Македонија
333 нови случаи на Ковид-19 и 16 починати за 24 часа
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на Ковид-19, тоа од: Скопје – 154, Битола и Прилеп по 23, Кавадарци – 22, Куманово – 16, Охрид – 15, Штип – 9, Струмица – 8, Велес – 7, Тетово – 6, Делчево и Валандово по 5, Крива Паланка, Ресен и Кратово по 4, Кочани, Струга , Гевгелија и Неготино по 3, Радовиш, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Крушево по 2 и по еден заразен од Гостивар, Кичево, Свети Николе, Виница, Македонска Каменица и од Пехчево.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се и 16 починати лица: 4 од Скопје (42, 54, 64 и 80 години), по две лица од Битола (33 и 86 години), Штип (62 и 78 години) и од Кочани (55 и 82 години) по едно починато лице од Прилеп (74), Охрид (86), Велес (80), Крива Паланка (77), Богданци (58) и Демир Хисар (83). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, во согласност со регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 30 ноември. Починатото лице е од Кавадарци на возраст од 63 години, невакцинирано и починато во болнички услови.
Во изминатото деноноќие регистрирани сe и 376 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 135, Битола – 34, Прилеп – 31, Кавадарци – 22, Кочани – 18, Велес – 16, Крива Паланка – 14, Куманово, Штип и Берово по 12, Гевгелија – 9, Ресен – 8, Тетово и Струмица по 7, Делчево – 6, Кичево, Кратово и Богданци по 5, Виница и Пробиштип по 4, Охрид, Валандово и Македонска Каменица по 2 и по еден оздравен од Свети Николе, Радовиш, Демир Хисар и од Крушево.
Направените 2.440 теста се преку: ИЈЗ – 267, ЦЈЗ Скопје – 69, ЦЈЗ Битола – 81, ЦЈЗ Прилеп – 35, ЦЈЗ Тетово – 6, ЦЈЗ Куманово – 53, лабораторија во болницата во Козле – 18, Институт за микробиологија – 178, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 43, „Авицена“ – 109, „Биотек“ – 91, „Систина“ – 64, лабораторија „Лаор“ – 69, „Синлаб“ – 19, „Ремедика“ – 19, „Плодност“ – 23, „Генеа“ – 7, „Никоб лаб“ – 204, „ВФВ медикал“ – 9, „Ели медика“ – 21, „Ројал медика“ – 8, „Спектра-ММ“ – 41, „Жан Митрев Струмица“ – 6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.000.
Досега во земјата се направени вкупно 1.476.534 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 216.328, бројот на оздравени пациенти е 200.669, на починати е 7.609, а бројот на активни случаи изнесува 8.050.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 94.627, Активни 3.835
Куманово 12.899, Активни 244
Тетово 11.335, Активни 155
Прилеп 10.255, Активни 426
Битола 8.708, Активни 615
Гостивар 8.062, Активни 29
Велес 7.307, Активни 327
Кавадарци 6.991, Активни 307
Штип 6.587, Активни 159
Охрид 6.475, Активни 302
Струмица 6.114, Активни 156
Кичево 4.223, Активни 73
Кочани 4.002, Активни 165
Струга 3.907, Активни 69
Гевгелија 2.797, Активни 119
Неготино 2.563, Активни 58
Свети Николе 2.116, Активни 80
Крива Паланка 1.894, Активни 129
Ресен 1.742, Активни 92
Радовиш .1727, Активни 67
Дебар 1.456, Активни 2
Берово 1.446, Активни 85
Делчево 1.404, Активни 138
Виница 1.157, Активни 40
Пробиштип 1.118, Активни 26
Валандово 940, Активни 62
Кратово 773, Активни 45
Богданци 646, Активни 32
Демир Хисар 616, Активни 78
Крушево 590, Активни 35
Македонски Брод 495, Активни 12
Демир Капија 424, Активни 7
Македонска Каменица 417, Активни 65
Пехчево 351, Активни 12
Дојран 164, Активни 4
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“
Во периодот од 1 до 28 февруари од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 19.066 прекршоци.
Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 18.172, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 220 прекршоци, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 674 прекршоци.
Исто така, изречени се вкупно 653 мерки „забрана за управување со возило“, од кои 220 се за „минување на црвено светло“, а 433 се за „брзо возење“.
Гледано по седмици, најголем број на прекршоци се регистрирани во периодот од 02 до 08 февруари-4.991, а најмал во периодот од 09 до 15 февруари – 4.490, додека по денови најмногу на 28 февруари, а најмалку на 11 февруари – 377. Изминатиот месец дневниот просек изнесува 706 прекршоци.
Најголем дел од прекршоците се регистрирани на подрачје на град Скопје-12.073 или 63,3% од вкупниот број на регистрирани прекршоци. Значаен дел од прекршоците се регистрирани и на патните правци долж Коридорите 8 и 10-вкупно 5.702, а најмал број на подрачјето на СВР Тетово – 370 и останати локации-17 прекршоци.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за посигурни и побезбедни патишта.
Македонија
Интеграциите во ЕУ и управувањето со отпад во фокусот на средбата меѓу Хоџа и чешкиот амбасадор
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се сретна со амбасадорот на Република Чешка во Република Северна Македонија, Јарослав Лудва. На средбата беше потврдена одличната билатерална соработка и пријателските односи меѓу двете земји, со акцент на можностите за нивно понатамошно продлабочување.
Министерот Хоџа изрази благодарност за континуираната поддршка што Чешката Република ѝ ја дава на Северна Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија, истакнувајќи ја и активната улога на чешката амбасада во Скопје во унапредувањето на соработката во областа на животната средина.
Во тој контекст, на средбата беше направен осврт и на заклучоците од последната седница на Мешовитата комисија за економска соработка, одржана во март 2025 година во Прага, како и на остварените контакти меѓу ресорните министерства. Се разговараше за квалитетот на воздухот, контролата на индустриското загадување и современите практики во управувањето со отпад, вклучително и искуствата од посетата на центарот за управување со отпад на градот Прага.
Македонија
„Визер“ привремено ги прекинува летовите кон повеќе дестинации на Блискиот Исток
Авиокомпанијата „Визер“ соопшти дека поради неодамнешната ескалација на безбедносната состојба во Иран ги суспендира сите летови кон и од Израел, Дубаи, Абу Даби, Аман и Саудиска Арабија, заклучно со 7 март.
Од компанијата информираат дека континуирано ја следат состојбата и се во постојан контакт со локалните и меѓународните власти, агенциите за безбедност во воздухопловството и други релевантни институции. Во зависност од развојот на ситуацијата, можно е да бидат донесени дополнителни оперативни одлуки и да дојде до измени во распоредот на летови.
„Визер“ наведува дека ќе ги информира патниците за сите очекувани промени што е можно поскоро. Патниците кои направиле резервација преку трети страни треба да се обратат директно до нив за дополнителни информации.
Од компанијата нагласуваат дека безбедноста и сигурноста на патниците, екипажот и авионите останува нивен највисок приоритет. Патниците со засегнати резервации ќе бидат директно контактирани со информации за достапните опции.

