Македонија
126 санкции за брзо возење на територија на Куманово
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/полиција.jpeg)
Само во текот на денешниот ден, од 11.00 до 16.00 часот на територијата на Куманово санкционирани се 126 возачи кои возеле со поголема брзина од дозволената. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, информира МВР.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Оттука, од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот, а патиштата да бидат посигурни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Гори стан во Скопје, пожарни се упатија кон местото, извести ЦУК
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/pozarna-pozar.jpg)
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов извести дека гори стан во зграда кај старо матично.
„Од 112 добиена е пријава дека има пожар во стан на посочената адреса. Локацијата е улица Виа Игнација 8, Скопје. Известени се екипи од Територијална противпожарна бригада на Град Скопје“, информира Ангелов.
Македонија
Падна дел од фасада на зграда во Аеродром
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/dozd-aerodrom.jpg)
Центарот за управување со кризи извести дека на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 добиена е пријава за штета, односно паднат дел од фасада на зграда на булеварот Јане Сандански, број 38, во скопски Аеродром.
Силниот ветер попладнево направи хаос во Скопје. Паднати се дрвја, има оштетени возила, откачени лимови, искинати кабли од бандери.
Во центарот на градот, на булеварот Свети Климент Охридски, дрво падна врз жена.
Македонија
Трипуновски: Ги потпишав сите заостанати договори и документи во Министерството
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/tripunovski-c-1.jpg)
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска ги потпиша сите заостанати договори и документи кои предолго чекаа за потпис.
„Ги потпишав сите оние договори и документи кои долго стоеле по фиоките во кабинетите на Министерството за кои претходната гарнитура не нашла време или пак не сакала да ги потпише од причини само за нив јасни“, изјави Трипуновски.
Ова е само најава на тоа што следува и во која насока ќе се движи Министерството во иднина, со зголемен ангажман, побрза реакција и поголема грижа за македонските земјоделци, се наведува во соопштението на МЗШВ.
„Ја намалуваме бирократијата и ги забрзуваме процесите и постапките бидејќи македонските земјоделци треба да се посветат само на производството“, заврши Трипуновски.