Македонија
460 нови случаи на Кoвид-19 и вкупно 12 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.424 тестирања, а регистрирани се 460 нови случаи на Ковид-19, и тоа од: Скопје – 185, Прилеп – 54, Битола – 45, Кавадарци -28, Берово – 20, Куманово – 15, Гевгелија – 11, Велес – 10, Тетово, Охрид, Радовиш и Делчево по 9, Кочани и Крива Паланка по 7, Кратово – 5, Неготино и Валандово по 4, Струга, Виница и Македонски Брод по 3, Струмица, Ресен, Крушево, Македонска Каменица, Пехчево и Дојран по 2 и по еден заразен од Гостивар, Штип, Кичево, Свети Николе, Дебар, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се и седум починати лица – 3 од Скопје (63, 67 и 83 години), две лица од Битола ( 66 и 83 години) и по едно починато лице од Куманово (79) и од Берово (69). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, во согласност со регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се пет починати лица во периодот од 2 октомври до 27 ноември. Починатите лица се од Скопје (двајца) и по едно од Битола, Велес и од Прилеп. Починатите лица се на возраст од 70 до 88 години. Сите пријавени се починати во домашни услови.
Во изминатото деноноќие регистрирани сe и 543 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 234, Битола – 54, Прилеп – 31, Куманово – 25, Кавадарци – 23, Штип и Охрид по 20, Кочани – 15, Велес – 14, Струмица – 13, Гевгелија и Ресен по 12, Тетово – 9, Радовиш, Берово и Делчево по 7, Неготино и Демир Хисар по 6, Крива Паланка и Кратово по 5, Кичево и Богданци по 4, Струга – 3, Виница – 2 и по еден оздравен од Свети Николе, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод и Дојран.
Направените 2.424 теста се преку: ИЈЗ – 332, ЦЈЗ Скопје – 77, ЦЈЗ Битола – 65, ЦЈЗ Прилеп – 39, ЦЈЗ Тетово – 11, ЦЈЗ Куманово – 62, лабораторија во болницата во Козле – 19, УК Пулмологија со алергологија – 2, Институт за микробиологија – 3, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 69, „Авицена“ – 151, „Биотек“ – 164, „Систина“ – 81, лабораторија „Лаор“ – 69, „Синлаб“ – 28, „Ремедика“ – 30, „Плодност“ – 40, „Генеа“ – 13, „Никоб лаб“ – 217, „ВФВ медикал“ – 25, „Ели медика“ – 22, „Ројал медика“ – 9, „Спектра-ММ“ – 12, „Рапид лаб“ – 1, „Жан Митрев Струмица“ – 9, „Нова лаб дијагностика“ – 5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 869.
Досега во земјата се направени вкупно 1.471.420 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 215.585, бројот на оздравени пациенти е 200.003, на починати е 7.581, а бројот на активни случаи изнесува 8.001.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 94.288, Активни 3.797
Куманово 12.870, Активни 241
Тетово 11.31.9, Активни 150
Прилеп 10.210, Активни 423
Битола 8.654, Активни 623
Гостивар 8.060, Активни 30
Велес 7.286, Активни 326
Кавадарци 6.956, Активни 305
Штип 6.564, Активни 158
Охрид 6.444, Активни 284
Струмица 6.091, Активни 148
Кичево 4.222, Активни 78
Кочани 3.989, Активни 173
Струга 3.903, Активни 65
Гевгелија 2.792, Активни 128
Неготино 2.557, Активни 58
Свети Николе 2.113, Активни 81
Крива Паланка 1.884, Активни 135
Ресен 1.736, Активни 97
Радовиш 1.720, Активни 63
Дебар 1456, Активни 2
Берово 1.442, Активни 94
Делчево 1.391, Активни 135
Виница 1.154, Активни 43
Пробиштип 1.110, Активни 23
Валандово 930, Активни 54
Кратово 765, Активни 45
Богданци 643, Активни 37
Демир Хисар 609, Активни 73
Крушево 584, Активни 30
Македонски Брод 493, Активни 12
Демир Капија 424, Активни 7
Македонска Каменица 414, Активни 69
Пехчево 349, Активни 11
Дојран 163, Активни 3
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче: Мицкоски е скапо платен спроведувач на интересите на држави кои не ѝ мислат добро на Македонија

За една година ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата на меѓународен план, станавме држава заложник на туѓи интереси, кажа претседателот на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната трибина „Мугра на Слободата“, во Крушево.
Тој рече дека Владата на ВМРО ДПМНЕ од држава со јасна иднина напред, ја направи држава заложник на туѓи интереси.
„За една година ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата на меѓународен план. Од држава со јасна иднина напред, станавме држава заложник на туѓи интереси кои што ја раководат оваа власт преку финансиско заложништво. Мицкоски е скапо платен спроведувач на политики на држави кои не и мислат добро на Македонија, туку ја гледаат само како поле за своите геостратешки интереси“, рече Филипче.
Тој обвини дека Мицкоски со новите задолжувања направил вистинско предавство на интересите на државата.
„Долговите од 7 милијарди евра ќе бидат камен околу вратот за секој млад човек и за развојот на државата во следните 10 години. Ова е вистинско предавство на националните интереси, вистинско предавство на државата“, рече Филипче.
Во обраќањето пред присутните граѓани во Крушево, Филипче рече дека премиерот Мицкоски ја турка Македонија во амбисот на криминалот, корупцијата, самоволието, киднапирајќи ја европската иднина за државата.
Македонија
(Видео) Филипче: Димитриевски му слугувал на Мицкоски за да се спаси од политички прогон

На вечерашната граѓанска трибина „Мугра на слободата“ која се одржа во Крушево, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето обраќање рече дека кумановскиот градоначалник Миксим Димитриевски му слугувал на Мицкоски за да се спаси од политички прогон.
„Максим Димитриевски конечно се потврди за што е влезен во коалиција со Мицкоски и која беше неговата цел. Не била само поделбата на СДСМ. Негова цел била да се спаси од правен прогон. Скандалозно е и преседан е во судството на само еден ден од носење на пресуда обвинението против него да се повлекува. И ова е јасен знак дека тој е политички заштитен од Христијан Мицкоски и дека е сега негов вечен должник. Јасно е зошто тројанскиот коњ Димитриевски беше задолжен да го дели СДСМ. Сега повеќе никој не му верува“, рече Филипче.
Оценувајќи ги меѓупартиските релации, тој во своето обраќање партиите ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ги нарече колаборациоалисти.
„ВМРО-ДПМНЕ и нивниот привезок ЗНАМ се колаборационисти. Со години лажат и шират хистерија дека тие ќе се „бореле со Бугарите“, а впрочем тие се тоа. Нема кој нема бугарски пасош од нив и не е проблем да имаш бугарски пасош, од било која причина – економска, социјална или лична – но лицемерно е да се правиш патриот дека ќе се бориш против „бугарски диктат“ а да имаш фирми во Бугарија, државјанства, и разни други интереси. За нив може ЕУ, за другите не може“, рече Филипче.
Македонија
Мицкоски: Ќе воведеме обврска институциите да одговорат на барањата на граѓаните, задолжително и во најбрз рок

Ќе воведеме обврска институциите да одговорат на барањата на граѓаните, задолжително и во најбрз рок, најави премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната трибина во Струмица насловена „Една година ги градиме темелите на македонското земјоделство и храна“.
„Свесен сум дека мора да направиме и многу други работи. И работиме на тоа. Мора да се знае дека граѓаните ќе бидат на прво место. Затоа предвидуваме гаранција за услуга, во рок од 5 дена во сите општини и институции. Тоа нема да биде желба , туку закон. Секој граѓанин ќе добие одговор. Навреме, точно и без чекање. Ќе воведеме нова услуга каде администрацијата, за првпат, ќе биде таа што ќе го бара граѓанинот, а не спротивно. Ставаме крај на молкот, одложувањата и бирократската ароганција. Ќе обезбедиме гарантиран максимум на чекање во институциите. Ќе постојат јасни граници и секое прекршување ќе се казнува. Почит за времето на граѓанинот ќе биде основна вредност на новата јавна администрација. Ќе воведеме Јавна листа со времиња на чекање по сите здравствени установи. Транспарентноста ќе стане стандард, пациентите ќе знаат каде ќе добијат најбрза услуга“, кажа Мицкоски.
Тој истакна дека во образованието ќе се воведе предмет за изучување на вештачката интелигенција.
„Воведување предмет за изучување на вештачка интелигенција во образованието. Нема повеќе да учиме само за минатото, ќе ги подготвиме генерациите за иднината, за новата економија, за дигиталната ера што веќе тропа на вратата. Ова е визијата што ја градиме“, посочи Мицкоски.