Македонија
37 починати и 870 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.844 тестирања, а регистрирани се 870 нови случаи на Ковид-19, од кои најмногу во Скопје – 368, Тетово – 78, Гостивар и Куманово по 53, Кичево – 40, Струмица – 39, Прилеп – 29, Охрид – 28, Кавадарци– 22, Струга – 20, Битола и Дебар по 15, Ресен – 13, Свети Николе – 12, Велес и Радовиш по 11, Делчево – 8, Неготино – 7, Кочани, Гевгелија, Валандово и Кратово по 5, Крива Паланака, Берово и Виница по 4, Штип, Пробиштип и Македонска Каменица по 3, Богданци, Крушево и Македонски Брод по 2 и еден случај е пријавен во Демир Хисар.
Во изминатите 24 регистрирани се и 37 починати лица, од кои 10 пациенти од Скопје (78, 73, 71, 69, 69, 67, 61, 56, 48 и 42 години), 8 починати лица од Тетово (85, 83, 80, 78, 74, 63, 62 и 53 години), по 4 починати лица се пријавени во Куманово (85, 69, 57 и 22 години) и Струга (69, 64, 63 и 61 година), 3 починати лица од Гостивар (81, 66 и 58 години), 2 починати лица од Кочани (на 78 и 63-годишна возраст) и по едно починато лице од Прилеп (62), Велес (35), Кавадарци (61), Струмица (79), Кичево (57) и Дебар (75). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 661 оздравени пациенти од: Скопје – 227, Тетово – 110, Гостивар – 72, Струмица – 64, Кичево – 54, Куманово – 43, Штип – 16, Битола – 15, Радовиш и Дебар по 11, Кочани – 9, Ресен – 8, Берово и Кратово по 5, Велес – 4, Свети Николе, Виница и Пробиштип по 2 и еден пациент од Гевгелија.
Направените 5.844 тестови се преку: ИЈЗ-372, ЦЈЗ Скопје-51, ЦЈЗ Битола-80, ЦЈЗ Прилеп-63, ЦЈЗ Тетово–118, ЦЈЗ Куманово –88, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-6, УК Пулмологија со алергологија – 19, Институт за микробиологија–17, Жан Митрев (Филип Втори)-153, Авицена-427, Биотек-467, Систина-175, лабораторија Лаор-445, Синлаб-118, Ремедика-30, Плодност–100, Генеа -12, Никоб лаб-816, ВФВ Медикал-76, Ели Медика-81, Ројал Медика –56, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 2.073.
Досега во земјата се направени вкупно 1.158.171 тестирање на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 176.494, бројката на оздравени пациенти е 156.307, на починати е 5.938, а бројот на активни случаи во моментот изнесува 14.249.
Според епидемиолошките анализи, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 76057, Активни 5523
Куманово 10215, Активни 898
Прилеп 8660, Активни 267
Тетово 10288, Активни 1976
Битола 6702, Активни 258
Велес 5759, Активни 220
Гостивар 7610, Активни 1199
Кавадарци 5463, Активни 216
Охрид 5522, Активни 451
Штип 5232, Активни 171
Струмица 5165, Активни 667
Струга 3566, Активни 534
Кочани 2982, Активни 114
Кичево 3588, Активни 601
Гевгелија 2293, Активни 79
Неготино 2239, Активни 49
Свети Николе 1680, Активни 112
Ресен 1400, Активни 123
Крива Паланка 1269, Активни 34
Радовиш 1330, Активни 111
Берово 1123, Активни 27
Делчево 1042, Активни 56
Дебар 1334, Активни 237
Виница 955, Активни 42
Пробиштип 836, Активни 43
Валандово 743, Активни 35
Богданци 524, Активни 30
Крушево 515, Активни 23
Демир Хисар 412, Активни 11
Демир Капија 401, Активни 3
Кратово 459, Активни 59
Македонски Брод 434, Активни 56
Пехчево 293, Активни 5
Македонска Каменица 268, Активни 18
Дојран 135, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

