Македонија
104 нови случаи на Ковид-19, починаа 13 лицa
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 918 тестирања, а регистрирани се 104 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-53, Куманово-8, Штип-2, Прилеп-13, Тетово-3, Струга-1, Битола-1, Кавадарци-2, Гостивар-1, Гевгелија-1, Крива Паланка-4, Радовиш-1, Крушево-2, Кочани-6, Виница-3, Свети Николе-1, Неготино-2.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 539 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје-283, Куманово-18, Штип-3, Прилеп-36, Тетово-7, Струга-31, Велес-7, Битола-17, Охрид-50, Кавадарци-25, Гостивар-9, Гевгелија-6, Струмица-6, Крива Паланка-3, Кочани-10, Пробиштип-2, Берово-4, Валандово-2, Кратово-2, Свети Николе-2, Кичево-5, Неготино-11.
Починати се 13 лица – четворица пациенти од Скопје (78, 66, 71 и 68), четворица од Прилеп (80, 57, 80 и 50), еден пациент од Велес (74), еден од Охрид (67), еден од Кавадарци (62), еден од Пробиштип (72) и еден пациент од Неготино (78). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86.597, бројката на оздравени пациенти е 67.992, на починати е 2.635, а бројот на активни случаи изнесува 15.970. Од вчерашната статистика се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 37.515, активни 9.794
• Куманово 4.890, активни 466
• Дебар 683, активни 136
• Штип 3.382, активни 183
• Прилеп 4.383, активни 357
• Тетово 4.875, активни 693
• Струга 2.094, активни 204
• Велес 2.868, активни 382
• Битола 3.113, активни 376
• Охрид 2.564, активни 399
• Кавадарци 2.289, активни 478
• Гостивар 3.455, активни 424
• Гевгелија 1.217, активни 212 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 208 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2.390, активни 432
• Крива Паланка 676, активни 102
• Радовиш 649, активни 74
• Крушево 174, активни 23
• Кочани 1.656, активни 164
• Пробиштип 462, активни 31
• Демир Хисар 238, активни 29
• Македонски Брод 230, активни 13
• Пехчево 165, активни 22
• Берово 543, активни 64
• Валандово 319, активни 32
• Виница 466, активни 65
• Делчево 683, активни 204 (187 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 201, активни 14
• Свети Николе 1.052, активни 65
• Кичево 1.612, активни 174
• Ресен 669, активни 114
• Неготино 1.084, активни 244 (173 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 918 теста се преку: ИЈЗ – 168, ЦЈЗ Скопје – 83, „Авицена“ – 0, „Биотек“ – 94, МАНУ – 72, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 208, „Систина“ со PCR-метода -2 43, лабораторија „Лаор“ – 0, Судска медицина – 0, ЦЈЗ Битола – 0, Инфективна клиника – 1, ГАК – 0, „Синлаб“ – 0, „Ремедика“ – 0, лабораторија во болницата во Козле – 0, ЈЗУ (рапид-тест) – 49, УК Пулмологија со алергологија – 0, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 418.130 тестирања на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.
Македонија
(Видео) Филипче: Врските на Стоиљковиќ со Москва и кинеските кредити се сериозен сигнал
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, оцени дека пораките упатени од највисоката адреса на Алијансата се јасни и недвосмислени и директно се однесуваат на актуелната влада. Филипче вели дека врските на вицепремиерот Иван Стоиљковиќ со структури блиски до Москва како и кинеските кредити претставуваат сериозен сигнал за загриженост.
„Фактот дека вториот човек во Владата има отворени контакти со лица и организации кои се во директна комуникација со Кремљ, во време кога Русија води агресија врз Украина, е нешто што не може да се игнорира“, нагласи Филипче.
Тој посочи и на финансиските аранжмани на Владата, потенцирајќи дека заемот од една милијарда евра преку Унгарија, за кој европските институции во свој извештај нотирале дека станува збор за средства со кинеско потекло, отвора сериозни прашања.
„Кога на тоа ќе се додадат и кинеските пари кои пристигнаа преку заемот од Унгарија, станува јасно дека станува збор за политики кои испраќаат погрешни сигнали во рамки на Алијансата. Нашиот одбранбен чадор знае точно какви политики води оваа влада и јасно укажува на нив“, истакна Филипче.
Македонија
Утре променливо облачно време со температура до 17 степени
Утре претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, информира УХМР.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

