Македонија
398 новозаразени од Ковид-19, починаа четири лицa
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 6.383 тестирања, а регистрирани се 398 нови случаи на Ковид-19, од кои најмногу, 136 во Скопје, Тетово – 86, Гостивар – 46, Куманово и Кичево по 23, Битола – 15, Охрид и Струмица по 13, Дебар – 10, Струга – 6, Кавадарци – 5, Кочани – 4, Прилеп и Валандово по 3, по двајца во Велес, Штип, Свети Николе и Ресен и по еден случај во Радовиш, Делчево, Пробиштип и Македонски Брод.
Во изминатите 24 часа пријавени се четири смртни случаи како последица од Ковид-19, три пациенти од Куманово (29, 49 и 74 години) и еден од Гостивар (78), починати во болнички услови.
Регистрирани сe 18 оздравени пациенти од Скопје – 7, Битола – 4, Куманово – 3, Радовиш – 2 и по еден од Штип и Берово.
Направените 6.383 тестови се преку: ИЈЗ-90, ЦЈЗ Скопје-46, ЦЈЗ Битола-100, ЦЈЗ Прилеп-68, ЦЈЗ Тетово–47, ЦЈЗ Куманово–75, УК Пулмологија со алергологија 1, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–56, Жан Митрев (Филип Втори)-122, Авицена-429, Биотек-158, Систина-96, лабораторија Лаор-939, Синлаб-12, Ремедика-4, Плодност–56, Генеа–5, Никоб лаб-917, ВФВ Медикал-50, Ели Медика-28, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.077.
Досега во земјата се направени вкупно 1.019.192 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 158.025, бројката на оздравени пациенти е 150.524, на починати е 5.507, а бројот на активни случаи изнесува 1.994.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 69397, Активни 603
Куманово 9058, Активни 145
Прилеп 8354, Активни 24
Тетово 7924, Активни 572
Битола 6373, Активни 57
Велес 5488, Активни 12
Гостивар 5420, Активни 221
Кавадарци 5175, Активни 18
Охрид 5061, Активни 40
Штип 4977, Активни 12
Струмица 4189, Активни 59
Струга 3013, Активни 30
Кочани 2818, Активни 22
Кичево 2681, Активни 73
Гевгелија 2197, Активни 1
Неготино 2184, Активни 0
Свети Николе 1530, Активни 5
Ресен 1238, Активни 4
Крива Паланка 1227, Активни 0
Радовиш 1173, Активни 9
Берово 1043, Активни 10
Делчево 975, Активни 1
Дебар 990, Активни 46
Виница 892, Активни 6
Пробиштип 790, Активни 1
Валандово 677, Активни 8
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 366, Активни 7
Пехчево 276, Активни 7
Македонска Каменица 250, Активни 1
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

