Македонија
65 нови случаи на Ковид-19 и тројца починати
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.090 тестови, а регистрирани се 65 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 41, Битола – 9, Кавадарци, Охрид, Штип и Неготино – по 2, Куманово, Прилеп, Тетово, Велес, Гостивар, Струмица и Струга – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (65), регистрирани се 8 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се 3 починати лица од Скопје (2) и Охрид (1). Пријавените се на возраст од 63 до 92 години и се починати во период од 24.05 – 07.06.2022. Две лица се починати во болнички услови а едно лице во домашни услови.
Во последното деноноќие регистрирани сe и 78 оздравени пациенти од: Скопје – 54, Битола – 6, Охрид и Неготино – по 4, Штип – 3, Прилеп и Велес – по 2, Куманово, Струмица и Кичево – по 1.
Направени се 1.090 тестови преку: ИЈЗ-110, ЦЈЗ Скопје-28, ЦЈЗ Битола-30, ЦЈЗ Прилеп-5, ЦЈЗ Тетово-10, ЦЈЗ Куманово-9, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–6, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–25, Жан Митрев (Филип Втори)-32, Авицена-37, Биотек-30, Систина-34, лабораторија Лаор-57, Синлаб-5, Ремедика-5, Плодност-14, Генеа-17, Никоб Лаб-47, ВФВ Медикал-10, Ели МедикаПлус-13, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–16, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-11, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 527.
Досега во земјата се направени вкупно 2.065.025 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 312.538, бројот на оздравени пациенти е 302.807, на починати е 9.316, а бројот на активни случаи изнесува 415.
Според епидемиолошките анализи во моментот, бројката по градови е следна:
Скопје 147321, Активни 260
Куманово 16684, Активни 8
Битола 15717, Активни 44
Прилеп 14221, Активни 6
Тетово 13485, Активни 7
Кавадарци 10698, Активни 13
Велес 9802, Активни 5
Гостивар 9615, Активни 10
Охрид 8940, Активни 17
Штип 8082, Активни 14
Струмица 8079, Активни 5
Кичево 5653, Активни 2
Кочани 5100, Активни 6
Струга 4730, Активни 2
Гевгелија 4424, Активни 1
Неготино 3700, Активни 3
Ресен 2751, Активни 1
Свети Николе 2636, Активни 2
Радовиш 2531, Активни 0
Крива Паланка 2419, Активни 1
Делчево 1986, Активни 1
Берово 1692, Активни 1
Дебар 1679, Активни 2
Валандово 1488, Активни 0
Виница 1395, Активни 2
Пробиштип 1267, Активни 0
Богданци 1021, Активни 0
Кратово 966, Активни 0
Крушево 930, Активни 1
Демир Хисар 836, Активни 0
Македонски Брод 739, Активни 1
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.
Македонија
Сончево и релативно топло, максималната температура до 20 степени
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

