Македонија
599 ковид-пациенти се лекуваат во македонските болници

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 599 и има околу 560 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.
Како што додаваат од таму, во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава, со исклучок на главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 343 пациенти позитивни и суспектни на вирусот.
„Во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип е хоспитализиран 38 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 18 пациенти, во Велес се лекуваат 17 болни, а во Куманово 50 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 20 во ковид-центарот во Гостивар 21, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани 5, во Кичево 8, Кавадарци 14, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на вирусот“, се наведува во соопштението на ресорното министерство во кое се додадава дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче: Постапката за изградбата на Клинички е транспарентна

Конечно треба да сфатите дека криминални зделки на тоа што сте учени веќе нема, во нашиот здравствен систем, рече министерот за здравство, Венко Филипче, одговарајќи на пратеник од ВМРО – ДПМНЕ, кој во Собранието постави пратеничко прашање за изградбата на новиот Клинички центар.
„Клиничкиот центар што вие требаше да го правите беа само обични Интерни клиники и требаше да не чинат 120 милиони евра. Ние ги реновираме за не повеќе од 1 милион евра. Замислете колкава разлика е тоа? Договор потпишавте со компанија која после неколку месеци отиде во стечај, замислете каков договор направила претходната Влада за таканаречениот нов Клинички центар? Нормално е дека го преќинавме договорот. Зошто? Поради тоа што се направи соодветна ревизија на физибилити студијата која беше напарвена токму од претходната Влада пред повеќе години, која јасно укажува дека гринфилд инвестиција е многу подобро од браундфилд инвестиција за Клинички центар. Во тој проект влезе и се приклучи австриската Влада лично преку канцеларот Куртц и како донација ја ревидираа таа физибилити студија и стигнавме до еден современ и модерен проект на Клинички центар како што заслужуваат нашите граѓани, нешто што ќе служи во следните децении за да пружи интегриран модел на здравствена услуга“, рече Филипче.
Министерот посочи дека е направена физибилити студија со предлог проект, а две најреномирани европски комапнии аплицираа и се квалификуваа во втората фаза на конкурентниот дијалог – германската „Вамед” и француската „Буиг констракшн”.
Филипче уште еднаш ја повика опозицијата заедно да го сработат овој проект, односно да го поддржат законот.
„Во самиот закон ставивме дека ќе има независен финансиски ревизор заради тоа што сакаме со тој закон да дозволиме девете компании да дадат една понуда да не ги изгубиме врвните европски компании да ни го пружат своето искуство и можности да направиме конечно Клинички центар како што нашите граѓани заслужуваат. Ве повикувам да бидете дел од тој процес, да бидете дел од процесот којшто го мониторира и го прати изведувањето на проектот. Еднаш да покажеме дека нема разлика помеѓу власта и опозицијата кога станува збор за еден таков важен и битен проект“, рече Филипче.
Министерот потенцираше дека целиот процес е јавен и транспарентен, укажувајќи дека поминало времето кога големи иновативни компании си оделе од нашата земја.
„Во ваше време заминаа Астра Зенека, којашто сега замислете прозиведува вакцина, замина Глаксо поради криминалниот увоз на паралелни лекови кога којзнае што носевте и ги труевте граѓаните на Република Северна Македонија“, рече Филипче.
Македонија
Потврдени 582 нови случаја на коронавирус во Македонија, починаа 13 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.972 тестирања, а регистрирани се 582 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 274, Прилеп – 55, Кавадарци – 40, Куманово – 24, Гевгелија – 23, Неготино – 20, Тетово и Велес – по 18, Охрид – 13, Струмица – 12, Битола и Кочани – по 10, Гостивар – 9, Штип и Струга – по 8, Крушево – 7, Крива Паланка и Богданци – по 5, Валандово – 4, Дебар и Виница – по 3, Ресен, Делчево, Пробиштип, Кратово и Демир Капија – по 2, Кичево, Демир Хисар и Берово – по 1.
Регистрирани се 374 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 160, Охрид – 59, Струга – 24, Кавадарци – 20, Прилеп – 14, Тетово – 12, Гевгелија и Велес – по 9, Куманово – 8, Ресен – 7, Дебар – 6, Битола, Штип и Радовиш – по 5, Делчево – 4, Неготино, Гостивар, Крива Паланка и Берово – по 3, Струмица, Крушево, Валандово, Пробиштип, Кратово и Кичево – по 2, Кочани, Виница и Македонска Каменица – по 1.
Пријавени се вкупно 13 починати лица – 6 пациенти од Скопје (64, 66, 72, 74, 77 и 89), три од Прилеп (48, 72 и 83) и по еден смртен случај е пријавен од Штип (61), Охрид (75), Крива Паланка (83) и од Пробиштип (79). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Направени се 2.972 теста. Досега во земјата се направени вкупно 512.692 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 101.214, бројката на оздравени пациенти е 90.685, на починати е 3.111, а бројот на активни случаи изнесува 7.418.
Македонија
Пријавени приближно 4.000 кандидати за попишувачи и реонски инструктори

Државниот завод за статистика го објави јавниот конкурс за ангажирање реонски попишувачи и реонски инструктори за претстојниот попис, кој ќе се спроведе од 1 до 21 април годинава.
Веќе се пријавени приближно 4.000 кандидати заинтересирани за попишувачи и реонски инструктори.
Пријавувањето е преку електронската апликација поставена на веб-страницата https://popis2021.stat.gov.mk/, каде што може да се најдат сите информации за повикот.
На конкурсот може да се пријават сите полнолетни државјани на Република Северна Македонија, кои се невработени, со завршено најмалку средно образование и имаат основни компјутерски вештини.
Пријавувањето трае до 28 февруари.
Паушалниот надомест за попишувач е 4.000 денари, за секое попишано лице по 30 денари, за секој попишан стан по 20 денари, за секое попишано домаќинство по 50 денари, за лице определено за резерва паушал од 5.000 денари и за секој ден ангажирање по повик на резервниот попишувач 700 денари дневно.
Надоместокот на реонскиот инструкторот се утврдува да изнесува: за реонски инструктор паушален износ од 5.000,00 денари; за секоe попишано лице од попишувачот по 3,00 денари; за секое попишано домаќинство од попишувачот по 5,00 денари; за секој попишан стан од попишувачот по 2,00 денара.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер