Македонија
279 санкции за брзо возење
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/01/soobrakaec-radar-brzo-vozenje.jpg)
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 279 возачи, извести МВР.
„Од нив, седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 143 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 136 надвор од населено место“, соопшти Министерството и додаде дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Министерот Мисајловски се сретна со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/misajlovski-filipidu-1.jpg)
Министерот за одбрана Владо Мисајловски попладнево во Министерството за одбрана оствари средба со амбасадорката на Грција, Н.Е. Софија Филипиду и одбранбеното аташе полковникот Константинос Самарас.
На средбата министерот Мисајловски истакна дека ќе се заложи на интензивирање на билатерална одбранбена соработка со Грција како наш НАТО сојузник и сосед со кој имаме заедничка визија за мирот, безбедноста и стабилноста на регионот и Алијансата.
Македонија
МЖСПП: Средба на министерот Меџити со амбасадорот Бомгартнер
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Baumgartner1.jpeg)
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити оствари средба со амбасадорот на Република Франција во земјава, Н.Е.Сирил Бомгартнер,
Министерот Меџити му се заблагодари на амбасадорот Бомгартнер за помошта што Северна Македонија континуирано ја добива од Република Франција на патот кон пристапувањето во Европската Унија.
Францускиот амбасадор Бомгартнер потенцираше дека францускиот предлог ги отвора европските перспективи на Северна Македонија и воопшто не е штетен за државата.
Исто така, во разговор министерот Меџити му ги презентираше на амбасадорот Бомгартнер проектите што Министерството за животна средина и просторно планирање планира да ги реализира.
Францускиот амбасадор му честиташе на министерот Меџити за должноста во новата Влада како прв заменик претседател и министер и изрази подготвеност за соработка за доброто на државата и граѓаните.
Македонија
Таравари именуваше нови медицински директори во неколку клиники
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/taravari-2.jpg)
Повеќе јавни здравствени установи добија нови в.д. директори
Министерот за здравство д-р Арбен Таравари именуваше нови в.д. медицински директори на следните јавни здравствени установи:
Универзитетска клиника за уво нос и грло – д-р Игор Камшикоски
Универзитетска клиника за дерматологија – д-р Катерина Дамевска
Универзитетски институт за радиологија – д-р Соња Николова
Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – д-р Ирена Алексиоска-Папастиев
Универзитетска клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболични нарушувања – д-р Танер Хасан
Универзитетска клиника за психијатрија – д-р Славица Арсова-Хаџиангелковска
Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија – д-р Мери Трајковска
Универзитетска клиника за нефрологија – д-р Никола Ѓоргиевски
Универзитетска клиника за ревматологија – д-р Емилија Сандевска
Универзитетска клиника за физикална медицина и рехабилитација – д-р Злате Мехмедовиќ
Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – д-р Небојша Настов
Општа болница „Д-р Ферид Мурад” Гостивар – д-р Арѓент Муча