Македонија
365 нови случаи на Ковид-19, починаa 25 лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 947 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи на Kовид-19 во: Скопје – 126, Куманово – 27, Штип – 19, Прилеп – 9, Тетово – 33, Велес – 26, Битола – 7, Охрид – 2, Кавадарци – 25, Гостивар – 22, Гевгелија – 12, Струмица – 7, Крива Паланка – 4, Радовиш – 5, Крушево – 1, Кочани – 2, Пробиштип – 1, Македонски Брод – 1, Берово – 1, Кратово – 1, Свети Никол – 5, Кичево – 3, Ресен – 3, Неготино – 23.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1059 оздравени пациенти од: Скопје – 152, Куманово – 154, Дебар – 5, Штип – 28, Прилеп – 52, Тетово – 130, Струга – 37, Велес – 20, Битола-30, Охрид – 64, Кавадарци – 40, Гостивар – 205, Гевгелија – 22, Струмица – 3, Крива Паланка – 9, Кочани – 13, Пробиштип – 5, Демир Хисар – 10, Македонски Брод – 2, Пехчево – 4, Берово – 8, Валандово – 14, Виница – 2, Делчево – 4, Свети Николе – 15, Ресен – 10 и Неготино-21.
Починати се 25 лица, дванаесет пациенти од Скопје (74, 79, 75, 66, 75, 80, 82, 67, 75, 70, 71 и 61), еден од Куманово (67), тројца од Прилеп (73, 85 и 81), еден од Струга (81), двајца од Битола (47 и 74), двајца од Гостивар (45 и 84), еден пациент од Гевгелија (75), еден од Берово (85), еден од Делчево (87) и еден пациент од Неготино (65). Од нив, двајца се починати вон, останати се се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 68.332, бројката на оздравени пациенти е 44.705, на починати е 1.949, а бројот на активни случаи изнесува 21.678. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 29575, активни 10729
• Куманово 4037, активни 650
• Дебар 504, активни 123
• Штип 2896, активни 507
• Прилеп 3383, активни 988
• Тетово 4144, активни 1004
• Струга 1636, активни 450
• Велес 2237, активни 713
• Битола 2426, активни 950
• Охрид 1823, активни 557
• Кавадарци 1477, активни 569
• Гостивар 2864, активни 937
• Гевгелија 840, активни 266 (63 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 144 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1852, активни 578
• Крива Паланка 487, активни 141
• Радовиш 474, активни 125
• Крушево 145, активни 76
• Кочани 1333, активни 250
• Пробиштип 388, активни 86
• Демир Хисар 211, активни 59
• Македонски Брод 185, активни 39
• Пехчево 108, активни 17
• Берово 424, активни 117
• Валандово 231, активни 52
• Виница 397, активни 137
• Делчево 537, активни 260 (154 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 170, активни 47
• Свети Николе 916, активни 214
• Кичево 1373, активни 454
• Ресен 528, активни 207
• Неготино 731, активни 376 (106 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 947 теста се преку: ИЈЗ-422, ЦЈЗ Скопје-37, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -112, Жан Митрев (Филип Втори)-124, Систина со PCR метода -181, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-3, ГАК-26, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -42, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 349.742 тестирања на Ковид -19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пуштена во употреба реконструираната обиколница во Крива Паланка
Реконструираната обиколница во Крива Паланка е пуштена во употреба.
На настанот присуствуваше премиерот, Христијан Мицкоски, кој нагласи дека Владата продолжува со реализација на капитални инвестиции.

Тој посочи дека ваквите проекти претставуваат додадена вредност за граѓаните и за економијата и најави дека во наредниот период во Крива Паланка и во регионот ќе се реализираат инвестиции во вредност од неколку стотици милиони евра.
„Крива Паланка е влезна точка на делот од Коридорот 8 во Македонија“, рече Мицкоски, додавајќи дека меѓу приоритетите се третата фаза од железничката пруга, забрзување на втората фаза, како и нови патни делници кои ќе го заобиколат влезот во Куманово за сообраќајот кон исток.

Премиерот истакна дека Владата останува фокусирана на капитални инвестиции, при што како клучни ги наведе Коридорите 8 и 10, со приоритет на патничко, железничко и енергетско поврзување.
Мицкоски оцени дека инвестициите ќе придонесат за економски раст и ќе создадат услови за развој на локалните заедници, изразувајќи очекување дека дел од иселените граѓани ќе се вратат и ќе продолжат да живеат и работат во земјата

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој се обрати од настанот, рече дека со изградбата на експресниот пат Страцин–Крива Паланка, реконструкцијата на обиколницата и модернизацијата на граничниот премин Деве Баир целосно се развива источното крило на Коридор 8.
Тој посочи дека реконструкцијата на обиколницата, во должина од 4,5 километри, е инвестиција од 1,2 милиони евра и претставува значајно поврзување со Бугарија како витален дел од Коридор 8. Додаде дека во тек е модернизација и проширување на граничниот премин Деве Баир, при што првата фаза се очекува да заврши до јуни, а потоа ќе следи проширување на капацитетите.

Николоски нагласи дека во соработка со ЕУ се бара решение и за модернизација на делницата Страцин–Романовце, како и дека интензивно се работи на железничкото поврзување кон Исток. Потпишан е договор со Бугарија за прекуграничниот тунел, а се очекува Крива Паланка да биде поврзана со Скопје со дневна железничка линија.
Македонија
Кривични пријави за 10 возачи поради возење без возачка дозвола
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 10 возачи, од кои пет лица за возење под дејство на алкохол, на територија на Куманово, Кривогаштани, Битола и двајца во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Исто така, четири лица се санкционирани затоа што управувале возило без возачка дозвола, на територија на тетовско, Гостивар, Гевгелија и Кавадарци. Еден возач е лишен од слобода поради возење со забрана за управување возило од Б категорија, и тоа во Скопје. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, посочува МВР.
Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
Македонија
Бегај пречекан со високи почести во Гостивар, Валбон Лимани му го додели „Клучот на градот“
На свечена церемонија со високи почести, градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, вчера оствари официјална средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.
Во просториите на Општина Гостивар, во присуство на пратеници од регионот, општински советници, претставници на верските заедници и истакнати личности од градот, градоначалникот Лимани му го врачи на претседателот Бегај „Клучот на градот“ – највисокото признание што го доделува Општина Гостивар на личности со посебен придонес и значење.
Во своето поздравно обраќање, градоначалникот Лимани ја оцени посетата како момент со посебна политичка и емоционална тежина за градот, истакнувајќи ја симболиката што ја носи присуството на Претседателот на Албанија во град претежно населен со Албанци.
„Посебна чест е што на почетокот на мојот мандат како градоначалник на Општина Гостивар, да му кажам во ваше и во мое лично име: Добредојдовте во Гостивар, Претседателе на Република Албанија. Вашето доаѓање има посебна симболика за нас“, изјави Лимани.
Тој ја оцени улогата на претседателот Бегај во достоинственото претставување на Албанија и на Албанците ширум светот, особено во време на предизвици и значајни геополитички случувања, нагласувајќи дека неговото лидерство внесува смиреност, сигурност и национална гордост.
Во образложението за доделувањето на признанието се наведува: „На Претседателот на Република Албанија, г. Бајрам Бегај, за достоинственото и мудро застапување на сите Албанци и пошироко, низ целиот свет.“
Врачувајќи го симболичниот клуч на градот, градоначалникот Лимани истакна дека со овој чин за претседателот Бегај отворени се сите врати во Гостивар, оценувајќи го овој момент како еден од најзначајните настани во неговиот мандат.
Посетата на претседателот Бегај во Гостивар беше оценета како потврда за силните врски меѓу Албанците и важен чекор кон продлабочување на соработката и националното единство.

