Македонија
Регистрирани вкупно 23 починати и 467 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.512 тестирања, а регистрирани се 467 нови случаи на Ковид-19, од кои во Скопје – 245, Куманово – 47, Велес – 27, Прилеп – 21, Кавадарци – 17, Кичево – 13, Кочани – 12, Битола – 11, Крива Паланка – 9, Охрид – 8, Тетово и Струмица по 6, Штип, Радовиш и Валандово по 5, Кратово и Крушево по 4, Гостивар, Гевгелија и Демир Хисар по 3, Неготино, Делчево, Пробиштип и Македонски Брод по 2 и по еден заразен во Струга, Свети Николе, Берово, Богданци и Македонска Каменица.
Во текот на изминатите 24 часа пријавни се и 14 починати лица, од кои петмина од Скопје (73, 72, 70, 61 и 57 години), по двајца починати од Тетово (88 и 72 години) и Кратово (73 и 66 години), како и по еден починат од Демир Капија (69), Прилеп (90), Радовиш (55) и Штип (74). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште 9 починати лица, со датум на смрт од 8 до 28 септември годинава. Починати се по 2 лица од Гостивар, Струмица и Тетово и по едно од Скопје, Струга и Кавадарци, на возраст од 64 до 86 години. Од пријавените лица 5 се починати во домашни, а 4 лица во болнички услови.
Во изминатите 24 часа регистрирани сe и 496 оздравени пациенти од: Скопје – 269, Куманово – 51, Струмица – 23, Велес – 21, Прилеп – 20, Битола и Тетово по 15, Штип – 14, Кавадарци и Кичево по 11, Радовиш, Гостивар и Свети Николе по 6, Крива Паланка, Гевгелија и Виница по 4, Пробиштип и Ресен по 3, Кочани и Делчево по 2 и по еден од Охрид, Валандово, Неготино, Македонски Брод, Македонска Каменица и Дојран.
Направените 3.512 тестови се преку: ИЈЗ-294, ЦЈЗ Скопје-55, ЦЈЗ Битола-72, ЦЈЗ Прилеп-57, ЦЈЗ Тетово–42, ЦЈЗ Куманово-60, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-16, УК Пулмологија со алергологија – 5, Институт за микробиологија–2, Жан Митрев (Филип Втори)-78, Авицена-187, Биотек-265, Систина-114, лабораторија Лаор-144, Синлаб-24, Ремедика-29, Плодност–46, Генеа-10, Никоб лаб-426, ВФВ Медикал-48, Ели Медика-60, Ројал Медика –11, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.465.
Досега во земјата се направени вкупно 1.282.666 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 190.463, бројката на оздравени пациенти е 171.871, на починати е 6.630, а бројот на активни случаи изнесува 11.962.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 82847, Активни 5596
Куманово 11303, Активни 937
Тетово 10803, Активни 918
Прилеп 9014, Активни 294
Гостивар 7952, Активни 478
Битола 7057, Активни 273
Велес 6179, Активни 324
Охрид 5915, Активни 522
Кавадарци 5870, Активни 216
Струмица 5700, Активни 284
Штип 5665, Активни 217
Кичево 3948, Активни 410
Струга 3775, Активни 365
Кочани 3218, Активни 148
Гевгелија 2395, Активни 78
Неготино 2309, Активни 38
Свети Николе 1874, Активни 107
Ресен 1528, Активни 90
Радовиш 1506, Активни 92
Дебар 1447, Активни 113
Крива Паланка 1409, Активни 88
Берово 1206, Активни 29
Делчево 1118, Активни 68
Виница 1022, Активни 47
Пробиштип 909, Активни 35
Валандово 811, Активни 31
Кратово 555, Активни 54
Богданци 545, Активни 12
Крушево 526, Активни 19
Македонски Брод 466, Активни 28
Демир Хисар 435, Активни 23
Демир Капија 409, Активни 6
Пехчево 312, Активни 4
Македонска Каменица 296, Активни 18
Дојран 139, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Донесени пресуди за случајот „Премин“, обвинителството најави жалба
Денеска, во Основниот кривичен суд Скопје, беше објавена неправосилна пресуда во предметот со кодно име „Премин“, застапуван од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Обвинителството за гонење на организиран и корупција. Во предметот беа опфатени повеќе царински службеници од Царинските испостави Ново Село и Дојран. Со пресудата, дванаесет обвинети лица се огласени за виновни за сторени кривични дела Примање поткуп и Злоупотреба на службената положба и овластување.
Четворица обвинети се осудени на ефективни казни затвор во траење од една година и шест месеци до три години, додека на останатите осум лица им се изречени условни осуди.
Четворица обвинети на почетокот на главната расправа го признаа делото и тогаш судот ги осуди на ефективни казни затвор во траење од 2 години до 2 години и 8 месеци.
Воедно, на 14 лица во предметот осудени за кривичното дело Примање поткуп судот им изрече и казна забрана за вршење на должност на службено лице, во времетраење од две до осум години, индивидуално определена за секој од нив.
Предлогот на обвинителството за одземање и конфискување на имотната корист прибавена со кривично дело беше делумно прифатен од страна на судот и паричните средства се вратени на еден од обвинетите.
Останатите привремено одземени парични средства пронајдени при извршените претреси се одземени и тоа 18.230 евра, 263.210,00 денари, 4860 швајцарски франци, 443 американски долари, 20 британски фунти, 200 украински гривни, 102 бугарски лева и 100 турски лири, како и 36 штеки цигари.
Обвинителството незадоволно од висината на казните и од висината на одземените парични средства најавува дека ќе го искористи правото на изјавување на правен лек по писмено добивање на пресудата.
Истражната постапка за овој случај беше отворена во октомври 2024 година кога беше спроведена полициска акција под кодно име „Премин“ поради основано сомнение дека обвинетите распоредени во Царинските испостави Ново Село и Дојран, во временскиот период од 21.03.2023 година до 15.10.2024 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.
Тие искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, при вршење на царински прегледи на стоката што се увезувала во државата преку граничните премини, од превозниците на стоката директно барале и примале парични средства за себе во износи од по 20, 50, 70, 100 и 150 евра, за да не извршат службено дејствие што морале да го извршат.
Македонија
Поранешен градоначалник на Росоман исплатил личен долг од 500.000 денари од општинскиот буџет
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Н.(29) од Росоман поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Според информациите на МВР, во периодот од август 2024 година до септември 2025 година, С.Н. во својство на градоначалник на општина Росоман, во два наврати ги пречекорил границите на службеното овластување и од Буџетот на општина Росоман противправно биле прибавени парични средства во вкупен износ од околу 500.000 денари, кои биле присилно наплатени од извршител за личен долг на С.Н..
Македонија
Гаши на работна средба во МАНУ
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, одржа работна средба во Македонската академија на науките и уметностите, со претседателот Живко Попов, како и со други претставници на Академијата.
„На средбата се разговараше за значењето на поактивното вклучување на Академијата во стратешките процеси на развој на државата, особено во креирањето политики и во обезбедувањето стручна поддршка при институционалното одлучување“, соопштија од Собранието.
Исто така, Гаши информирал за вчерашната одлука усвоена на седница, со која е овластен, како претседател на Собранието, да склучи поединечен колективен договор со претседателот на синдикалната организација на Академијата.
Тој изразил подготвеност за поддршка на сите иницијативи што ја зајакнуваат улогата на науката и уметноста во развојот на државата.

