Контакт

Македонија

21 декември неработен за граѓаните од турската заедница

Објавено пред

Mинистерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека во согласност со Законот за празниците на РМ, 21 декември 2020 година (понеделник) е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница во Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Овој датум се одбележува како Ден на настава на турски јазик.

Воедно, Министерството на граѓаните од турската заедница им го честита Денот на наставата на турски јазик.​



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Аврамоска Ѓореска: Со усвојувањето на измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, решаваме клучно прашање за безбедноста на жртвите

Објавено пред

Имајќи ги предвид сѐ позачестените и брутални случаи на семејното насилство кои се случуваат во нашето опкружување, Либерално-демократската партија предлага изменување и дополнување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, со кој ќе се доуреди привремената мерка забрана за приближување на сторителите до жртвите.

dobivaj vesti na viber

Промената на законот се предлага поради потребата за подобрување на механизмите за заштита на жртвите на семејно насилство, имајќи ја предвид сериозноста на последиците кои може да ги има насилството врз жртвата.

Промената ќе значи покрај забраната за приближување, сторителот да има електронска нараквица која ќе ја предупредува жртвата дека сторителот се приближува до одредено место, односно на оддалеченост помала од 100 метри. Оваа мерка ќе ја зголеми заштитата на жртвата и ќе ја намали можноста за повторно изложување на насилство.

„Во време кога жените од ден во ден трпат сѐ поголемо насилство, од клучна важност е на нив да им обезбедиме начин како да се заштитат и себе и блиските од насилниците. Во рамки на кампањата на Обединетите Нации, ’16 дена активизам против родово базирано насилство’, Форумот на жени на ЛДП подготви предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Доколку успееме да најдеме начин и ги усвоиме овие измени, ќе решиме голем проблем и ќе воведеме конкретно системско решение кое ќе се однесува на сите прекршители на законот, истовремено зголемувајќи ја безбедноста на жртвите“, изјави претседателката на Форумот на жени на ЛДП, Билјана Аврамоска Ѓореска.

Претходно, ЛДП и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство ГЛАС ПРОТИВ НАСИЛСТВО – Скопје потпишаа Меморандум за соработка, кој опфаќа взаемна поддршка во процесот на законско дорегулирање на заштитата на жртвите од насилство, како и организирање на заеднички настани, трибини и преземање на други активности за подигнување на јавната свест за потребата од превенирање и санкционирање на насилството врз жените и семејното насилство.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Николовски: ДПМНЕ со партиски членови сака контрола над прислушувањето

Објавено пред

СДСМ најостро ја осудува и се спротивставува на скандалозната партизација на Советот за граѓански надзор на комуникациите којшто на најбрутален начин го прави ДПМНЕ. Ова тело ја контролира работата на институциите кои ги следат комуникациите, прислушувањата и постапува во претставки доколку некој е прислушуван, истакна на денешната прес-конференција Љупчо Николовски, пратеник на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Наместо да биде составено од компетентни и непартиски експерти, ДПМНЕ го претвора во инструмент на партиска контрола комуникации и прислушувањето. Предложениот претседател и дел од членовите се долгогодишни партиски активисти на ДПМНЕ, што целосно ја урива довербата во ова тело кое треба да е независно. Принципите на транспарентност, експертиза и независност ДПМНЕ ги погази тотално, избира хард кор партиски кадри со што прави дрска партизација. Илче Димовски, претседател на УМС Битола, секретар на Општинскиот комитет на ДПМНЕ во Битола. Сега ДПМНЕ го предлага како кандидат од НВО, скандалозно.
Мирче Стојков, поранешен претседател на Општинскиот комитет на ДПМНЕ во Кочани и актуелен советник во советот од ДПМНЕ. Исто така.
Никола Затуровски – организациски секретар на ДПМНЕ. Ова се партиските кадри кои ДПМНЕ сака да ги протне и ова е силен удар за демократијата и човековите права“, додава пратеникот на СДСМ.


ДПМНЕ, според него, ги загрозува демократските процеси и капацитет на институциите и повторно се обидува да воспостави контролата врз прислушувањето.

„Со грубо кршење на сите процедури, без соодветна подготовка и материјали, протна партиски кадри за членови на Советот, игнорирајќи ги обврските за избор на лица од невладиниот сектор и експерти.

Со ваков чист партиски состав, кој е зависен од една партија, се отвора простор за злоупотреби и загрозување на приватноста на граѓаните.

ДПМНЕ покажува дека има намера повторно да го злоупотребува инструментот за прислушувањата, исто како за време на режимот кога беа прислушувани над 20.000 граѓани.

СДСМ се бореше да го сруши тој недемократски систем, и заедно со граѓаните успеавме, а по демократските промени спроведовме реформа на целокупниот сегмент“, нагласи Николовски.

Бараат власта да се повлече и итно да се врати процедурата во рамките на законските норми и стандарди.

СДСМ, според најавите, остро ќе се спротистави и нема да дозволи партизацијата да помине.

„Ќе ја информираме целата меѓународна заедница, амбасадите и релевантните меѓународни институции за овој антидемократски потег на ДПМНЕ.

Доколку ДПМНЕ остане глува на овие предупредување ќе преземеме и порадикални мерки.

Нема да дозволиме враќање на мрачното минато каде граѓаните беа прислушувани, следени, заплашувани, нема да дозволиме партијата на власт да им го киднапира приватниот живот и да го злоупотреби“, подвлече Николовски.

Прикажи повеќе...

Скопје

Арсовска никако да сфати дека никој не и верува, граѓаните јасно и дадоа црвен картон, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

„Данела Арсовска не само што неуспешно се справува со градските проблеми, никако да сфати дека не е важна и дека никој не и верува. Граѓаните на парламентарните избори на 8 мај на Арсовска јасно и дадоа црвен картон“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Град Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Секој збор на Арсовска претставува само бесмислена апстракција и празно ветување.

Изгледа дека реформите се случуваат само во нејзината глава, таму автобусите пристигнуваат на време, граѓаните се среќни, а нејзините извинувања звучат искрено. Во меѓувреме, граѓаните продолжуваат да чекаат. Чекаат автобуси. Чекаат решенија. Чекаат да замине.

Арсовска да престане да се крие позади Град Скопје, бидејќи она што е невидливо во оваа нејзина конструкција е тоа што 500 вработени во Град Скопје секој ден се жалат на нејзиното водство.

Град Скопје не е нејзин личен инструмент за утеха на нејзините лични фрустрации.

Ова што го прави Арсовска е само драматизација. Арсовска се уште не може да го разбере главниот проблем – на скопјани им треба функционален и одговорен лидер, а не лидер со политичка импотенција“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија54 минути

Гаши за уставните измени до Нова година: Собранието е спремно да ја почне процедурата веднаш штом ќе има политички договор

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека измените за внесување на Бугарите во Уставот во Собранието ќе поминат многу лесно,...

Европа2 часа

(Видео) Експлозии во Киев, нападната е Одеса, огромен руски напад

Експлозии утрово одекнаа во украинските градови Одеса, Кропивницки, Харков, Ривне и Луцк, објавија украинските медиуми Зеркало Тижња и Суспилне, наведувајќи...

Македонија2 часа

Изградил хотел во Скопската чаршија, надградил ходници, скали, рецепција, и тоа без одобрение за градење: поднесено обвинение против инвеститор

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење...

Скопје3 часа

Мицкоски, ако јас сум кума на хаосот, ти си гробарот на јавниот превоз, реагира Арсовска

„Реформата на јавниот сообраќај што ја споменуваш, „патриоту“ Мицкоски, ја вети заедно со мене пред скопјани, ти ја саботираш таа...

Македонија3 часа

Филипче: Почнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации

Со изборот на новото раководство, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија влегува во ново поглавје на своето политичко делување. Во тимот на...

Европа4 часа

Поранешен шеф на МИ6: Европа е во војна со Русија

Европа во моментов не е во предвоена ситуација, туку во војна против Русија, изјави вчера за Скај њуз поранешниот директор...

Европа5 часа

Пред заминувањето Бајден планира да испрати уште еден голем пакет воена помош за Украина

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден подготвува пакет оружје за Украина во вредност од 725 милиони долари, изјавија денеска двајца...

Европа6 часа

Шефот на германското разузнавање: НАТО може да го активира членот 5 поради руските саботажи

Руската саботажа на западни цели на крајот може да го поттикне НАТО да размисли за повикување на клаузулата за заемна...

Свет6 часа

Маск го критикува начинот на кој функционира Европската Унија

Илон Маск ја критикуваше Европската комисија, нарекувајќи го телото „недемократско“, што е последна во серијата негови јавни критики на институциите...

Македонија15 часа

Филипче за новото раководство: нова визија за позитивни промени во СДСМ

Новиот состав на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз вечерва ја одржа првата седница на којашто беше избрано партиското раководство „Вечерва...

Економија23 часа

Трендафилов: Со мизерни плати работниците имаат пари само за билет во еден правец, и тоа надвор од Македонија

Главна причина поради која има недостиг на работна сила во земјата се ниските плати и злоупотребите што ги прават газдите...

Македонија23 часа

Дурмиши сака минималната плата да биде 600 евра, но ќе преговара за 450 на почетокот на декември

Во буџетот има пари за зголемување на минималната плата и во декември, како што бара Синдикатот, покрај законското зголемување од...

Македонија1 ден

Tаравари колабирал и бил пренесен во болница

Министерот за здравство Арбен Таравари објави дека колабирал и завршил во болница откога вчера се споделуваше информација дека доживеал срцев...

Македонија1 ден

Една година од убиството на Вања

Денес, се навршува една година од убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. Во тек е судскиот процес, кој треба...

Македонија1 ден

„Влен“ јавно ги прашува ДУИ и Ахмети: Зошто сета оваа носталгија за Груевски?

„На Блерим Ќосето Беџети сите дела му излегуваат на мејдан! Срамот почна да го обзема, а сега се обидува да...

Македонија1 ден

Заев е единствениот политичар од Западен Балкан што Меркел го споменала во мемоарите, пишува германски новинар

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев е единствениот жив политичар од Балканот кого поранешната германска канцеларка Ангела Меркел експлицитно го споменува...

Европа1 ден

Медведев: Мојата тажна шега изгледа се претвора во застрашувачка реалност

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик-шеф на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев испрати предупредување до САД во објава на...

Свет1 ден

Телата на девојките што починаа од сомнително труење во Лаос пристигнаа во Австралија

Семејствата на двете австралиски тинејџерки кои починаа од сомнително труење со метанол во Лаос, ја коментираа веста дека осум лица...

Свет1 ден

Еден ден по несреќата во Црвеното Море, пронајдени пет преживеани

Египетските спасувачи пронајдоа четири тела и пет преживеани вчера, за време на потрагата во Црвеното Море, еден ден откако потона...

Свет1 ден

Макрон гледа шанса за стабилност во Либан во договорот за прекин на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон го опиша договорот за прекин на огнот меѓу Израел и либанската милиција Хезболах како можност за...