Македонија
335 нови случаи и вкупно 13 починати од Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.543 тестирања, а регистрирани се 335 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 179, Прилеп – 31, Битола – 16, Кавадарци – 15, Ресен – 12, Велес и Охрид по 10, Куманово и Гевгелија по 8, Валандово – 7, Тетово, Кичево и Радовиш по 5, Штип – 4, Неготино – 3, Гостивар, Кочани, Делчево, Демир Хисар и Крушево по 2 и по еден заразен во Струмица, Струга, Свети Николе, Крива Паланка, Кратово, Богданци и Македонски Брод.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 8 смртни случаи: 3 лица од Скопје (68, 72 и 74 години) и по едно починато лице од Битола (55), Крушево (68), Куманово (61), Прилеп (75) и од Охрид (78). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се дополнителни 5 смртни случаи во периодот од 26 ноември до 16 декември. Починатите се од Кочани, Куманово, Скопје, Берово и од Пехчево на возраст од 66 до 87 години. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.
Во изминатото деноноќие регистрирани сe и 515 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 253, Битола – 33, Охрид – 26, Прилеп – 25, Делчево – 20, Куманово – 19, Берово – 17, Велес и Струмица по 14, Кавадарци – 13, Штип – 11, Радовиш – 8, Кочани – 7, Тетово, Кичево, Гевгелија и Ресен по 6, Богданци – 5, Македонска Каменица – 4, Кратово, Крушево и Пехчево по 3, Струга, Неготино, Крива Паланка, Демир Хисар и Македонски Брод по 2 и по еден оздравен од Виница, Пробиштип и Дојран.
Направените 3.543 теста се преку: ИЈЗ – 355, ЦЈЗ Скопје – 62, ЦЈЗ Битола – 79, ЦЈЗ Прилеп – 42, ЦЈЗ Тетово – 4, ЦЈЗ Куманово – 65, УК Пулмологија со алергологија – 3, Институт за микробиологија – 5, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 86, „Авицена“ – 154, „Биотек“ – 234, „Систина“ – 85, лабораторија „Лаор“ – 101, „Синлаб“ – 33, „Ремедика“ – 27, „Плодност“ – 55, „Генеа“ – 17, „Никоб лаб“ – 331, „ВФВ медикал“ – 60, „Ели медика“ – 66, „Ројал медика“ – 24, „Спектра-ММ“ – 21, „Рапид лаб“ – 7, „Жан Митрев Струмица“ – 16, „Нова лаб дијагностика“ – 5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.606.
Досега во земјата се направени вкупно 1.555.273 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 221.744, бројот на оздравени пациенти е 208.724, на починати е 7.838, а бројот на активни случаи изнесува 5.182.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.

