Македонија
10 нови случаи на Ковид-19, почина пациент од Струмица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.960 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на Ковид-19, од кои пет во Скопје, четири во Тетово и еден во Битола.
Регистрирани се 5 оздравени пациенти од: Скопје – 3 и по еден од Крива Паланка и Берово.
Регистриран е и еден починат пациент од Струмица (64) во болнички услови.
Направените 2.960 теста се преку: ИЈЗ – 102, ЦЈЗ Скопје – 50, ЦЈЗ Битола – 32, ЦЈЗ Прилеп – 27, ЦЈЗ Тетово – 16, ЦЈЗ Куманово – 17, ГОБ „8 Септември“ – 7, Институт за микробиологија – 23, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 67, „Авицена“ – 253, „Биотек“ – 174, „Систина“ – 96, лабораторија „Лаор“ – 158, „Синлаб“ – 17, „Ремедика“ – 21, „Плодност“ – 18, „Генеа“ – 10, „Никоб лаб“ – 704, „ВФВ медикал“ – 35, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.133.
Досега во земјата се направени вкупно 903.125 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 155.770, бројката на оздравени пациенти е 150.123, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 160.
Според епидемиолошките анализи, дистрибуцијата по градови во моментот е следна:
Скопје 68.698, Активни 58
Куманово 8.884, Активни 11
Прилеп 8.328, Активни 5
Тетово 7.278, Активни 38
Битола 6.310, Активни 6
Велес 5.474, Активни 2
Гостивар 5.185, Активни 4
Кавадарци 5.155, Активни 2
Охрид 5.021, Активни 11
Штип 4.960, Активни 0
Струмица 4.123, Активни 5
Струга 2.982, Активни 1
Кочани 2.792, Активни 0
Кичево 2.600, Активни 13
Гевгелија 2.195, Активни 0
Неготино 2.184, Активни 0
Свети Николе 1.524, Активни 0
Ресен 1.234, Активни 0
Крива Паланка 1.227, Активни 0
Радовиш 1.161, Активни 0
Берово 1.032, Активни 2
Делчево 973, Активни 0
Дебар 942, Активни 1
Виница 886, Активни 0
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 667, Активни 0
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 359, Активни 0
Пехчево 269, Активни 1
Македонска Каменица 249, Активни 0
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре променливо облачно време со температура до 11 степени
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено во источните делови и во Пелагонија, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури. Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има нови врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег.
Потоа во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
Уапсени осум возачи за возење без возачка, со забрана и под дејство на алкохол
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода осум возачи, од кои седум за возење без возачка дозвола и еден со забрана за управување возило од Б категорија и под дејство на алкохол, соопшти МВР.
Двајца возачи во Скопје и по еден возач во Прилеп, Неготино, Тетово, Кочани и Делчево управувале возило без возачка дозвола. Додека еден возач во Виница управувал возило иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија и под дејство на алкохол.
Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, велат од МВР.
Македонија
Општина Центар објави јавен повик за ангажирање лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби
Општина Центар објави јавен повик за ангажирање лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во рамки на проектот „Образование за сите“, за учебната 2025/2026 година.
Право на пријавување имаат лица со најмалку завршено средно образование. Предност имаат кандидати со соодветно високо образование, претходно искуство во работа со деца со попреченост или лиценца за личен асистент, како и долгорочно невработени лица, млади до 29 години, лица над 50 години, самохрани родители и родители на деца со попреченост.
„Ангажманот на личниот асистент подразбира директна поддршка на ученикот во текот на наставниот ден. Поддршката вклучува помош при следење на наставата, движење низ училиштето, комуникација со соучениците и наставниците и други активности во согласност со индивидуалните потреби на ученикот“, вели градоначалникот Горан Герасимовски.
Избраните кандидати ќе бидат ангажирани како лични асистенти во основните училишта на територија на општината, со скратено работно време од 20 часа неделно, во период од четири месеци, почнувајќи од март 2026 година до крајот на актуелната учебна година.
За ангажманот е предвиден паричен надоместок во висина од 15.000 денари (нето) месечно.
Пријавувањето се врши во Архивата, барака 6, секој работен ден од 9 до 15 часот.
Јавниот повик трае пет работни дена од денот на неговото објавување и е достапен на општинската веб-страницата и на огласните табли во основните училишта на територија на општината.

