Македонија
168 новозаразени и тројца починати од Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на Kовид-19, и тоа во: Скопје – 83, Куманово – 8, Дебар – 2, Штип – 6, Прилеп – 3, Тетово – 26, Струга – 5, Битола – 2, Охрид – 8, Гостивар – 8, Крива Паланка – 1, Крушево – 1, Кочани – 1, Пробиштип – 2, Македонски Брод – 1, Свети Николе – 4, Кичево – 6 и Ресен – 1.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени лица, и тоа од: Скопје – 48, Тетово – 18 и по еден во Велес, Гостивар, Кочани и во Ресен.
Починати се 3 лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Гостивар.
На Клиниката за инфективни болести починале двајца пациенти на возраст од 66 и 70 години. Во болницата „8 Септември“ почината е пациентка на 63 години по приемот, а кај која вирусот е потврден посмртно.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 7.572, бројката на оздравени пациенти е 3.624, на починати – 362, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.586. Од вчерашните тестови два се контролни, а во моментот статистиката за активни случаи по градови е следна:
• Скопје – 3.656, активни 1.928
• Куманово – 818, активни 179
• Дебар – 120, активни 67
• Штип – 411, активни 166
• Прилеп – 289, активни 58
• Тетово – 831, активни 351
• Струга – 288, активни 187
• Велес – 198, активни 36
• Битола – 65, активни 24
• Охрид – 218, активни 189
• Кавадарци – 22, активни 15
• Гостивар – 188, активни 115
• Гевгелија – 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица – 18, активни 10
• Крива Паланка – 18, активни 12
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 8, активни 4
• Кочани – 76, активни 17
• Пробиштип – 30, активни 19
• Демир Хисар – 3, активни 2
• Македонски Брод – 7, активни 5
• Пехчево – 6, активни 2
• Берово – 3, активни 0
• Валандово – 6, активни 2
• Виница – 4, активен 1
• Делчево – 1, активни 0
• Кратово – 6, активни 3
• Свети Николе – 58, активни 51
• Кичево – 58, активни 49
• Ресен – 129, активни 88
• Неготино – 21, активни 3 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега направени се вкупно 72.690 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 62, а нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 20 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 2 деца позитивни и 3 суспектни на вирусот.
Во болницата „8 Септември“ примени се 16 нови, со што вкупно хоспитализирани се 94 пациенти. На респираторна машина се 4 лица.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 44, а во болницата во Штип – 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и во Струмица хоспитализирани се 110 пациент позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Во согласност со новите податоци статистиката на активни случаи во скопските општини е следна:
• Чаир – 360
• Аеродром – 166
• Бутел – 156
• Гази Баба – 210
• Центар – 156
• Карпош – 153
• Сарај – 140
• Кисела Вода – 114
• Ѓорче Петров – 111
• Студеничани – 121
• Шуто Оризари – 89
• Арачиново – 46
• Илинден – 34
• Петровец – 18
• Чучер Сандево – 18
• Сопиште – 7
• Зелениково – 13
• Странец – 5
• Нераспределен – 11
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

