Македонија
650 сметководители со одземени лиценци три месеци чекаат одговор од Финансии: Почнаа завршните сметки, ние не можеме да работиме

Група од 650 професионални сметководители со одземено право на работа тврдат дека три месеци чекаат одговор од Министерството за финансии по поднесената претставка и се спречени да работат во период кога се изготвуваат завршните сметки.
Сметководителите се жалат дека ИСОС – Институтот за сметководители и овластени сметководители донел правилник кој е спротивен на законот и штетен за сите книговодствени бироа. Во низата обвинувања оваа група сметководители тврдат дека Институтот не функционира веќе четири години, а ги задолжил со членарини што требало да ги плаќаат ретроактивно од 2018 година, но и барања за дополнителни давачки, а сето тоа под закана дека во спротивно ќе им бидат одземени лиценците за работа.
За новиот Закон за сметководственото работење од септември 2022 година, велат дека бил експресно изгласан со европскo знамеце и низа пропусти. Објаснуваат дека ако порано имале право да вработат овластен сметководител за цели на финаниско работење, сега мора управителот да биде на цело работно време и да е овластаен, инаку ќе им бидат одземени лиценците. Блокирано им е поднесувањето завршни сметки, па поднеле иницијатива до Уставниот суд, која паднала.
Сметководителите тврдат и дека кога побарале средба во ИСОС, не биле удостоени со прием.
ИСОС пред две недели објави дека го закружува процесот на ажурирање и објавување на регистрите на професионални сметководители, со цел да се овозможи целосна имплементација на одредбите од Законот за вршење на сметководствените работи. Оваа фаза од процесот ќе заврши со објавување на конечниот ажуриран регистар на овие друштва, што ќе се случи на 15 јануари 2024 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Воените оркестри на Македонија и Вермонд, САД со заеднички концерт утре во Скопје

Утре, 25.05.2025 година во пресрет на вежбата „Immediate Response 25” воените оркестри од армиите на Република Северна Македонија и Вермонт, САД, ќе одржат едночасовен концерт во Парк на Франкофонија во Скопје, со почеток во 12 часот.
Како дел од армиската соработка на двете сојузнички армии, пред почетокот на поголемите вежбовни активности воените оркестри традиционално одржуваат заеднички концерти.
Потврдувајќи го тридецениското пријателство во духот на соработката реализацијата на заедничкиот концерт со армијата на Вермонт, дополнително ги зајакнува врските помеѓу двете сојузнички армии и држави.
Македонија
Немаат симптоми лицата кои биле во контакт со заразените со мајмунски сипаници

Контактите на лицата позитивни на мајмунски сипаници не развиле никакви симптоми на заболување.
Институтот за јавно здраваје информира дека нивни епидемиолози стапиле во комуникација со контактите и тие немаат симптоми, додека позитивните лица се во добра состојба.
Од тука велат дека нема нови сомнителни случаи кои што се испратени за тестирање, ниту нови позитивни случаи.
Институтот за јавно здравје денес отвара две нови телефонски линии за информирање за Mpox од кои едната за консултации на граѓани, а втората за консултација на здравствени работници
По двата потврдени случаи, се проценува дека засега ризикот за ширење на оваа болест во нашата држава останува низок.
Македонија
Собранието в среда ќе гласа за предлогот Трајко Славески да биде нов гувернер

В среда, 28 мај, ќе се одржи седницата за избор на гувернер на Народната банка (НБРМ).
Според информациите објавени на веб страницата на Собранието, сендицата ќе почне во 11 часот, а изборот на гувернер е прва точка на дневниот ред.
За оваа позиција претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го предложи актуелниот претседавач на Советот на Град Скопје, професорот Трајко Славески. Од нејзиниот кабинет по предлогот истакнаа дека при носењето на одлуката, претседателката се водела од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.
ВМРО-ДПМНЕ најави поддршка за Славески, додека опозициската СДСМ соопшти дека нема да го поддржи, нарекувајќи го партиски кадар.
Славески, доколку биде избран за гувернер, ќе си замине од функцијата во Град Скопје.