Македонија
381 нов случај на Ковид-19, пријавени се 6 починати лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.131 тестови, а регистриран е 381 нов случај на Ковид-19.
Од вкупниот број на позитивни (381), регистрирани се 80 реинфекции.
Регистрирани сe 775 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица од Скопје (58 г) и Охрид (67 г). Лицата се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин регистрирани се 4 починати лица, од Скопје (62 г), Кочани (73 г), Свети Николе (86 г) и Ресен (64 г). Две лица се починати во болнички услови и две лица се починати во домашни услови. Починати се во период од 18.8. до 21.8.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.145.675 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 338.929, бројот на оздравени пациенти е 326.990, на починати е 9.461, а бројот на активни случаи изнесува 2.478
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 159370, Активни 1054
Куманово 17997, Активни 98
Битола 17646, Активни 192
Прилеп 15314, Активни 104
Тетово 14380, Активни 61
Кавадарци 11911, Активни 101
Велес 10681, Активни 59
Гостивар 10228, Активни 37
Охрид 10137, Активни 159
Струмица 8732, Активни 52
Штип 8675, Активни 51
Кичево 6035, Активни 37
Кочани 5487, Активни 63
Струга 5147, Активни 42
Гевгелија 4815, Активни 72
Неготино 4103, Активни 35
Ресен 2993, Активни 18
Радовиш 2819, Активни 35
Свети Николе 2772, Активни 10
Крива Паланка 2612, Активни 23
Делчево 2137, Активни 40
Берово 1828, Активни 29
Дебар 1805, Активни 15
Валандово 1593, Активни 8
Виница 1473, Активни 20
Пробиштип 1296, Активни 1
Кратово 1093, Активни 14
Богданци 1088, Активни 8
Крушево 1016, Активни 7
Демир Хисар 919, Активни 9
Македонски Брод 785, Активни 5
Демир Капија 628, Активни 7
Македонска Каменица 534, Активни 4
Пехчево 514, Активни 8
Дојран 366, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Битола објави повик за доделување финансиски средства на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти
Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општина Битола на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2026 година.
Право на учество на јавниот повик ќе имаат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски и младински категории, како и другите физички и правни лица од областа на спортот чиешто регистрирано седиште, односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на Општина Битола.
Пријавите треба да се достават до Општина Битола преку пошта на адреса; Општина Битола, Булевар 1 –ви Мај број 61, 7000 Битола или да се достават во архивата на Општина Битола од 07:30 часот заклучно со 15:30 часот до последниот ден од Јавниот оглас.
Рокот за поднесување на пријавите започнува од 25.02.2026 година и трае заклучно со 11.03.2026 година.
Пријавите од јавниот повик ги разгледува Комисијата за млади и спорт од Советот на Општина Битола и согласно критериумите ја одбрува висината на финансиската поддршка. Финансиската поддршка согласно програмата за активностите во областа на спортот и младите во Општината Битола за 2026 изнесува 2.000.000,00 денари за спортски клубови/спортски здруженија и 1.000.000,00 денари за индивидуални спортисти.
Повеќе за јавниот повик на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/sportski-klubovi-zdruzenija-i-sportisti/
фото/ Depositphotos
Македонија
Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев
Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели, клевета и нарушување на чест и углед.
„Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед.
Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата.
Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“, објави Заев на социјалните мрежи.
Македонија
Милошоски-Бунфорт: потенцирана поддршката на Унгарија кон ЕУ интеграциите
Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски оствари работна средба со Жолт Бунфорт, специјален претставник за Западен Балкан на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан придружуван од Ѓула Шомоѓи, советник и Јулијана Армаш, советник, како и заменик шефот на мисијата Атила Фодор.
На средбата беше потврдена одличната македонско-унгарска соработка и подготвеност за понатамошно унапредување на односите на двете држави во повеќе области. Беше потенцирана заложбата за интензивирање на соработката во економската област преку реализирање на заеднички проекти, како и зближување на двата народа преку зајакнување на пријателските односи и културната размена.
Специјалниот претставник за Западен Балкан Бунфорт, ја потенцираше поддршката на Унгарија кон македонските ЕУ интеграции, истакнувајќи дека членството во ЕУ не претставува награда, туку признание за реформските напори и остварениот напредок во изминатиот период.

