Македонија
13 починати од Ковид-19 и 495 новозаразени во последните 24 часа
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 4.145 тестирања, а регистрирани се 495 нови случаи на Ковид-19 од кои во Скопје – 228, Кавадарци – 30, Велес – 27, Битола – 24, Штип – 21, Прилеп – 20, Куманово – 17, Крива Паланка – 13, Кочани – 12, Тетово – 11, Кичево, Гевгелија и Берово по 10, Неготино – 7, Охрид и Валандово по 6, Пробиштип – 5, Гостивар, Свети Николе, Радовиш и Ресен по 4, Струга, Делчево и Демир Хисар по 3, Струмица, Виница, Кратово, Богданци и Дојран по 2 и по еден заразен во Крушево, Македонска Каменица и Пехчево.
Во текот на изминатото денониќие пријавени се 13 починати лица, односно тројца починати од Скопје (63, 81 и 86 години), двајца починати од Куманово (63 и 74 години) и по едно починато лице од Прилеп (98), Битола (61), Велес (36), Кавадарци (73), Охрид (69), Кочани (69), Пробиштип (63) и Крива Паланка (73). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe и 308 оздравени пациенти од Скопје – 143, Куманово – 28, Велес – 21, Прилеп – 17, Штип – 15, Битола – 14, Крива Паланка – 12, Кавадарци – 11, Струмица – 10, Кочани – 7, Кичево – 5, Радовиш, Делчево, Виница и Кратово по 3, Неготино, Пробиштип и Ресен по 2 и по еден во Тетово, Гевгелија, Валандово, Свети Николе, Струга, Демир Хисар и Богданци.
Направените 4.145 тестови се преку: ИЈЗ-301, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-63, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–66, ЦЈЗ Куманово-56, УК Пулмологија со алергологија –2, Институт за микробиологија–229, Жан Митрев (Филип Втори)-53, Авицена-201, Биотек-224, Систина-59, лабораторија Лаор-161, Синлаб-24, Ремедика-15, Плодност–43, Генеа-11, Никоб лаб-639, ВФВ Медикал-84, Ели Медика-54, Ројал Медика –30, Спектра-ММ-9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.695.
Досега во земјата се направени вкупно 1.382.675 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 202.203, бројот на оздравени пациенти е 188.332, на починати е 7.121, а бројот на активни случаи изнесува 6.750.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 88493, Активни 3340
Куманово 12260, Активни 422
Тетово 11014, Активни 142
Прилеп 9478, Активни 279
Гостивар 8004, Активни 26
Битола 7443, Активни 245
Велес 6813, Активни 348
Кавадарци 6303, Активни 248
Охрид 6166, Активни 214
Штип 6160, Активни 214
Струмица 5910, Активни 120
Кичево 4102, Активни 73
Струга 3842, Активни 45
Кочани 3571, Активни 180
Гевгелија 2561, Активни 88
Неготино 2387, Активни 48
Свети Николе 2013, Активни 84
Крива Паланка 1648, Активни 146
Радовиш 1601, Активни 53
Ресен 1594, Активни 50
Дебар 1453, Активни 3
Берово 1252, Активни 35
Делчево 1167, Активни 44
Виница 1091, Активни 37
Пробиштип 1022, Активни 67
Валандово 858, Активни 27
Кратово 650, Активни 33
Богданци 586, Активни 24
Крушево 549, Активни 14
Демир Хисар 491, Активни 40
Македонски Брод 477, Активни 2
Демир Капија 410, Активни 1
Македонска Каменица 361, Активни 45
Пехчево 323, Активни 5
Дојран 150, Активни 8
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

