Македонија
1.865 нови случаи на Ковид-19 и 8 починати
Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 6.173 теста, а регистрирани се 1.865 нови случаи на Ковид-19, и тоа: Скопје – 871, Битола – 177, Прилеп – 119, Куманово – 86, Охрид – 60, Кавадарци и Велес – по 53, Кичево – 46, Штип – 40, Струмица – 38, Тетово – 37, Гевгелија – 28, Гостивар – 27, Неготино – 24, Радовиш – 23, Струга и Ресен – по 22, Кочани – 21, Крушево – 20, Валандово – 15, Делчево – 14, Крива Паланка – 12, Свети Николе – 10, Богданци – 9, Пробиштип – 8, Берово – 6, Македонски Брод – 5, Демир Хисар – 4, Виница, Кратово и Демир Капија – по 3, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Дебар и Дојран – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.865), регистрирани се 207 реинфекции.
Регистрирани сe 784 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 477, Битола – 52, Прилеп – 40, Кавадарци – 30, Велес – 22, Охрид – 19, Куманово – 18, Гевгелија – 16, Штип, Тетово и Кочани – по 14, Струмица – 9, Радовиш – 8, Валандово – 7, Кичево и Ресен – по 6, Неготино – 5, Гостивар, Крива Паланка и Свети Николе – по 4, Делчево, Пробиштип и Македонски Брод – по 3, Струга, Крушево, Богданци, Демир Хисар, Дебар и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: по 2 од Скопје (81 и 86) и Битола (65 и 66) и по едно од Прилеп (45), Охрид (69), Струмица (68) и Валандово (72). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Направени се 6.173 теста преку: ИЈЗ – 454, ЦЈЗ Скопје – 88, ЦЈЗ Битола – 100, ЦЈЗ Прилеп – 46, ЦЈЗ Тетово – 34, ЦЈЗ Куманово – 110, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 25, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 194, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 130, „Авицена“ – 322, „Биотек“ – 338, „Систина“ – 136, лабораторија „Лаор“ – 214, „Синлаб“ – 67, „Ремедика“ – 19, „Плодност“ – 108, „Генеа“ – 38, „Никоб лаб“ – 681, „ВФВ медикал“ – 75, „Ели медика“ – 16, „Ројал медика“ – 25, „Спектра-ММ“ – 45, „Рапид лаб“ – 34, „Жан Митрев Струмица“ – 25, „Нова лаб дијагностика“ – 10, „Рамус“ – 25, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 2.814.
Досега во земјата се направени вкупно 1.686.063 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 239.920, бројот на оздравени пациенти е 217.305, на починати е 8.070, а бројот на активни случаи изнесува 14.545.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 107.541, Активни 8.192
Куманово 13.592, Активни 431
Тетово 11.620, Активни 184
Прилеп 11.631, Активни 800
Битола 10.716, Активни 1383
Гостивар 8.253, Активни 164
Кавадарци 7.865, Активни 393
Велес 7.764, Активни 234
Охрид 7.287, Активни 488
Штип 7.018, Активни 248
Струмица 6.550, Активни 244
Кичево 4.504, Активни 172
Кочани 4.250, Активни 129
Струга 4.060, Активни 121
Гевгелија 3.195, Активни 231
Неготино 2.768, Активни 114
Свети Николе 2.214, Активни 56
Крива Паланка 2.041, Активни 78
Ресен 2.020, Активни 131
Радовиш 1.955, Активни 135
Делчево 1.545, Активни 70
Берово 1.516, Активни 33
Дебар 1.471, Активни 12
Виница 1.207, Активни 28
Пробиштип 1.193, Активни 48
Валандово 1.166, Активни 121
Кратово 805, Активни 16
Богданци 738, Активни 52
Крушево 720, Активни 115
Демир Хисар 679, Активни 36
Македонски Брод 578, Активни 31
Демир Капија 449, Активни 14
Македонска Каменица 444, Активни 16
Пехчево 375, Активни 16
Дојран 190, Активни 9
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсени осум возачи за возење без возачка, со забрана и под дејство на алкохол
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода осум возачи, од кои седум за возење без возачка дозвола и еден со забрана за управување возило од Б категорија и под дејство на алкохол, соопшти МВР.
Двајца возачи во Скопје и по еден возач во Прилеп, Неготино, Тетово, Кочани и Делчево управувале возило без возачка дозвола. Додека еден возач во Виница управувал возило иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија и под дејство на алкохол.
Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, велат од МВР.
Македонија
Општина Центар објави јавен повик за ангажирање лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби
Општина Центар објави јавен повик за ангажирање лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во рамки на проектот „Образование за сите“, за учебната 2025/2026 година.
Право на пријавување имаат лица со најмалку завршено средно образование. Предност имаат кандидати со соодветно високо образование, претходно искуство во работа со деца со попреченост или лиценца за личен асистент, како и долгорочно невработени лица, млади до 29 години, лица над 50 години, самохрани родители и родители на деца со попреченост.
„Ангажманот на личниот асистент подразбира директна поддршка на ученикот во текот на наставниот ден. Поддршката вклучува помош при следење на наставата, движење низ училиштето, комуникација со соучениците и наставниците и други активности во согласност со индивидуалните потреби на ученикот“, вели градоначалникот Горан Герасимовски.
Избраните кандидати ќе бидат ангажирани како лични асистенти во основните училишта на територија на општината, со скратено работно време од 20 часа неделно, во период од четири месеци, почнувајќи од март 2026 година до крајот на актуелната учебна година.
За ангажманот е предвиден паричен надоместок во висина од 15.000 денари (нето) месечно.
Пријавувањето се врши во Архивата, барака 6, секој работен ден од 9 до 15 часот.
Јавниот повик трае пет работни дена од денот на неговото објавување и е достапен на општинската веб-страницата и на огласните табли во основните училишта на територија на општината.
Македонија
Четворица кандидати во трката за државен јавен обвинител добија позитивно мислење
Обвинителките Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески добија позитивно мислење од Советот за јавни обвинители.
Петтиот кандидат, судијата Владимир Панчевски, уште пред почетокот на разгледувањето на кандидатурите беше исклучен од постапката за избор поради неисполнување на условите, односно има прекини во извршувањето на функцијата судија, која не ја врши ниту сега.
Постапката за избор на нов државен јавен обвинител започна со огласот што го распиша Собрание на Република Северна Македонија на 12 јануари годинава, со рок за пријавување од 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник“. Кандидатите мора да имаат најмалку 10 години непрекинат стаж како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право.
Согласно Законот за Јавното обвинителство, кандидатурите се доставуваат до Владата, која бара мислење од Советот на јавните обвинители. Советот има рок од 15 дена да достави образложени мислења. Доколку не даде позитивно мислење за ниеден кандидат, Владата не може да утврди предлог и му предлага на Собранието распишување нов оглас. За избор на нов државен јавен обвинител се потребни најмалку 61 глас од пратениците.

