Македонија
15 починати и 396 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.192 тестирања, а регистрирани се 396 нови случаи на Ковид-19, и тоа: во Скопје-198, Куманово-12, Штип-12, Прилеп-14, Тетово-18, Струга-9, Велес-13, Битола-14, Охрид-11, Кавадарци-13, Гостивар-7, Гевгелија-4, Струмица-13, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Крушево-3, Кочани-6, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Делчево-10, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-11, Ресен-8, Неготино-6 и еден во Пехчево.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 442 оздравени пациенти, и тоа: од Скопје-229, Куманово-17, Штип-7, Прилеп-39, Тетово-14, Велес-17, Битола-11, Кавадарци-28, Гостивар-13, Гевгелија-8, Струмица-6, Крива Паланка-9, Радовиш-4, Кочани-10, Македонски Брод-1, Пехчево-5, Берово-5, Валандово-2, Виница-3, Кратово-3, Кичево-5, Ресен-2, Неготино-3 и еден од Демир Хисар.
Починати се 15 лица – четворица пациенти од Скопје (82, 70, 85 и 75 години), еден од Куманово (60), еден од Велес (62), еден од Охрид (61), тројца пациенти од Кавадарци (77, 90 и 51 година), тројца од Гостивар (73, 67 и 33 години) и двајца од Виница (54 и 83 години). Од нив двајца се починати вон, другите во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87.986, бројката на оздравени пациенти е 69.137, на починати е 2.672, а бројот на активни случаи изнесува 16.177. Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот статистиката по градови е следна:
• Скопје 38.165, активни 9.928
• Куманово 4.951, активни 470
• Дебар 695, активни 139
• Штип 3.417, активни 204
• Прилеп 4.430, активни 325
• Тетово 4.925, активни 702
• Струга 2.115, активни 185
• Велес 2.908, активни 380
• Битола 3.152, активни 371
• Охрид 2.614, активни 425
• Кавадарци 2.350, активни 465
• Гостивар 3.504, активни 439
• Гевгелија 1.234, активни 207 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 210 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2.443, активни 453
• Крива Паланка 697, активни 99
• Радовиш 665, активни 76
• Крушево 184, активни 31
• Кочани 1.673, активни 153
• Пробиштип 471, активни 36
• Демир Хисар 239, активни 29
• Македонски Брод 234, активни 15
• Пехчево 173, активни 25
• Берово 554, активни 65
• Валандово 323, активни 32
• Виница 472, активни 62
• Делчево 708, активни 229 (188 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 206, активни 14
• Свети Николе 1.060, активни 71
• Кичево 1.641, активни 191
• Ресен 688, активни 125
• Неготино 1.095, активни 231 (174 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2.192 теста се преку: ИЈЗ – 538, ЦЈЗ Скопје – 78, „Авицена“ – 226, „Биотек“ – 180, МАНУ – 108, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 112, „Систина“ со PCR-метода – 191, лабораторија „Лаор“ – 75, Судска медицина – 3, ЦЈЗ Битола – 71, Инфективна клиника – 3, „Синлаб“ – 30, „Ремедика“ – 19, ЈЗУ (рапид-тест) – 554, УК Пулмологија со алергологија – 4. Досега во земјата се направени вкупно 425.888 тестирања на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.

