Македонија
37-годишниот Македонец бил пронајден застрелан во автомобил во Кабул
Триесет и седумгодишен Македонец, кој работел како готвач во Кабул е меѓу тројцата странци кои биле киднапирани и убиени утринава. Според информациите кои што ги пренесуваат светските медиуми, покрај македонскиот државјанин, убиени се и 39-годишен Индиец и 64 -годишен Малезиец кои работеле за француската компанија ,,Содексо”. Според полицијата, станува збор за терористички чин.
Според досегашните информации, тројцата биле киднапирани од нивниот автомобил на пат кон аеродромот. Нивните тела биле пронајдени во областа Мусаи. Ниту една група досега не ја презема одговорноста за убиствата.
Според Бахар Мех, официјален претставник во Министерството за внатрешни работи, тројцата излегле од нивниот службен автомобил во четвртокот изутрина и влегле во приватно возило, по нивна волја. Тоа според него, укажува дека некој што го знаеле помогнал да се испланира нивното киднапирање.Еден час подоцна, биле пронајдени нивните тела.Полицијата го истражува случајот.
До нивните тела биле пронајдени документи за идентификација.
,,Тие биле застрелани во автомобилот”, изјави Бахар Мехр со Министерството за внатрешни работи. Друг портпарол на министерството изјави дека возачот на автомобилот бил испрашуван од полицијата и се третира како можен осомничен.

Хашмат Станакзаи, портпарол на полицијата во Кабул, изјавил дека тројцата странци биле киднапирани од кабулскиот округ 9, на исток од градот, но нивните тела биле пронајдени во јужниот дел на градот.
Тројцата работеле за меѓународна компанија Содексо, која обезбедува храна и угостителски услуги низ целиот свет. Неодамна компанијата победила на тендерот во Париз и ја добила работата во рестораните во Ајфеловата кула. Компанијата ,,Содеко” го потврдила идентитетот на тројцата вработени и изразила ,,тага и шокираност” поради нивната смрт.
,,Во оваа фаза мислиме дека тоа е терористички инцидент”, изјави портпаролот на полицијата, Хашмат Станакзаи за АФП.
Индиската влада го осуди овој инцидент. Индиската амбасада во Кабул е во контакт со авганистанските власти и компанијата каде работеле готвачите.

Киднапирањето е едно од најчестите злосторства во воено разурнатиот Авганистан. Повеќето киднапирања се случуваат заради откуп и на Авганистанци, но и на странци. Убиствата се случуваат време кога авганистанскиот главен град е потресен од зголемен број напади во последниве месеци.
Претходно оваа година шестмина индиски инженери кои работеле во северен Авганистан беа киднапирани заедно со нивниот возач.
Ова е петти македонски државјанин убиен во Авганистан, кој што преку приватна компанија отишол да работи во оваа земја. Во 20 година, четворица македонски државјани беа киднапирани, а потоа и убиени од талибанските милитанти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

