Македонија
Втората регионална конференција на најдобри наставници на поранешна Југославија се одржа во Будва
Втората регионална конференција на најдобри наставници на поранешна Југославија под мотото „Светот на образование ги брише границите“ се одржа во Будва од 30 мај до 2 јуни во организација на Асоцијацијата на најдобри наставници од поранешна Југославија.
Основачи на асоцијацијата се Весела Богдановиќ од Македонија и Жељана Р. Лукиќ, двете финалистки на Global Teacher Prize во изминатите години. На конференцијата имаше 230 наставника, дел од нив се претставија со постер презентации, а 15 наставника говорници предложија идеи за реформи во образованието.
Поддржани од Бирото за развој и Министерството за образование и наука и амбасадорот на асоцијата од „Просветно дело“, Ксенија Маказлиева-Трајчева, нашите 50-ина претставници од Македонија беа дел од оваа конференција. Меѓу презентерите се најдоа и две наши претставнички од Македонија, меѓу кои и Билјана Лазареска од ООУ„ Вера Јоциќ“ Скопје, Гази Баба.

„Премногу сум задоволна што бев дел од оваа конференција. Беше убаво и корисно да се слушнат различни идеи и искуства од колегите од поранешна Југославија. Како член на оваа асоцијација можам да истакнам дека конечно вистинските добија вистински признанија. Како дел од реформите во образованието јас одбрав да зборувам за карактерното образование во редовната настава.
Зошто го одбрав токму ова ? Бидејќи нашата најголема мисија на овој свет е како да се биде подобар човек. Кој е одговорен за тоа? Колку ние како луѓе сме се прашале себеси кои се нашите најпозитивни карактеристики? Доколку сме искрени треба да ги откриеме и нашите послаби страни од карактерот за да можеме целоживотно да се подготвуваме да бидеме колку што можеме подобри. Најдобрите ние, тоа е всушност и поентата на човековото живеење. Секој ден, на 100 различни начини нашите ученици нè прашуваат безброј прашања и нивното однесување рефлектира најчесто од начинот на кој сме им одговориле и времето што сме им го посветиле“, рече таа.
Според мене, додаде, децата би ни биле бескрајно благодарни доколку ги одгледаме и воспитаме во здрави личности кои ќе умеат правилно да се однесуваат и да комуницираат секојдневно со светот што ги опкружува.
„Развивањето на карактерните вредности кај децата е клучно за успешност во процесот на учење, но и за водење среќен живот, особено храброст, правдољубивост, чесност, сочувство, благодарност, емпатија, интегритет и почит“, истакна Лазареска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

