Македонија
75 нови случаи на Ковид-19 и еден починат
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.112 тестови, а регистрирани се 75 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 52, Битола – 8, Берово – 4, Велес – 3, Охрид – 2 и по еден заразен од Прилеп, Тетово, Кавадарци, Штип, Неготино и Крушево.
Од вкупниот број на позитивни (75), регистрирани се 12 реинфекции.
Во текот на изминатото деноноќие не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ дополнително е регистрирано едно починато лице од Скопје (86 години), починато во болнички услови на 31. мај.
Во изминатите 24 часа регистрирани сe и 88 оздравени пациенти од: Скопје – 71, Битола – 12, Прилеп – 3 и по еден оздравен од Тетово и Гевгелија.
Направените 1.112 тестови се преку: ИЈЗ-156, ЦЈЗ Скопје-31, ЦЈЗ Битола-26, ЦЈЗ Прилеп-5, ЦЈЗ Тетово-16, ЦЈЗ Куманово-12, лабораторија болница Козле-10, УК Пулмологија со алергологија–4, Институт за микробиологија–54, Жан Митрев (Филип Втори)-31, Авицена-28, Биотек-26, Систина-21, лабораторија Лаор-13, Синлаб-29, Ремедика – 9, Плодност-17, Генеа-6, Никоб лаб-49, ВФВ Медикал-7, Ели медика плус-17, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-5, Жан Митрев Струмица–3, Нова лаб дијагностика–2, Рамус-4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 528.
Досега во земјата се направени вкупно 2.057.173 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 312.097, бројот на оздравени пациенти е 302.290, на починати е 9.307, а бројот на активни случаи изнесува 500.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 147023, Активни 331
Куманово 16674, Активни 5
Битола 15670, Активни 44
Прилеп 14215, Активни 7
Тетово 13481, Активни 6
Кавадарци 10687, Активни 6
Велес 9797, Активни 10
Гостивар 9608, Активни 4
Охрид 8930, Активни 30
Струмица 8073, Активни 1
Штип 8073, Активни 18
Кичево 5651, Активни 3
Кочани 5095, Активни 5
Струга 4728, Активни 1
Гевгелија 4422, Активни 1
Неготино 3695, Активни 8
Ресен 2751, Активни 2
Свети Николе 2634, Активни 3
Радовиш 2531, Активни 0
Крива Паланка 2418, Активни 1
Делчево 1986, Активни 1
Берово 1689, Активни 10
Дебар 1677, Активни 1
Валандово 1488, Активни 0
Виница 1393, Активни 1
Пробиштип 1267, Активни 0
Богданци 1021, Активни 0
Кратово 966, Активни 0
Крушево 930, Активни 1
Демир Хисар 835, Активни 0
Македонски Брод 738, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

