Македонија
26 починати и 489 новозаразени од Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.892 тестирања, а регистрирани се 489 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 230, Куманово – 28, Штип – 7, Прилеп – 21, Тетово – 18, Струга – 15, Велес – 11, Битола – 13, Охрид – 26, Кавадарци – 18, Гостивар – 16, Гевгелија – 14, Струмица – 18, Крива Паланка – 6, Радовиш – 6, Крушево – 4, Кочани – 8, Пробиштип – 2, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 1, Пехчево – 4, Валандово – 5, Виница – 3, Кратово – 2, Свети Николе – 2, Кичево – 2, Ресен – 4, Неготино – 3 и еден во Делчево.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 748 оздравени пациенти од Скопје – 349, Куманово – 29, Штип – 12, Прилеп – 57, Тетово – 27, Струга – 22, Велес – 28, Битола – 36, Охрид – 40, Кавадарци – 22, Гостивар – 19, Гевгелија – 9, Струмица – 11, Крива Паланка – 7, Радовиш – 3, Кочани – 12, Пробиштип – 4, Берово – 7, Валандово – 2, Виница – 3, Делчево – 11, Свети Николе – 10, Кичево – 10, Ресен – 6 и Неготино – 11 и еден од Крушево.
Починати се 26 лица, девет пациенти од Скопје (69, 58, 71, 60, 49, 74, 44, 66 и 89 години), двајца од Куманово (60 и 46 години), еден од Штип (61), тројца од Прилеп (72, 88 и 63 години), еден од Струга (69), двајца од Велес (61 и 72 години), двајца од Битола (52 и 75 години), еден пациент од Охрид (84), еден од Гостивар (54), еден од Струмица (71), еден од Берово (79), еден од Делчево (66) и еден пациент од Кичево (51). Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 80.896, бројката на оздравени пациенти е 58.182, на починати е 2401, а бројот на активни случаи изнесува 20313. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:
• Скопје 34.919, активни 11.553
• Куманово 4.605, активни 566
• Дебар 605, активни 129
• Штип 3.240, активни 317
• Прилеп 4.077, активни 641
• Тетово 4.686, активни 933
• Струга 1.972, активни 347
• Велес 2.680, активни 529
• Битола 2.947, активни 624
• Охрид 2.322, активни 574
• Кавадарци 2.010, активни 572
• Гостивар 3.323, активни 619
• Гевгелија 1.112, активни 301 (75 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 188 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2.238, активни 636
• Крива Паланка 590, активни 118
• Радовиш 598, активни 128
• Крушево 160, активни 70
• Кочани 1.569, активни 253
• Пробиштип 440, активни 49
• Демир Хисар 231, активни 40
• Македонски Брод 210, активни 30
• Пехчево 137, активни 20
• Берово 485, активни 54
• Валандово 296, активни 67
• Виница 438, активни 67
• Делчево 662, активни 206 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 189, активни 22
• Свети Николе 1030, активни 128
• Кичево 1.545, активни 257
• Ресен 617, активни 134
• Неготино 963, активни 329 (152 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.892 теста се преку: ИЈЗ-403, ЦЈЗ Скопје-47, Авицена-144, Биотек-100, МАНУ-114, Жан Митрев (Филип Втори)-97, Систина со PCR метода-139, лабораторија Лаор–19, Судска медицина-83, ЦЈЗ Битола-34, Инфективна клиника-5, ГАК-15, Синлаб-26, Ремедика-8, ЈЗУ (рапид тест)-656, УК Пулмологија со алергологија–2. Досега во земјата се направени вкупно 390.377 тестирања на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

