Македонија
214 фирми се приклучија кон проектот-картичка „Мој Карпош“
214 бизниси, кои функционираат на територија на општина Карпош, се приклучија во првата фаза од проектот „Моја картичка – Мој Карпош“. Правните субјекти беа посетени од страна на претставници од Секторот за развој при Општината, при што преку пополнување соодветни обрасци се изјавуваше волја за соработка и висина на попуст за сите карпошани.
Во проектот се вклучија фирми од разни области: угостителство (кафулиња и ресторани), култура (театар), спорт (спортски сали), здравствена заштита (ординации), информатичка технологија, автомобилска индустрија и др.
Целта на овој проект е да се раздвижи економијата на локално ниво. Граѓаните жители на Карпош да купуваат и да користат услуги по пониски цени, а локалните бизниси да имаат поголема посетеност и добивка.
Во претстојниот период ќе продолжи следната фаза на проектот, каде што ќе се дефинираат критериумите за користење на картичката, изработката и другите детали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

