Македонија
35 починати и 135 нови случаи на Ковид-19
Oд Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 841 тестирањe, а регистрирани се 135 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 81, Тетово – 15, Куманово – 13, Прилеп – 8, Кавадарци – 7, Македонски Брод – 3, Штип – 2 и по еден во Битола, Кочани, Кичево, Гевгелија, Неготино и Берово.
Регистрирани се и 900 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 363, Битола – 62, Куманово – 54, Прилеп – 51, Велес – 46, Охрид – 44, Кавадарци – 40, Струга – 32, Кочани и Гостивар по 23, Струмица – 22, Тетово – 16, Штип – 14, Кичево и Гевгелија по 12, Пробиштип – 11, Берово –9, Неготино, Свети Николе и Крива Паланка по 7, Ресен, Радовиш и Богданци по 6, Делчево – 5, Македонски Брод, Виница, Кратово и Македонска Каменица по 4, Валандово – 3, Пехчево – 2 и еден во Крушево.
Пријавени се вкупно 35 починати лица: 14 од Скопје (46, 46, 54, 56, 69, 70, 77, 79, 79, 81, 87, 87, 87, 89), по тројца починати лица од Битола (72, 74 и 84) и Куманово (62, 64 и 68), по две лица од Прилеп (61 и 62), Струмица (70 и 76), Штип (58, 72) и од Виница (68 и 70), по едно лице од Велес (67), Охрид (83), Струга (75), Гостивар (71), Кочани (77), Кичево (70) и од Неготино (69). Од починатите пациенти, 3 лица се починати во домашни услови, а другите 32 лица во болнички услови.
Направени се 841 тест преку: ИЈЗ – 114, ЦЈЗ Скопје – 34, МАНУ – 70, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 97, „Биотек“ – 128, „Систина“ – 174, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 224.
Досега во земјата се направени вкупно 692.096 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 147.229, бројката на оздравени пациенти е 123.710, на починати е 4.478, а бројот на активни случаи изнесува 19.041.
Според епидемиолошки анализи, дистрибуцијата по градови во моментот е следна:
Скопје 65.415, активни 8.676
Куманово 8.066, активни 1.209
Прилеп 7.910, активни 935
Тетово 6.918, активни 672
Битола 5.732, активни 1236
Велес 5.206, активни 698
Гостивар 4.994, активни 447
Кавадарци 4.993, активни 488
Штип 4.742, активни 454
Охрид 4.709, активни 846
Струмица 3.783, активни 549
Струга 2.867, активни 247
Кочани 2.582, активни 294
Кичево 2.349, активни 298
Гевгелија 2.118, активни 339
Неготино 2.113, активни 240
Свети Николе 1.433, активни 147
Крива Паланка 1.178, активни 84
Ресен 1.168, активни 218
Радовиш 1.039, активни 129
Берово 967, активни 65
Делчево 930, активни 96
Дебар 910, активни 69
Пробиштип 753, активни 42
Виница 742, активни 109
Валандово 633, активни 89
Богданци 469, активни 73
Крушево 457, активни 99
Демир Капија 392, активни 39
Демир Хисар 358, активни 57
Кратово 350, активни 18
Македонски Брод 347, активни 32
Пехчево 250, активни 16
Македонска Каменица 224, активни 11
Дојран 132, активни 20
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам
Тврдам дека, од овој момент, ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани, на сите етнички групи, партии, оние кои не се во партиите. Нема да заборавам на разноликоста, изјави Гордана Силјановска Давкова во првото обраќање по победата на претседателските избори.
„Не е време за поделби и фалби, триумфализам. Не можете во политиката со емоции, мора рационално. Ќе направам се’ за да ги бранам државните и националните интереси“, рече Давкова.
Силјановска истакна дека за време на кампањата го зборувала она што го мисли, се посветила на целта, а наградата за неа е непроценлива.
„Не сум ги убедувала граѓаните дека сум најдобриот избор, најумна, оставив изборот да го направат тие. Мислам дека направија вистински избор. Има ли поголема инспирација од тоа жена да стане претседател. Со мене, кога ќе се опкружам со жени сличнин на мене, свои, стамени, кои умеат да изразат став на свој начин, тоа е некаков голем исчекор, тоа е за мене реформски чекор“, рече Давкова.
Според неа, да се повика на бојкот на изборите е партиски и политички притисок. Како што рече, немала многу време да го следи говорот на нејзиниот опонент Стево Пендаровски, но фатила неколку инсерти, и смета дека критиката на бојкотот на ДУИ и на обидот да се киднапира избирачкото право, да се одземе нивното избирачко право или да се диригира е добра констатација.
Давкова изјави дека не се согласува со тезата дека гласовите ги добила поради национализам, напротив, вели таа, во тимот имала Албанци, Турци, Роми и ќе ги вклучи во кабинетот. Тоа се луѓе кои зад себе имаат образование и докторати и тоа за неа е суштинскиот елемент, а потоа е припадноста.
Македонија
(Видео) Ковачевски му честита на Мицкоски: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на прес-конференција ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски и изборот на Гордана Силјановска Давкова како иден претседател.
Тој се заблагодари на Стево Пендаровски и поддржувачите на СДСМ.
„СДСМ повторно покажа државотворност и одговорност по стоти пат. Најлесно беше по толку лажни обвинувања и напади на ВМРО-ДПМНЕ да не го мобилизираме нашето членство за гласање на претседателските избори. Не паднавме во таа замка. Покажавме дека Македонија ни е поважна, секогаш ќе биде така. Денешниот резултат е разочарувачки. На СДСМ му е зададен тежок удар, не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата. Во наредниот период детално ќе ги анализираме овие резултати“, рече Ковачевски.
– Не сакам да носам избрзани заклучоци и да посочувам виновници, додаде Ковачевски и кажа дека тој и партиското раководство имаат одговорност, како и сите именувани и избрани функционери, како и сите партиски функционери на локално ниво и на централно ниво.
Тој повика на нови внатрешни избори на сите партиски тела и на централно и на локално ниво, почнувајќи од претседателот на партијата.
Македонија
Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците
Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски на прес-конференција вечерва кажа дека резултатите се јасни и им честита на победниците.
„Резултатите се јасни и немам намера подетално да ги разлагам. Согласно резултатите досега им честитам на победниците, да им посакам успешна работа во следните четири, односно пет години. Мојот концепт за мултиетничка Македонија денеска не доби мнозинска поддршка од граѓаните. Јас сум уверен дека само таква Македонија може да биде просперитетна и демократска држава. Мојата совест е мирна, но не сум сигурен дека совеста им е мирна на оние кои тргнувајќи од тесно партиски и лични политички интереси, денеска ефективно спречија илјадници наши граѓани да го земат второто ливче и да гласаат и на претседателските избори“, рече Пендаровски.
„Мојот личен рејтинг ми даде за право да имам надеж дека можам да бидам рамноправен натпреварувач во оваа трка. Ова што денеска се случи значајно ми ги одзеде шансите да бидам рамноправен натпреварувач. Стотици илјади наши граѓани беа оневозможувани, на систематски, плански, организиран начин да земат второ ливче. Јас сум убеден дека оние 330 илјади гласови од петте кандидати кои отпаднаа од првиот круг се далеку поблиску до мојот политички концепт отколку до концептот кој го заговараше противкандидатката. Направија таква калкулација и на организиран начин ги спречија луѓето да гласаат. Со тие претпоставени гласови трката ќе беше далеку понеизвесна“, додаде Пендаровски.
Тој се заблагодари на сите учесници во изборниот процес и на медиумите за соработката изминатите пет години.