Македонија
21 нов случај на Ковид-19, пријавени се 2 починати лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 773 тестови, а регистриран е 21 нов случај на Ковид-19: Скопје – 9, Битола – 5, Кавадарци и Охрид – по 2, Штип, Кичево и Делчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (21), регистрирани се 5 реинфекции.
Регистриран e 71 оздравен пациент од: Битола – 21, Скопје – 16, Кавадарци и Охрид – по 7, Кичево – 5, Прилеп и Берово – по 4, Куманово – 2, Штип, Кочани, Неготино, Ресен и Демир капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин дополнително регистрирани се 2 починати лица од Скопје (66г) и Штип (80г). Лицата се починати во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 29.4.-1.5.2022 година.
Направени се 773 тестови преку: ИЈЗ-87, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-4, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-28, Авицена-22, Биотек-26, Систина-20, лабораторија Лаор-23, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-12, Генеа-0, Никоб лаб-114, ВФВ Медикал-24, Ели Медика плус-3, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид лаб–5, Жан Митрев Струмица–4, Нова лаб дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 400.
Досега во земјата се направени вкупно 2.023.422 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.790, бројот на оздравени пациенти е 299.936, на починати е 9.282, а бројот на активни случаи изнесува 572.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 145626, Активни 280
Куманово 16632, Активни 6
Битола 15372, Активни 130
Прилеп 14150, Активни 24
Тетово 13449, Активни 8
Кавадарци 10641, Активни 17
Велес 9762, Активни 6
Гостивар 9579, Активни 6
Охрид 8845, Активни 17
Струмица 8056, Активни 8
Штип 8029, Активни 17
Кичево 5622, Активни 12
Кочани 5074, Активни 2
Струга 4716, Активни 2
Гевгелија 4401, Активни 3
Неготино 3678, Активни 2
Ресен 2718, Активни 5
Свети Николе 2626, Активни 2
Радовиш 2528, Активни 0
Крива Паланка 2413, Активни 0
Делчево 1976, Активни 6
Дебар 1673, Активни 0
Берово 1658, Активни 11
Валандово 1485, Активни 0
Виница 1391, Активни 3
Пробиштип 1266, Активни 1
Богданци 1019, Активни 0
Кратово 965, Активни 2
Крушево 926, Активни 0
Демир Хисар 830, Активни 2
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 523, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 346, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Алжир, Абделмаџид Наaмун
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Народна Демократска Република Алжир, со седиште во Букурешт, Абделмаџид Наaмун.
Неговото именување, како што рече претседателката, е уште една потврда за добрите македонско-алжирски односи, втемелени на заемно разбирање и почит.
За неа, посветениот и професионален ангажман на амбасадорот Наамун ќе придонесе кон продлабочување на пријателските и партнерски односи на билатерален и мултилатерален план.
Истакнувајќи дека обете држави имаат богата историја и вредно културно наследство, Сиљановска-Давкова очекува интензивирање на соработката во културата, образованието и туризмот, како и во рамките на ООН и другите меѓународни организации.
На церемонијата, новоименуваниот амбасадор Абделмаџид Наaмун ја истакна својата желба да гради нови мостови на пријателство и меѓусебно разбирање.
Двајцата изразија загриженост за геополитичките предизвици со коишто се соочени сите држави и народи, без оглед на географската положба и големина. Тие ја потенцираа потребата од мултилатерализам како соодветен одговор и механизам за решавање на проблемите.
Сиљановска-Давкова и амбасадорот Наамун се согласија дека донесувањето правна рамка за регулирање на меѓусебните односи, како и размената на посети на највисоко ниво ќе ја поттикат соработката.
Соговорниците имаа усогласен став и во однос на потребата од реформи во Обединетите нации, како и за неопходноста од назначување на жена на највисоката позиција – генерален секретар.
Македонија
Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е значајна победа за правната држава
За првпат и самиот обвинител го признава тоа што целата јавност го кажуваше: дека Јавното обвинителство не може да продолжи да функционира со изгубен легитимитет, под товар на политички влијанија и со селективна правда, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Фактот што оваа оставка доаѓа дури сега, а не уште од првиот ден кога беше очигледно дека институцијата е компромитирана, само дополнително ја потврдува длабочината на проблемот и обидите со месеци да се одржи статус кво кое служеше на поранешната власт. Со оваа оставка се става крај на еден мрачен период, во кој обвинителството беше перципирано како партизиран механизам, а не како независна институција во служба на законот“, вели тој.
Според Петрушевски, оставката е јасен сигнал за крајот на практиките на заштита на поранешната власт на СДС и ДУИ и почеток на процесот на департизација и европеизација на јавнообвинителската дејност.
„Оставката на Коцевски не е персонално, туку единствено системско решение. Ова е јасна порака дека никој не е недопирлив“, вели Петрушевски.
Македонија
Општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортски клубови
Општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортските клубови од општина Бутел.
„Локалната самоуправа секоја година ги поддржува спортските клубови и доделува спортски стипендии на најдобрите спортисти од Бутел. Во општина Бутел се градат спортско-рекреативни центри во секое населено место. Во општина Бутел вредноста на спортот и спортските успеси е најголема“, изјави градоначалникот Дарко Костовски.
Тој изрази надеж дека финансиска поддршка ќе поттикне напредок во сите спортови и спортистите ќе освојат европски и олимписки медали.

