Македонија
14 години затвор за возачот на автобусот на „Дурмо турс“, 4 години за сопственикот на компанијата
Првообвинетиот Дурмиш Белули е осуден на казна затвор во траење од четири години, второобвинетиот Ремзи Мифтари е осуден на казна затвор шест години, обвинетите Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Бобаровски судот ги осуди на казна затвор во траење по пет години, а возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, на казна затвор од 14 години.
Во случајот беа обвинети сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и тројцата вработени во станицата за технички преглед – Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Бобаровски, кои се товарат за соучество во истото дело.
Одбраната на обвинетите во завршните зборови потенцира дека во доказната постапка не се докажало тоа што им се става на товар на секој од обвинетите посебно и побараа ослободителна пресуда.
Јавниот обвинител Дарко Јакимовски побара најстрога казна бидејќи, според него, кај сите обвинети постоела безобѕирност во постапувањето и било прашање на време само по која основа, како што рече, „хаосот на работењето може да резултира со вакви или слични последици“.
Најстрога казна тогаш побараа и оштетените, родители и роднини на загинатите во сообраќајната несреќа.
Процесот го водеше судијката Дијана Груевска-Илиевска.
Во автобуската несреќа, која се случи во 2019 година, животот го загубија 16 патници, а над 30 беа повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

