб Дијагностика–9, Рамус-30, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.428.
Досега во земјата се направени вкупно 1.808.494 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 275.637, бројот на оздравени пациенти е 254.340, на починати е 8.533, а бројот на активни случаи изнесува 12.764.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 125960, Активни 6834
Куманово 15188, Активни 499
Битола 13199, Активни 964
Прилеп 12945, Активни 486
Тетово 12659, Активни 422
Кавадарци 9294, Активни 474
Гостивар 8927, Активни 239
Велес 8660, Активни 287
Охрид 8091, Активни 316
Штип 7626, Активни 153
Струмица 7420, Активни 274
Кичево 5040, Активни 211
Кочани 4720, Активни 135
Струга 4458, Активни 155
Гевгелија 3887, Активни 181
Неготино 3294, Активни 171
Свети Николе 2495, Активни 91
Ресен 2433, Активни 170
Радовиш 2335, Активни 117
Крива Паланка 2249, Активни 72
Делчево 1817, Активни 79
Берово 1655, Активни 20
Дебар 1517, Активни 25
Валандово 1421, Активни 83
Виница 1314, Активни 37
Пробиштип 1263, Активни 17
Богданци 926, Активни 75
Кратово 893, Активни 26
Крушево 828, Активни 22
Демир Хисар 785, Активни 33
Македонски Брод 656, Активни 40
Македонска Каменица 513, Активни 21
Демир Капија 503, Активни 18
Пехчево 435, Активни 12
Дојран 231, Активни 5
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Триесет дена притвор за Капушевски, Муча и Сулкоски, сопственикот на „Пуцко Петрол“ оди во куќен притвор

Судот определи 30 дневен притвор за бизнисменот Ратко Капушевски – сопственик на фирмата РКМ, Ерџан Сулкоски и ексдиректорот на ЕСМ, Адријан Муча, во случајот со спорниот тендер за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино.
Од Кривичниот суд вечерва информираа дека за нив постои опасност од бегство и околности кои укажуваат на попречување на истрагата со влијание на сведоци.
Во однос на осомничениот Асмир Јахоски – сопственик на „Пуцко Петрол“, по произнесување пред судија на претходна постапка Јавниот обвинител се согласи за промена на предлогот за определување мерка притвор со предлог за определување на мерка куќен притвор, што беше прифатено од Судијата на претходна постапка, велат од Кривичен.
За останатите седум осомничени кои беа спроведени во судот, судијата го прифати предлогот на Јавниот обвинител и донесе решени за определување на мерки за претпазливост.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.
Претходно Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка за тринаесет лица и една фирма, поради злоупотреба на тендер за набвака на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино. Во акцијата што под раководство на јавен обвинител се спроведуваше на повеќе локации во Скопје, Велес и Кичево, уапсени беа 11 лица.
Со истрагата е опфатен и екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски кој е во бегство и се бара со меѓународна потерница за случајот Адитив.
Македонија
Приведен тетовец за подметнување на пожар кај гробиштата во Катланово

Полицијата го приведе И.Џ. (49) од Тетово, поради подметнување на пожар кај Катланово.
„Денеска околу 13 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар кај православните гробишта во Катланово, при што горела нискостеблеста шума и трева, а според тврдење на очевидец, пожарот го подметнал И.Џ.“, соопшти МВР.
Пожарот самиот се изгасил откако заврнало дожд.
По расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Македонија
Единаесет лица се приведени за злоупотреба на тендер за набавка на мазут

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка за тринаесет лица и една фирма, поради злоупотреба на тендер за набвака на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино. Во акцијата што под раководство на јавен обвинител се спроведуваше на повеќе локации во Скопје, Велес и Кичево, уапсени се 11 лица.
Меѓу осомничените е и сопственикот на Пуцко Петрол, Асмир Јахоски, а во истрагата е опфатена фирмата која го добила тендерот и нејзините сопственици Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски. Во истрагата е опфатен и екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски кој е во бегство и се бара со меѓународна потерница за случајот Адитив, како и уште еден поранешен директор на ЕСМ, Адријан Муча кој е во притвор за истиот случај.
„Во периодот на 2021 – 2023 година двајца осомничени, во својство на основачи и управители на кривично одговорното правно лице свесно повредувајќи ги прописите за постапката за јавен повик за набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино поднеле невистинита документација. Со намера да го изиграат договорот не ги извршиле обврските и ги повредиле правилата остварувајќи корист од големи размери за кривично одговорното правно лице а на штета на државниот буџет во вкупен износ од 10.304.324.094 денари или околу 167.549.985 евра. Во намерата со умисла им помогнале осомничените вработени во АД Електрани на Северна Македонија – Скопје, кои се наоѓале на високи позиции од генерален директор и директори на сектори до претседатели и членови на комисии поврзани со јавни набавки, спроведувајќи постапки за јавна набавка на мазут спротивно на Упатството за начинот на спроведување на јавните набавки во АД ЕСМ. Со непочитување на начелата на сразмерност, конкуренција, еднаков третман и недискриминација на економските оператори, иако знаеле дека правното лице не ги исполнува бараните критериуми за носител на јавната набавка, помогнале да се склучат Договори за јавна набавка во корист на истото и му овозможиле да испорачува мазут се до 24.02.2023 година“, соопшти ОЈО ГОК.
Паричните средства кои осомничените ги прибавиле со кривичното дело, ги пуштиле во промет, промениле и пренеле на друг со цел да се прикрие изворот на потеклото.
Со дел од средствата купиле две моторни возила „мерцедес“, дел ги трансферирале на своите сметки во разни банки, а потоа ги подигале во готовина. Воедно, врз основа на договор за посредување и Анекс кон договорот, склучен помеѓу осомниченото правно лице и осомничен сопственик на правно лице со иста дејност, во два наврати биле префрлени средства во вкупен износ од 72.000.000,00 денари за наводно извршени работи согласно договорот кој претставувал само привидно средство за вршење на предметните трансакции. Осомничениот така примените парични средства, свесен за нивното потекло со цел да ја прикрие нивната локација ги трансферирал по основ на ,,позајмица’’ кон своето правно лице.
Имајќи ги предвид околностите и тежината на стореното дело, јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи на пет лица да им биде определена мерка притвор, од кои за едно лице мерката да се примени по неговото пронаоѓање. Едно лице осомничено и во предметот „Адитив“ веќе се наоѓа во притвор, додека за останатите осомничени се предложени мерки за обезбедување присуство.