Македонија
13 починати и 14 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.489 тестирања, а регистрирани се 14 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 10 и по еден случај во Куманово, Кавадарци, Ресен и Македонски Брод.
Регистрирани се 103 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 40, Струмица – 8, Куманово и Кавадарци по 7, Охрид и Виница по 6, Прилеп и Кратово по 4, Велес, Свети Николе, Радовиш и Берово по 3, Битола – 2 и по еден во Штип, Кочани, Кичево, Неготино, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип.
Пријавени се вкупно 13 починати лица – по 3 од Скопје (61, 76 и 86) и Гостивар (63, 69 и 83), по едно лица од Струмица (80), Кавадарци (86), Прилеп (70), Кочани (76), Тетово (68), Гевгелија (50) и Валандово (72). Од пријавените, 5 лица се починати во домашни, а другите 8 во болнички услови.
Направени се 1.489 теста преку: ИЈЗ – 76, ЦЈЗ Битола – 28, ГОБ „8 Септември“ – 5, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 104, „Авицена“ -159, „Биотек“ – 345, „Систина“ – 121, „Ремедика“ – 30, „Плодност“ – 44, „Никоб лаб“ – 9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 568.
Досега во земјата се направени вкупно 779.581 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.071, бројката на оздравени пациенти е 147.043, на починати е 5.342, а бројот на активни случаи изнесува 2.686.
Според епидемиолошки анализи, дистрибуцијата по градови во моментот е следна:
Скопје 68.413, активни 1.087
Куманово 8.806, активни 251
Прилеп 8.283, активни 117
Тетово 7.207, активни 103
Битола 6.286, активни 181
Велес 5.466, активни 65
Гостивар 5.164, активни 42
Кавадарци 5.151, активни 31
Охрид 4.994, активни 180
Штип 4.956, активни 49
Струмица 4.106, активни 68
Струга 2.979, активни 65
Кочани 2.785, активни 45
Кичево 2.550, активни 73
Гевгелија 2.189, активни 23
Неготино 2.182, активни 20
Свети Николе 1.522, активни 32
Ресен 1.234, активни 34
Крива Паланка 1.219, активни 6
Радовиш 1.150, активни 54
Берово 1.027, активен 1
Делчево 971, активни 24
Дебар 939, активни 5
Виница 881, активни 41
Пробиштип 789, активни 10
Валандово 665, активни 3
Богданци 494, активни 4
Крушево 489, активни 22
Демир Хисар 397, активни 18
Демир Капија 396, активни 0
Кратово 373, активни 16
Македонски Брод 359, активни 3
Пехчево 268, активен 1
Македонска Каменица 249, активни 12
Дојран 132, активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Изгореа викендица и куќа, се запали оџак: три интервенции на струмичките пожарникари
Струмичките пожарникари денеска уште во раните утрински часови имаа три интервенции.
Во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена викендица, интервенирано со едно противпожарно возило и 4 пожарникари-спасители и ТППЕ Берово со едно противпожарно возило и 4 пожарникари-спасители.
Во 08.12 часот, на улица Бетовенова, запалена куќа, интервенирано со три противпожарни возила и 8 пожарникари-спасители.

Во 09.48 часот, во село Муртино, запален оџак, интервенирано со едно противпожарно возило и 4 пожарникари-спасители.

„Во случај на пожар или друга природна непогода повикај 112 или 193“, апелираат струмичките пожарникари.
Македонија
Хоџа-Јаупај: Јакнење на координираната заштита на прекуграничните подрачја
Во рамки на Министерскиот форум за Коридор 8 во Тирана, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, се сретна со министерот за животна средина на Албанија, Софјан Јаупај.
Министерот Хоџа на средбата ја истакнал важноста од заедничка координација во заштитата на прекуграничните подрачја и во спроведувањето на европските стандарди за зачувување на биодиверзитетот и справување со климатските предизвици.
Тој нагласил дека регионалната соработка е клучна за обезбедување одржлив развој и за забрзување на европската интеграција на земјите од регионот.
„На средбата се разговараше за зајакнување на соработката меѓу двете земји во областа на заштитата на животната средина, управувањето со природните ресурси, третманот на отпадот, како и за унапредување на заедничките проекти во рамки на европската зелена агенда. Министерот Јаупај изрази подготвеност за продлабочување на институционалното партнерство и за реализација на конкретни иницијативи што ќе придонесат за подобрување на квалитетот на животната средина и животот на граѓаните во двете земји“, соопшти Министерството.
Двајцата министри се согласиле соработката да се интензивира преку размена на искуства, заеднички проекти и координација во регионални и меѓународни форуми, со цел заштита на животната средина и промоција на одржлив развој во регионот.
Македонија
„Парите за боледувања доцнат – дали Клековски манипулира дека се редовни или фондот е празен“, прашува Левица
„Изминатиот период сѐ повеќе граѓани нѐ информираат дека одреден период Фондот за здравствено осигурување не врши навремена исплата на средства кои им следуваат по основ на привремена спреченост за работа поради болест, а кои средства за многумина претставуваат единствен извор на приход во периодот додека се на боледување и им се нужно неопходни“, велат од партијата Левица.
„Пред само два месеци, од страна на Фондот информираа дека исплати од нивна страна се вршат редовно, а денес се поставува прашањето дали директорот Сашо Клековски ја манипулира јавноста за постигнатото на сметка на граѓаните кои се наоѓаат во незавидна позиција, или пак касата на Фондот не располага со доволно средства за навремено сервисирање на обврските?
Правото на надоместок за спреченост од работа поради болест е законско право и не е привилегија, туку основна социјална и работничка гаранција која треба да обезбеди сигурност на работникот во период кога е здравствено ранлив и привремено неспособен за работа, а во време кога инфлацијата расте, а Владата ги занемарува барањата за зголемување на платите, ваквото доцнење претставува дополнителен удар врз работниците и зголемен ризик по нивното здравје.
Затоа, бараме одговори од Фондот, кога ќе ги исплати работниците кои се на боледување, и дали поради неодговорно работење немаат доволно средства за редовно сервисирање на обврските кон граѓаните“, прашуваат од партијата Левица.

