Македонија
15 починати и 46 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.487 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 27, Куманово – 8, Охрид и Струга по 2 и по еден случај во Прилеп, Битола, Кочани, Кичево, Делчево, Виница и Крушево.
Регистрирани се 89 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 51, Куманово – 9, Кочани, Струмица и Радовиш по 3, Кичево, Тетово, Велес, Штип и Ресен по 2 и по еден од Охрид, Битола, Виница, Гостивар, Кавадарци, Свети Николе, Пробиштип, Богданци, Демир Капија и од Македонска Каменица.
Пријавени се вкупно 15 починати лица: 7 лица од Скопје (48, 57, 64, 85, 91, 91 и 93), по едно лице од Куманово (68), Тетово (69), Велес (61), Штип (65), Битола (61), Кавадарци (82), Богданци (62) и Валандово (85). Од пријавените, 4 лица се починати во домашни, а другите 11 во болнички услови.
Направени се 3.487 теста преку: ИЈЗ – 356, ЦЈЗ Скопје – 61, ЦЈЗ Битола – 61, ЦЈЗ Прилеп – 37, ЦЈЗ Тетово – 16, Судска медицина – 8, лабораторија во болницата во Козле – 10, ГОБ „8 Септември“ – 7, Институт за микробиологија – 95, МАНУ – 58, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 399, „Авицена“ – 721, „Биотек“ – 584, „Систина“ – 218, лабораторија „Лаор“ – 323, „Синлаб“ – 51, „Ремедика“ – 51, „Плодност“ – 50, „Генеа“ – 32, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 349.
Досега во земјата се направени вкупно 769.471 тестирање на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 154.982, бројката на оздравени пациенти е 146.721, на починати е 5.280, а бројот на активни случаи изнесува 2.981.
Според епидемиолошките анализи, дистрибуцијата по градови во моментот е следна:
Скопје 68.370, Активни 1.172
Куманово 8.803, Активни 285
Прилеп 8.281, Активни 131
Тетово 7.196, Активни 106
Битола 6.283, Активни 212
Велес 5.463, Активни 71
Гостивар 5.162, Активни 53
Кавадарци 5.149, Активни 39
Охрид 4.995, Активни 189
Штип 4.956, Активни 55
Струмица 4.105, Активни 80
Струга 2.978, Активни 72
Кочани 2.782, Активни 49
Кичево 2.545, Активни 77
Гевгелија 2.190, Активни 29
Неготино 2.182, Активни 23
Свети Николе 1.521, Активни 37
Ресен 1.233, Активни 37
Крива Паланка 1.219, Активни 8
Радовиш 1.149, Активни 59
Берово 1.027, Активни 6
Делчево 971, Активни 31
Дебар 939, Активни 6
Виница 876, Активни 47
Пробиштип 789, Активни 14
Валандово 665, Активни 5
Богданци 493, Активни 3
Крушево 489, Активни 23
Демир Хисар 397, Активни 20
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 374, Активни 22
Македонски Брод 358, Активни 3
Пехчево 267, Активни 2
Македонска Каменица 247, Активни 15
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува засилен ветер од северен правец
Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено во источните делови и во Пелагонија. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури. Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има нови врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег. Потоа во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.

