Македонија
11 починати и 632 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 6.531 тест, а регистрирани се 632 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 470, Охрид – 35, Прилеп – 25, Кавадарци и Штип по 17, Струмица – 14, Велес – 10, Гевгелија – 9, Кичево – 5, Неготино – 4, Куманово – 3, Тетово, Битола, Гостивар, Струга, Крива Паланка, Дебар, Валандово и Богданци по 2 и по еден заразен од Кочани, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Делчево, Виница и Пробиштип.
Во текот на изминатото деноноќие пријавени се 7 починати лица: по двајца починати од Скопје (68 и 76 години) и Битола (40 и 75 години) и по едно починато лице од Прилеп (67), Охрид (72) и Крушево (74). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, регистрирани се и 4 смртни случаи во периодо од 20. декември до 5. јануари. Пријавените починати се од Прилеп, Кратово, Дебар и Гостивар, на возраст од 69 до 87 години. Од пријавените 2 лица се починати во болнички и 2 во домашни услови.
Во последните 24 часа регистрирани сe и 248 оздравени пациенти од: Скопје – 142, Битола – 22, Кавадарци – 13, Охрид – 10, Прилеп – 7, Куманово – 6, Штип, Струмица, Велес и Гевгелија по 5, Валандово, Ресен и Македонски Брод по 4, Тетово, Богданци и Берово по 3, Дојран – 2 и по еден оздравен од Кичево, Неготино, Струга, Кочани и Делчево.
Направените 6.531 тест се преку: ИЈЗ-93, ЦЈЗ Скопје-59, ЦЈЗ Куманово-399, Судска медицина-1, Институт за микробиологија–158, Жан Митрев (Филип Втори)-223, Биотек-222, Систина-220, лабораторија Лаор-52, Никоб лаб-1.735, ВФВ Медикал-209, Рапид Лаб–265, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.895.
Досега во земјата се направени вкупно 1.648.399 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 232.068, бројот на оздравени пациенти е 214.506, на починати е 8.023, а бројот на активни случаи изнесува 9.539.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 103316, Активни 5558
Куманово 13320, Активни 213
Тетово 11513, Активни 112
Прилеп 11197, Активни 546
Битола 9905, Активни 755
Гостивар 8153, Активни 79
Кавадарци 7665, Активни 301
Велес 7625, Активни 162
Охрид 7082, Активни 396
Штип 6901, Активни 175
Струмица 6442, Активни 214
Кичево 4393, Активни 101
Кочани 4167, Активни 71
Струга 3983, Активни 54
Гевгелија 3069, Активни 162
Неготино 2690, Активни 71
Свети Николе 2172, Активни 29
Крива Паланка 1995, Активни 50
Ресен 1948, Активни 104
Радовиш 1853, Активни 60
Делчево 1501, Активни 48
Берово 1491, Активни 12
Дебар 1464, Активни 6
Виница 1191, Активни 13
Пробиштип 1162, Активни 20
Валандово 1079, Активни 66
Кратово 795, Активни 6
Богданци 712, Активни 36
Демир Хисар 663, Активни 27
Крушево 645, Активни 44
Македонски Брод 558, Активни 23
Демир Капија 440, Активни 7
Македонска Каменица 432, Активни 8
Пехчево 363, Активни 4
Дојран 183, Активни 6
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Сарај и Илинден денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 13:00 часот, дел од корисниците од село Кондово, општина Сарај;
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. 534 и ул. 531 во село Марино, општина Илинден.
Македонија
На Табановце се чека до половина час за влез во државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за влез во државата е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
СДСМ: Демографија не се подобрува со кампањи, туку со квалитетен животен стандард и јасна перспектива за младите

„Наместо да создава услови младите да останат тука и да формираат семејства, Мицкоски ги брка од државата со зголемување на сиромаштијата и нееднаквоста, без да понуди каква било јасна перспектива за државата. Денес, младиот човек во Македонија е оставен без иднина. Стандардот е уништен. Платите се недоволни, а Мицкоски се заканува со нови даноци. Со вакви политики, за кратко време, тој ќе ги избрка сите од државата“, велат од СДСМ.
„Наместо да понуди современа, хумана и искрена поддршка за младите семејства, тој вели дека ќе ги едуцирал за „семејните вредности“. Демографијата не се решава со кампањи за „семејни вредности“, туку со стабилни и добро платени работни места, достапно и квалитетно здравство и сигурна социјална заштита.
Младите не бегаат затоа што не сакаат да создадат семејство, туку затоа што не можат да си го дозволат. Тоа е директен резултат на промашените и класично десничарски политики на оваа влада. Стандардот е намален за 20%, се богати само елитата околу Мицкоски, а за останатите граѓани нема никаква корист од владините политики.
Ако навистина сакаше да се раѓаат деца во Македонија, ќе се грижеше најпрво нивните родители да бидат сигурни и да ја гледаат својата иднина тука. Таква политика од Мицкоски нема“, соопшти СДСМ.