Македонија
256 новозаразени и 31 смртен случај, меѓу кои и лице на 18-годишна возраст
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.778 тестирања, а регистрирани се 256 нови случаи на Ковид-19, од кои во Скопје – 160, Куманово – 32, Прилеп – 9, Охрид – 8, Кавадарци, Струмица и Струга по 6, Битола и Ресен по 5, Крива Паланка – 4, Велес – 3, Тетово, Гостивар и Кичево по 2 и по еден во Штип, Свети Николе, Дебар, Радовиш, Кратово и Македонски Брод.
Пријавени се 31 починато лице, од кои деветмина од Скопје (86, 78, 75, 71, 70, 65, 59, 56 и 46 години), шестмина од Гостивар (83, 73, 71, 65, 65 и 60 години), по 3 починати лица од Тетово (68, 67 и 62 години), Куманово (84, 78 и 72 години) и Струмица (72, 68 и 54 години), 2 починати лица од Кичево (55 и 49 години) и по еден починат од Битола (81), Велес (76), Гевгелија (18), Дебар (62) и Македонски Брод (38).
Од пријавените, 27 се починати во болнички услови и 4 во домашни услови.
Регистрирани сe 545 оздравени пациенти, и тоа: од Скопје – 172, Тетово – 171, Гостивар – 50, Кавадарци – 18, Кичево – 16, Прилеп и Битола по 12, Струмица, Штип и Свети Николе по 10, Ресен – 8, Крива Паланка – 6, Велес, Радовиш, Делчево и Кратово по 5, Пробиштип и Македонски Брод по 4, Неготино и Берово по 3, Охрид, Струга, Кочани, Гевгелија, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица по 2 и по еден во Виница и Валандово.
Направените 2.778 теста се преку: ИЈЗ – 65, ЦЈЗ Скопје – 56, ЦЈЗ Битола – 32, ЦЈЗ Прилеп – 18, ЦЈЗ Куманово – 27, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 78, „Авицена“ – 131, „Биотек“ – 140, „Систина“ – 80, „Синлаб“ – 9, „Плодност“ – 40, „Никоб лаб“ – 606, „ВФВ медикал“ – 63, „Ели медика“ – 71, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.362.
Досега во земјата се направени вкупно 1.206.597 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 181.875, бројката на оздравени пациенти е 162.060, на починати е 6.184, а бројот на активни случаи изнесува 13.631.
Според епидемиолошките анализи, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 78.536, Активни 5.919
Тетово 10.606, Активни 1.283
Куманово 10.597, Активни 883
Прилеп 8.768, Активни 269
Гостивар 7.831, Активни 789
Битола 6.828, Активни 274
Велес 5.870, Активни 228
Охрид 5.664, Активни 550
Кавадарци 5.585, Активни 200
Струмица 5.399, Активни 576
Штип 5.394, Активни 220
Кичево 3.758, Активни 522
Струга 3.692, Активни 613
Кочани 3.038, Активни 98
Гевгелија 2.320, Активни 75
Неготино 2.271, Активни 56
Свети Николе 1.755, Активни 130
Ресен 1.451, Активни 112
Дебар 1.422, Активни 219
Радовиш 1.397, Активни 114
Крива Паланка 1.315, Активни 64
Берово 1.156, Активни 47
Делчево 1.087, Активни 79
Виница 977, Активни 40
Пробиштип 869, Активни 48
Валандово 757, Активни 29
Богданци 539, Активни 35
Крушево 516, Активни 20
Кратово 491, Активни 56
Македонски Брод 445, Активни 40
Демир Хисар 418, Активни 11
Демир Капија 402, Активни 1
Пехчево 301, Активни 5
Македонска Каменица 282, Активни 23
Дојран 138, Активни 3
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Согласно Законот за енергетика и Статутот на Комисијата, тој ќе ја извршува функцијата сè додека не биде донесена одлука за престанок на мандатот.
Од РКЕ информираат дека институцијата ќе продолжи да ги извршува своите надлежности согласно законските обврски. Од Комисијата, вработените и членовите му се заблагодаруваат на Бислимоски за долгогодишната соработка.
Марко Бислимоски го извршуваше својот втор петгодишен мандат како претседател на РКЕ. Првиот мандат му беше од јуни 2018 до јуни 2023 година, а во јули 2023 година повторно беше избран на функцијата.
Македонија
Скопскиот и Полошкиот регион со најмногу одобренија за градење во последниот период – доминира високоградбата
Бројот на одобренијата за градење во декември 2025 година е намален за 17.4 отсто во однос на истиот период од претходната година, соошти Државниот завод за статистика.
Во декември 2025 година се издадени 237 одобренија за градење, што е за 17.4 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 988 378 илјади денари, што е за 19.5 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 140 (59.1 %) се наменети за објекти од високоградба, 42 (17.7 %) за објекти од нискоградба и 55 (23.2 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 237 објекти, на 132 (55.7 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 105 (44.3 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 411 станови со вкупна корисна површина од 38 300 м2.
Во Скопскиот и Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 51.
Македонија
Декември со околу 60.000 туристи: најмногу пристигнале од Турција, Бугарија и Србија
Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември минатата година, во Македонија престојувале 59.521 туристи, кои оствариле вкупно 112.001 ноќевање.
Од вкупниот број туристи, 63,3 се странски, а 36,7 проценти домашни. Кај ноќевањата, странските туристи учествувале со 57,6, а домашните со 42,4 отсто.
Во периодот јануари – декември 2025 година, вкупниот број на туристи е зголемен за 6,0% во однос на истиот период лани. Детално по сегменти: Домашни туристи: намалување за 2,2%, Странски туристи: зголемување за 10,3%.
Кај вкупниот број на ноќевања е забележан раст од 0,8%, при што: Ноќевањата на домашни туристи се намалени за 4,1%. Ноќевањата на странски туристи се зголемени за 6,4%
Најмногу туристи пристигнале од Турција: 7.303, Бугарија: 5.214, Србија: 4.736 и Грција: 3.438.
Премиерот Христијан Мицкоски денес, одговарајќи на новинарски прашања, изјави дека очекува Македонија да ја достигне бројката од пет милиони туристички преноќувања до 2028 или 2029 година, доколку сè се одвива според планот.
Тој рече дека минатата 2025 година, според бројките коишто ги објави Државниот завод за статистика имаме зголемен број на туристи, а она коешто посебно охрабрува е што е зголемен бројот на странски туристи над 10 отсто. Мицкоски рече дека се ближиме на бројката од три и пол милиона преноќувања, што исто така претставува многу значаен податок.

