Македонија
111 санкции за брзо возење во Куманово
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/101km.jpg)
Денеска од 12.00 до 17.00 часот на територијата на Куманово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 111 возачи. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, информира МВР.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од сообраќајната полиција апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Променливо облачно, во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/05/oblacno-2.jpg)
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во раните утрински часови со услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. UV=7
Во Скопје, ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и град. Услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има и во раните утрински часови. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Во среда и во четврток времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Потоа се очекува стабилно и потопло време.
Македонија
Без вода, делови од Општина Ѓорче Петров
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/voda-chesma.jpg)
ЈП Водовод и канализација известува дека денеска поради уличен дефект од Ф-400мм на ул.1670 во Ново Село, прекинато водоснабдување од 09,00 часот ќе имаат корисниците од ул.Лука Геров, Ново Село, Стопански двор, Кисела Јабука, Волково, Орман, Никиштани Општина Ѓорче Петров.
Македонија
(Видео) Со два хеликоптера на МВР изгаснат пожарот во Крушевско
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-01-215151.jpg)
Денеска, два хеликоптера од Одделот за воздухопловни единици го изгаснаа шумскиот пожар кој попладнево изби во атарот на крушевското село Пуста Река.
„По добиено барање од ЦУК, на пожарот двата хеликоптера исфрлија над 40 тона вода и во координација со пожарникарите, пожарот е целосно изгаснат“, соопшти МВР..