Македонија
39 починати и 603 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.596 тестирања, а регистрирани се 603 нови случаи на Ковид-19 во Скопје –209, Куманово – 62, Струмица – 39, Битола – 38, Охрид – 36, Прилеп – 31, Тетово – 27, Кочани – 21, Велес и Штип по 19, Кичево – 14, Гостивар – 13, Кавадарци – 11, Радовиш – 8, Струга – 7, Виница – 6, Крива Паланка и Ресен по 5, Гевгелија, Валандово и Демир Хисар по 4, Неготино, Свети Николе, Пробиштип и Пехчево по 3, Берово, Делчево и Крушево по 2 и по еден во Дебар, Богданци и Македонски Брод.
Регистрирани се 641 оздравени пациенти од: Скопје – 197, Охрид – 98, Струга – 48, Прилеп – 41, Битола – 38, Куманово – 35, Велес – 34, Струмица – 26, Штип – 23, Гостивар – 22, Тетово – 20, Кичево – 15, Кочани и Гевгелија по 8, Радовиш – 6, Виница и Пробиштип по 5, Ресен – 4, Крива Паланка – 3, Свети Николе и Берово по 2 и еден во Пехчево.
Пријавени се вкупно 39 починати лица: 18 од Скопје (52г, 53г, 62г, 66г, 71г, 71г, 73г, 73г, 74г, 74г, 78г, 79г, 80г, 82г, 83г, 85г и 91г), по три починати лица од Охрид (64г, 81г и 82г), Тетово (63г, 80г и 81г), Струмица (72г, 73г и 80г) и Кавадарци (70г, 82г и 83г), по две лица од Прилеп (66г и 67г) и Куманово (58г и 80г), по едно лице од Битола (74), Велес (79), Штип (77), Кочани (71) и Пробиштип (63). Сите починати пациенти се починати во болнички услови.
Направени се 2.596 тестови преку: ИЈЗ-514, ЦЈЗ Скопје-59, ЦЈЗ Битола-80, Судска медицина-5, лабораторија болница Козле-9, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-12, Институт за микробиологија–118, МАНУ-150, Жан Митрев (Филип Втори)-100, Авицена-221, Биотек-238, Систина-166, лабораторија Лаор-128, Синлаб – 46, Ремедика-28, Плодност – 32, Генеа – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 686.
Досега во земјата се направени вкупно 700.728 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на кови-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 149.221, бројката на оздравени пациенти е 126.234, на починати е 4.595, а бројот на активни случаи изнесува 18.392.
Според епидемиолошкита анализи, дистрибуцијата по градови во моментов е следна:
Скопје 66.093, активни 8.203
Куманово 8.246, активни 1.225
Прилеп 8.012, активни 889
Тетово 6.992, активни 655
Битола 5.916, активни 1224
Велес 5.280, активни 651
Гостивар 5.048, активни 453
Кавадарци 5.046, активни 477
Штип 4.807, активни 452
Охрид 4.793, активни 825
Струмица 3.876, активни 553
Струга 2.894, активни 222
Кочани 2.639, активни 302
Кичево 2.391, активни 293
Гевгелија 2.147, активни 320
Неготино 2.125, активни 226
Свети Николе 1.455, активни 154
Крива Паланка 1.192, активни 89
Ресен 1.181, активни 207
Радовиш 1.059, активни 126
Берово 981, активни 63
Делчево 938, активни 104
Дебар 919, активни 62
Виница 760, активни 112
Пробиштип 760, активни 36
Валандово 646, активни 100
Богданци 476, активни 73
Крушево 463, активни 104
Демир Капија 392, активни 31
Демир Хисар 370, активни 62
Кратово 354, активни 17
Македонски Брод 352, активни 32
Пехчево 259, активни 22
Македонска Каменица 227, активни 14
Дојран 132, активни 14
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март не доби поддршка од пратениците од власта. Предлогот денеска беше на дневен ред на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта го одбила и предлогот за јавна расправа и разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.
Македонија
ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката
Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна на министерот за правда Игор Филков во неговото последно јавно појавување поврзано со куќниот притвор на поранешниот вицепремиер, Артан Груби.
Од партијата оценуваат дека извршната власт нема уставно право да сугерира како треба да функционираат судските органи и дека улогата на Министерството за правда е да го штити интегритетот и независноста на судството, особено во чувствителни случаи со засилена политичка поларизација.
„Министерот за правда, наместо да го заштити судскиот систем од партиска хистерија, дополнително го поттикнува тоа, создавајќи клима на однапред донесена пресуда и јавно испраќајќи пораки што вршат притисок врз обвинителите и судиите“, наведуваат од ДУИ.
Според нив, ваквите изјави претставуваат директно мешање во тековна постапка и сериозен удар врз правосудниот систем, со што се загрозува интегритетот на постапката и принципот на поделба на власта.
ДУИ го повикува министерот да се воздржи од понатамошно јавно мешање, а Министерството за правда, како што велат, преку јасна и одговорна комуникација да ја гарантира независноста на судството. Во спротивно, сметаат дека министерот треба да биде разрешен.
Партијата најавува дека ќе продолжи да го следи секое дејствие што, според нив, создава клима на линч и ќе ги информира своите стратешки партнери – САД, Европската Унија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Реакцијата на ДУИ следува по прес-конференцијата на министерот за правда Игор Филков, кој побара отчетност и детално образложение за одлуката за замена на мерката притвор со куќен притвор во случајот со Груби, кој е под истрага за криминал вреден 8 милиони евра во Државна лотарија.
Филков посочи дека станува збор за лице кое 14 месеци било во бегство, за кое претходно бил утврден ризик од бегство, и јавно ги повика судскиот и обвинителскиот совет да утврдат дали има одговорност кај судијата и јавниот обвинител за одлуката за куќен притвор.
Македонија
Утре сончево време со температура до 16 степени
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h), информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури.
Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

