Македонија
7-ка на ЛОТО 7 вредна 669.000 евра „падна“ во Визбегово
Државна лотарија со радост известува дека во 50. коло од играта на среќа лото 7, падна рекордна лото-премија во вредност од 41.163. 771 60 денари (околу 669.000 евра). Извлекувањето се реализираше во саботата, на 26 јуни (2021 г.), со пренос во живо на Канал 5 телевизија.
Според податоците од системот, дознаваме дека уплатата е извршена на продажното место ЈМБ Компани, во скопската населбата Визбегово во општина Бутел. Уплатени се 10 лото-комбинации, а добитна е 3-тата комбинација со броевите: 1, 20, 24, 25, 31, 32 и 34.
Ова е четврта 7-ка од играта на среќа Лото 7, а 25-та лото-премија од почеток на приредување на лото-игрите на среќа (од 2010 година).
Во септември 2020 година семејството Јанковски од Битола ја постигна досега најголемата премија во износ од 31 165 143 денари, уплатена во Алек Табак во Битола. Една година претходно (2019 г.), среќните броеви уплатени во Аива Кичево, на Зоран Митаноски и неговото семејство им донесоа 7-ка вредна 11 966 712 денари, по само 5 месеци откако беше постигната првата 7-ка на Лото 7, на 8 мај 2019 година, во износ од 299 293.990 денари, во Кавадарци.
Во историјата на лото-игрите на среќа, на Државна лотарија, за 7-ка досега се славеше во градовите: Свети Николе, Неготино, Тетово, Струмица Кавадарци, Кичево, Куманово, Битола и Скопје. Од скопските општини, на мапата на 7-ката, запишани се Општина Центар, Гази Баба, Кисела Вода, Чаир и Општина Бутел каде што по вторпат паѓа премија, овој пат во населбата Визбегово.
Ја поздравуваме одлуката на лото-играчите коишто досега јавно го споделија своето искуство – да се добие 7-ка на лото. Веруваме дека наскоро ќе се запознаеме и со нашиот најнов добитникот и ќе ви ја пренесеме среќната приказна на лото-играчот чиишто среќни броеви му донесоа добивка во износ од 41 163 771 60 ден., за уплатени 200 денари.
Во тек е уплатата за коло 51, а премијата за 7-ка изнесува 7 000 000 денари.
Во летните горештини Ви предлагаме онлајн уплата и онлајн игра на www.loto.mk
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во израелски напади во Газа убиени 17 лица, меѓу нив шест деца
Во израелски напади на северот и југот на Појасот Газа убиени се најмалку 17 Палестинци, меѓу кои и шест деца, соопштија локалните болници, пренесе Би-Би-Си.
Израелската војска наведува дека нападите уследиле откако, според нив, „терористи отвориле оган и тешко раниле еден војник“ на северот на Појасот Газа, во близина на таканаречената Жолта линија, која според договорот за прекин на огнот со Хамас означува територија под контрола на Израел. Како одговор, биле изведени прецизни удари од копнени и воздушни сили, поради, како што наведуваат, „очигледно кршење“ на примирјето.
Болницата Ал-Шифа во Газа соопшти дека примила тела на 13 лица, меѓу кои пет деца, по напади врз шатори и домови во источните квартови Зеитун и Туфа. Во болницата Насер во Хан Јунис биле донесени тела на уште четири жртви, меѓу кои и едно дете.
Од стапувањето во сила на примирјето на 10 октомври, Израел и Хамас речиси секојдневно меѓусебно се обвинуваат за негово кршење. Министерството за здравство во Газа, под контрола на Хамас, наведува дека од тогаш во израелска ватра загинале најмалку 529 луѓе, додека Израел соопштува дека во палестински напади загинале четворица нивни војници.
Македонија
СДСМ му оддаде почит на македонскиот великан Гоце Делчев
Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со членовите на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и Петар Огњеновиќ, денеска оддаде почит и се поклони пред ликот и делото на македонскиот великан Гоце Делчев.
„Идеалите на Гоце Делчев за слободна, праведна и напредна Македонија и денес се силен потсетник дека иднината се гради со храброст, знаење и единство. Наша должност е да ги чуваме и живееме тие вредности, секој ден.
Нека е вечен споменот на македонскиот великан Гоце Делчев“.
Македонија
Мицкоски: Очекувам раководството на ССМ да излезе од партиската прегратка и да се договори со Владата во интерес на административците
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека очекува неколкумина од раководството на Сојузот на синдикати да излезат од, како што рече, партиската прегратка и да постигнат договор со Владата во интерес на работниците, односно на административните службеници.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со утрешната средба со УПОЗ и очекувањата, Мицкоски нагласи дека дел од вработените во јавната администрација сè уште немаат договорен Колективен договор со Владата.
„Очекувам да излезат од партиската прегратка тие неколкумина во раководството на Сојузот на синдикати и да се договорат со Владата во интерес на работниците, односно во интерес на административните службеници, бидејќи уште тие, како што многу пати кажав во минатото, уште тие 7.700–7.800 наши колеги немаат со Владата договорен Колективен договор, сите останати имаат“, изјави премиерот.
Тој додаде дека со ваквиот договор Владата, како работодавач, ќе ги заокружи односите со сите вработени до истекот на мандатот.
„Со ова, Владата како работодавач ги заокружува односите до истекот на мандатот на оваа Влада, до 2028 година, со сите оние на чии работодавач директен или индиректен е Владата“, рече Мицкоски.

