Македонија
60 позитивни на Ковид-19 во последното деноноќие – има 359 активни случаи
Регистрирани се 60 нови лабораториски позитивни случаи на SARS-CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со Ковид-19 изнесува 312.807 – Оздравени се 63 пациенти – две починати лица.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, МЗ информира дека во последните 24 часа од направени 842 тестови, регистрирани се 60 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 52, Битола, Прилеп, Тетово, Кавадарци, Гостивар, Штип, Гевгелија и Ресен – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (60), регистрирани се 16 реинфекции.
Регистрирани сe 63 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице, а согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин регистрирани се две починати лица од Скопје (56г) и Охрид (73г).
Досега во земјата вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 312.807, бројот на оздравени пациенти е 303.128, на починати е 9.320. Бројот на активни случаи изнесува 359.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Аеродром, Чучер Сандево и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул. 27 во село Белимбегово, општина Илинден;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од бул. Видое Смилевски Бато бр. 8А, општина Аеродром;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците кои се напојуваат од изводот кој започнува од Рибилимус и продолжува во правец на Горно и Долно Оризари, општина Чучер Сандево;
– во периодот од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од село Бардовци лоцирани кај Машинац зградите, општина Карпош.
Македонија
Магла во утринските часови, сончево со умерена облачност преку ден
Во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно и претежно тивко.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува периодот стабилно и претежно тивко време. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла
Македонија
Магла во околината на Демир Капија, умерен интензитет на сообраќај на патните правци
Појава на магла и намалена видливост до 60 метри во околината на Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

