Македонија
11 починати и 843 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени вкупно 3.519 тестирања, а регистрирани се 843 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 360, Прилеп – 66, Неготино – 54, Куманово – 51, Кавадарци – 44, Струмица – 33, Велес – 30, Тетово – 26, Охрид – 25, Гевгелија – 22, Крива Паланка – 20, Гостивар – 18, Кочани – 16, Штип – 12, Богданци – 11, Битола – 9, Крушево – 8, Кичево и Пробиштип по 6, Струга – 5, Ресен и Демир Капија по 4, Валандово и Демир Хисар по 3, Свети Николе, Берово и Кратово по 2 и еден во Македонски Брод.
Регистрирани се 333 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 115, Кавадарци – 64, Неготино – 26, Прилеп – 25, Тетово – 18, Куманово – 15, Велес и Гевгелија по 10, Штип и Струмица по 9, Гостивар, Битола, Дебар и Берово по 4, Кочани и Крушево по 3, Кичево и Кратово по 2 и по еден во Охрид, Ресен, Делчево, Валандово, Богданци и Демир Капија.
Пријавени се вкупно 11 починати лица – 5 пациенти од Скопје (77, 73, 63, 63 и 39 години), по 2 пациенти од Кавадарци (77 и 71 година) и од Неготино (77 и 63 години) и по еден пациент од Куманово (75) и Кочани (72). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Направени се 3.519 теста преку: ИЈЗ – 818, ЦЈЗ Скопје – 75, „Авицена“ – 308, „Биотек“ – 306, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 176, „Систина“ – 306, лабораторија „Лаор“ – 248, Судска медицина – 12, ЦЈЗ Битола – 98, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, „Синлаб“ – 59, „Ремедика“ – 21, лабораторија во болницата во Козле – 18, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.056, УК Пулмологија со алергологија – 2 и ГОБ „8 Септември“ – 15.
Досега во земјата се направени вкупно 537.024 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 106.110, бројката на оздравени пациенти е 94.275, на починати е 3.176, а бројот на активни случаи изнесува 8.659.
Според досега завршените епидемиолошки анализи ова е статистиката по градови. За секој град првин се наведени бројките на нови случаи, а потоа и вкупниот број активни случаи:
Скопје 360, активни 3.988
Куманово 51, активни 349
Прилеп 66, активни 704
Тетово 26, активни 254
Гостивар 18, активни 159
Штип 12, активни 105
Велес 30, активни 243
Кавадарци 44, активни 539
Битола 9, активни 188
Охрид 25, активни 428
Струмица 33, активни 182
Струга 5, активни 168
Кочани 16, активни 100
Кичево 6, активни 44
Неготино 54, активни 305
Гевгелија 22, активни 255
Свети Николе 2, активни 21
Крива Паланка 20, активни 126
Ресен 4, активни 50
Дебар, активни 17
Делчево, активни 65
Радовиш, активни 10
Берово 2, активни 28
Пробиштип 6, активни 37
Виница, активни 23
Валандово 3, активни 35
Крушево 8, активни 81
Богданци 11, активни 62
Кратово 2, активни 26
Демир Хисар 3, активни 25
Македонски Брод 1, активни 5
Демир Капија 4, активни 30
Македонска Каменица, активни 2
Пехчево, активни 4
Дојран, активен 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска Давкова објави дека се фотографираше со Доналд и Меланија Трамп

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на својот Фејсбук-профил објави дека ѝ претставувало чест да присуствува на приемот што го приредија претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и неговата сопруга Меланија Трамп, по повод 80. Генерално собрание на Обединетите нации.
Во објавата таа истакна дека во овие турбулентни времиња е важно да не се отстапува од демократските вредности и да се работи заеднички на зачувување на глобалниот мир и безбедност, додавајќи дека САД остануваат искрен сојузник на Македонија.
„Благодарност за гостопримството!“, напиша Сиљановска Давкова.
Македонија
Филипче: Ѓубрето во Скопје е исклучиво одговорност на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Сoцијалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во одговор на новинарски прашања поврзани со најновите анкети кои се појавија во јавноста, а кои наводно укажуваат на слаб резултат на СДСМ, остро ги отфрли ваквите наративи, оценувајќи ги како намерен обид да се искриви реалната слика во општеството.
„Прво, анкетите сметам дека се обид да се искриви вистинската слика во секојдневниот живот и реалноста, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ според наши анализи губи огромен број на гласови. Сакаат да створат некаква перцепција дека се победници, меѓутоа вистината е дека граѓаните воопшто не се задоволни од начинот како тие ги раководат општините“, рече Филипче.
Во одговорот, Филипче посочи дека токму локалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ во изминативе четири години е најсилниот аргумент против нив, особено во главниот град.
„Еве, 90% од општините во Скопје, вклучувајќи и градот Скопје, се раководени од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 4 години. Па гледајте во каков град, какви општини живееме. Така што сметам дека е тоа само еден таков обид“, рече Филипче.
На новинарско прашање за хаосот со ѓубрето, запуштените улици и урбаната запоставеност на градот, Филипче директно ја посочи одговорноста кон ВМРО ДПМНЕ.
„Исклучиво и ексклузивно вината е во ВМРО-ДПМНЕ, во блокадите на Советот во Град Скопје, во рамките на раководењето на нивните општини. Еве, видете како е несредено, неискосено, неисчистено и во Аеродром, и во Кисела Вода. И сега тие луѓе повторно претендираат да бидат градоначалници“, рече Филипче.
Тој додаде дека оваа очајна слика е резултат на неработење и неодговорност на ВМРО ДПМНЕ, а дека пуштањето на анкети со однапред нарачани резултати е обид за одбрана од вистината.
„И во една таква ситуација, кога луѓето се свесни дека тие луѓе немале никаков перформанс, и сега се повторно кандидати, сè што можат во овој предизборен период е да пуштат такви лажни анкети“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Македонија
Пожарите стивнаа, остана само еден активен

На територијата на државата денеска до 18:00 часот има два пожари на отворен простор, од кои еден пожар е активен и еден е изгаснат, информираат до ЦУК.
Активен е пожарот во Општина Демир Капија, кај м.в. Јаворица каде гори нискостеблеста деградирана шума.
Изгаснат е пожарот во село Дедели, во Општина Валандово, каде гореше депонија.