Македонија
22 починати и 556 новозаразени од Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на Kовид-19 во Скопје-270, Куманово-24, Штип-17, Прилеп-17, Тетово-17, Струга-6, Велес-23, Битола-10, Охрид-12, Кавадарци-21, Гостивар-17, Гевгелија-6, Струмица-22, Крива Паланка-13, Радовиш-10, Кочани-14, Пробиштип-1, Македонски Брод-4, Пехчево-6, Берово-12, Валандово-1, Виница-2, Делчево-4, Кратово-5, Свети Николе-3, Кичево-12, Неготино-6 и еден во Ресен.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 404 оздравени пациенти од Скопје-204, Куманово-18, Штип-9, Прилеп-33, Велес-16, Битола-8, Охрид-1, Кавадарци-30, Гостивар-12, Гевгелија-11, Струмица-15, Крива Паланка-6, Радовиш-11, Кочани-4, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Валандово-2, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-2, Неготино-9 и еден од Виница.
Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје (84, 83, 60, 71, 66, 57, 77, 76, 80 и 74 години), еден од Куманово (77), еден од Дебар (68), еден од Штип (81), еден од Битола (69), двајца пациенти од Охрид (47 и 76 години), еден од Кавадарци (48), двајца од Гостивар (79 и 64 години), двајца од Крива Паланка (81 и 79 години) и еден пациент од Кичево (63). Од нив пет пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Министерството за здравство известува дека во денешната евиденција има 10 починати со дата на смрт од претходните денови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86.150, бројката на оздравени пациенти е 67.164, на починати е 2.614, а бројот на активни случаи изнесува 16.372. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:
• Скопје 37.326, активни 10.017
• Куманово 4.865, активни 474
• Дебар 673, активни 127
• Штип 3.368, активни 185
• Прилеп 4.346, активни 374
• Тетово 4.860, активни 715
• Струга 2.086, активни 227
• Велес 2.854, активни 388
• Битола 3.106, активни 405
• Охрид 2.543, активни 429
• Кавадарци 2.255, активни 469
• Гостивар 3.456, активни 443
• Гевгелија 1.208, активни 214 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 207 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2.382, активни 435
• Крива Паланка 665, активни 104
• Радовиш 644, активни 71
• Крушево 169, активни 18
• Кочани 1.653, активни 181
• Пробиштип 460, активни 33
• Демир Хисар 239, активни 30
• Македонски Брод 227, активни 13
• Пехчево 165, активни 24
• Берово 543, активни 75
• Валандово 318, активни 37
• Виница 460, активни 60
• Делчево 681, активни 202 (183 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 200, активни 15
• Свети Николе 1.050, активни 66
• Кичево 1.612, активни 184
• Ресен 665, активни 114
• Неготино 1.071, активни 243 (173 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2.953 теста се преку: ИЈЗ-444, ЦЈЗ Скопје-172, Авицена-325, Биотек-289, МАНУ-124, Жан Митрев (Филип Втори)-198, Систина со PCR метода-343, лабораторија Лаор-121, ЦЈЗ Битола-71, Инфективна клиника-4, Синлаб-58, ЈЗУ (рапид тест)-795, УК Пулмологија со алергологија-9. Досега во земјата се направени вкупно 414.757 тестирања на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

