Македонија
473 нови случаи на Ковид-19 и вкупно 18 починати
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.708 тестирања, а регистрирани се 473 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 246, Битола – 41, Кавадарци – 23, Охрид – 22, Куманово – 21, Прилеп – 18, Кочани – 13, Велес – 11, Струмица и Гевгелија по 9, Валандово – 7, Берово – 6, Штип – 5, Кичево, Крива Паланка, Пробиштип и Македонска Каменица по 4, Тетово, Свети Николе, Кратово и Демир Хисар по 3, Гостивар , Струга, Неготино, Ресен и Богданци по 2 и по еден заразен во Радовиш, Делчево, Крушево и Македонски Брод.
Во текот на изминатото деноноќие пријавени се 14 починати лица: 3 починати лица од Скопје (68, 84 и 84 години), по 2 починати лица од Куманово (66 и 70 години) и Битола (77 и 79 години) и по едно починато лице од Тетово (69), Велес (89), Кавадарци (79), Крива Паланка (76), Пехчево (93), Ресен (76) и Демир Хисар (82). Од пријавените 13 се починати во болнички, а едно лице е починато во домашни услови.
Дополнително, согласно Регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, се пријавени 4 починати лица во периодот од 9 до 22 ноември. Регистрирани се починати лица од Македонска Каменица (2), Битола (1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 75-89 години, а сите се починати во домашни услови.
Во текот на последните 24 часа регистрирани сe и 505 оздравени пациенти од: Скопје – 230, Битола – 50, Кавадарци – 32, Кочани – 18, Гевгелија – 17, Прилеп, Велес и Тетово по 16, Крива Паланка – 14, Куманово – 12, Берово – 11, Неготино – 10, Штип и Кратово по 7, Охрид и Радовиш по 6, Кичево, Богданци и Виница по 5, Струмица, Валандово и Гостивар по 4, Ресен – 3, Пробиштип – 2 и по еден оздравен во Демир Хисар, Струга, Макденоски Брод, Пехчево и Дојран.
Направените 2.708 тестови се преку: ИЈЗ-299, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-67, ЦЈЗ Прилеп-39, ЦЈЗ Тетово–18, ЦЈЗ Куманово-58, лабораторија болница Козле-21, Институт за микробиологија–179, Жан Митрев (Филип Втори)-61, Авицена-99, Биотек-173, Систина-47, лабораторија Лаор-61, Синлаб-23, Ремедика-13, Плодност–55, Генеа-7, Никоб лаб-218, ВФВ Медикал-10, Ели Медика-16, Ројал Медика–15, Спектра-ММ-43, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.115.
Досега во земјата се направени вкупно 1.458.731 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 213.779, бројот на оздравени пациенти е 197.998, на починати е 7.492, а бројот на активни случаи изнесува 8.289.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 93446, Активни 3845
Куманово 12812, Активни 273
Тетово 11282, Активни 138
Прилеп 10089, Активни 421
Битола 8488, Активни 673
Гостивар 8059, Активни 35
Велес 7240, Активни 357
Кавадарци 6860, Активни 301
Штип 6534, Активни 202
Охрид 6395, Активни 274
Струмица 6062, Активни 155
Кичево 4216, Активни 87
Кочани 3953, Активни 204
Струга 3893, Активни 60
Гевгелија 2770, Активни 148
Неготино 2546, Активни 77
Свети Николе 2097, Активни 75
Крива Паланка 1858, Активни 130
Ресен 1717, Активни 103
Радовиш 1705, Активни 72
Дебар 1454, Активни 0
Берово 1401, Активни 95
Делчево 1351, Активни 141
Виница 1140, Активни 38
Пробиштип 1107, Активни 36
Валандово 919, Активни 52
Кратово 753, Активни 57
Богданци 638, Активни 37
Демир Хисар 598, Активни 85
Крушево 576, Активни 24
Македонски Брод 488, Активни 8
Демир Капија 421, Активни 7
Македонска Каменица 405, Активни 64
Пехчево 347, Активни 14
Дојран 159, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.
Македонија
(Видео) Филипче: Врските на Стоиљковиќ со Москва и кинеските кредити се сериозен сигнал
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, оцени дека пораките упатени од највисоката адреса на Алијансата се јасни и недвосмислени и директно се однесуваат на актуелната влада. Филипче вели дека врските на вицепремиерот Иван Стоиљковиќ со структури блиски до Москва како и кинеските кредити претставуваат сериозен сигнал за загриженост.
„Фактот дека вториот човек во Владата има отворени контакти со лица и организации кои се во директна комуникација со Кремљ, во време кога Русија води агресија врз Украина, е нешто што не може да се игнорира“, нагласи Филипче.
Тој посочи и на финансиските аранжмани на Владата, потенцирајќи дека заемот од една милијарда евра преку Унгарија, за кој европските институции во свој извештај нотирале дека станува збор за средства со кинеско потекло, отвора сериозни прашања.
„Кога на тоа ќе се додадат и кинеските пари кои пристигнаа преку заемот од Унгарија, станува јасно дека станува збор за политики кои испраќаат погрешни сигнали во рамки на Алијансата. Нашиот одбранбен чадор знае точно какви политики води оваа влада и јасно укажува на нив“, истакна Филипче.
Македонија
Утре променливо облачно време со температура до 17 степени
Утре претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, информира УХМР.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

