Македонија
22 починати и 872 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.394 тестирања, а регистрирани се 872 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 459, Прилеп – 51, Кавадарци – 35, Куманово, Битола и Охрид по 33, Тетово – 31, Гостивар – 28, Штип – 24, Неготино и Берово по 15, Велес – 14, Крива Паланка – 13, Струмица и Струга по 11, Крушево – 9, Демир Хисар – 8, Гевгелија – 7, Кочани, Радовиш и Пробиштип по 6, Кичево, Ресен и Богданци по 5, Свети Николе – 3 и во Виница, Валандово, Кратово, Демир Капија, Македонски Брод и Дојран по еден.
Регистрирани се и 412 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 179, Охрид – 44, Струга – 34, Прилеп – 33, Куманово – 23, Тетово – 18, Битола – 13, Струмица – 12, Гостивар – 10, Гевгелија – 8, Велес – 6, Штип – 5, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип по 4, Дебар и Кичево по 3, Ресен, Виница и Кратово по 2, и Неготино, Крушево и Богданци по еден.
Пријавени се вкупно 22 починати лица – 9 пациенти од Скопје (на возраст од 66, 69, 78, 87, 75, 80, 75, 70 и 73 години), 4 пациенти од Прилеп (67, 86, 89 и 45 години), двајца пациенти од Гевгелија (на возраст од 73 години) и по 1 пациент од Тетово (72), Велес (73), Охрид (79), Кочани (72), Кичево (70), Делчево (75) и Струмица (70). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Направени се 3.394 теста преку: ИЈЗ – 647, ЦЈЗ Скопје – 91, „Авицена“ – 294, „Биотек“ – 354, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 186, „Систина“ – 280, лабораторија „Лаор“ – 176, Судска медицина – 13, ЦЈЗ Битола – 70, „Синлаб“ – 64, „Ремедика“ – 30, лабораторија во болницата во Козле – 20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.167 и УК Пулмологија со алергологија – 2.
Досега во земјата се направени вкупно 548.210 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 108.350, бројката на оздравени пациенти е 95.822, на починати е 3.228, а бројот на активни случаи изнесува 9.300.
Според досега завршените епидемиолошки анализи, ова е најновата статистика по градови. Напомена дека за секој град најпрвин е наведена бројката на новозаразени, а потоа и вкупната бројка на активни случаи:
Скопје 459, активни 4.485
Куманово 33, активни 355
Прилеп 51, активни 704
Тетово 31, активни 271
Гостивар 28, активни 200
Штип 24, активни 128
Кавадарци 35, активни 531
Велес 14, активни 235
Битола 33, активни 228
Охрид 33, активни 428
Струмица 11, активни 175
Струга 11, активни 152
Кочани 6, активни 109
Кичево 5, активни 43
Неготино 15, активни 318
Гевгелија 7, активни 267
Свети Николе 3, активни 25
Крива Паланка 13, активни 127
Ресен 5, активни 64
Дебар, активни 13
Делчево, активни 45
Радовиш 6, активни 20
Берово 15, активни 44
Пробиштип 6, активни 36
Виница 1, активни 23
Валандово 1, активни 25
Крушево 9, активни 83
Богданци 5, активни 66
Кратово 1, активни 24
Демир Хисар 8, активни 31
Демир Капија 1, активни 32
Македонски Брод 1, активни 6
Македонска Каменица, активни 2
Пехчево, активни 3
Дојран 1, активни 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Матните времиња во енергетскиот сектор завршија со заминувањето на СДС во опозиција, а доказ за тоа е бегството на Васко Ковачевски заради милионски криминал

Матните времиња во енергетскиот сектор завршија со заминувањето на СДС и ДУИ во опозиција.СДС никако да се помири со фактот дека веќе се опозиција и дека не можат да местат матни тендери во енергетиката, од кои длабоко профитираа, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ.
„Ако заборавиле, да ги потсетиме, нивниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски е во бегство за сторен милионски криминал, токму од такви матни тендери договорени во четири очи.
СДС се тие коишто ЕСМ го наследиле со 20 милиони евра на сметка, а за седум години, токму поради нивните матни тендери наместени во четири очи, го оставија со минус од 80 милиони.
Договарањата зад затворени врати за лични интереси на СДС и на нив блиските, го доведе енергетскиот сектор до фаза на целосно уништување, додека нивните профитирале милиони.
Додека сега, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи Македонија да ја на направи енергетски независна и земја раскрсница за набавка и транзит на енергенси.
Дел од реализацијата на тој план е и инвестицијата на ветерниот парк на компанијата „Алказар Енерџи“ во вредност од 500 милиони долари, која претставува една од најголемите енергетски инвестиции од независноста“, се вели во партиската реакција.
Македонија
СДСМ: Дали „Алказар енерџи“ има дозвола за градба

СДСМ денеска на прес-конференција обвини дека во енергетскиот сектор се случуваат нетранспарентни зделки и побара од ВМРО-ДПМНЕ да одговори дали компанијата „Алказар енерџи“ поседува одобрение за градба.
Пратеникот Јовица Јанковиќ истакна дека јавноста не знае ништо за најавените инвестиции во енергетиката, кои, според ВМРО-ДПМНЕ, тежат над 1.5 милијарда евра. СДСМ побара конкретни информации за јавниот интерес, цената на струјата и бенефитот за граѓаните.
Јанковиќ рече дека државната ЕСМ произведува сѐ помалку струја, додека приватни компании како „Казанџи“ и „Алказар“ добиваат поголем удел, со што, според СДСМ, се загрозува јавниот интерес.
СДСМ повторно побара јавно објавување на дозволата за градба за „Алказар енерџи“ и повика надлежните институции да го истражат случајот.
Македонија
Мицкоски: Имаме 16 нови авиолинии, за повеќе од 20 проценти е зголемен број на странски туристи

Апсолутно сум задоволен. Имаме 16 нови дестинации. Буџетот за субвенционирање е зголемен на 250-260 милиони денари оваа година, а истиот ќе биде и следната година. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на субвенционираните летови.
Премиерот рече дека резултатите се видливи и во секторот туризам, бидејќи како што посочи за повеќе од 20 проценти е зголемен бројот на странски туристи во државата во првите 5 месеци од годината.
„Впрочем резултатите се гледаат и во секторот туризам, имаме повеќе од 20 проценти зголемен број на странски туристи во првите 5 месеци од годината. И ова се субвенции на доаѓање, практично на тие летови, не на заминување, и во таа насока ќе продолжиме и во периодот кој што следи“, нагласи Мицкоски.