Македонија
813 новозаразени и 10 починати лица од Ковид-19
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 5.165 тестови, а регистрирани се 813 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 549, Битола – 49, Куманово – 40, Кавадарци – 25, Охрид – 20, Струмица – 17, Прилеп – 16, Штип – 11, Струга – 10, Гостивар и Велес – по 9, Гевгелија – 7, Кочани – 6, Ресен и Виница – по 5, Крива Паланка, Радовиш, Делчево и Пробиштип – по 4, Тетово, Кичево, Неготино, Берово и Дебар – по 3, Демир Хисар – 2, Свети Николе и Валандово – по 1.
Регистрирани сe 998 оздравени пациенти од: Скопје – 498, Прилеп – 105, Битола – 58, Охрид и Струмица – по 38, Велес – 27, Кичево – 22, Кавадарци – 21, Гевгелија и Валандово – по 20, Куманово и Ресен – по 18, Штип – 16, Неготино – 15, Крива Паланка – 11, Радовиш и Делчево – по 10, Свети Николе – 9, Македонски Брод – 8, Тетово и Богданци – по 7, Кочани – 6, Демир Хисар – 4, Гостивар и Крушево – по 3, Струга и Македонска Каменица – по 2, Виница и Берово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 3 починати лица од Скопје (56г, 74г и 78г) и по едно починато лице од Тетово (78г), Валандово (58г) и Кичево (78г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, пријавени се 4 лица, 2 починати лица од Тетово (странец) и по едно починато лице од Кичево и Гостивар, починати во период од 27 – 29.12.2021г. Починатите се на возраст од 57 години до 68 години. Од пријавените 2 лица се починати во болнички услови и 2 во домашни услови.
Направени се 5.165 тестови преку: ИЈЗ-513, ЦЈЗ Скопје-35, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-32, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–153, Жан Митрев (Филип Втори)-323, Авицена-125, Биотек-278, Систина-160, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-47, Генеа-0, Никоб Лаб-664, ВФВ Медикал-46, Ели Медика-48, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–28, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–11, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.702.
Досега во земјата се направени вкупно 1.665.043 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 234.277, бројот на оздравени пациенти е 215.852, на починати е 8.042, а бројот на активни случаи изнесува 10.383.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 104670, Активни 6212
Куманово 13388, Активни 259
Тетово 11535, Активни 113
Прилеп 11292, Активни 535
Битола 10117, Активни 876
Гостивар 8189, Активни 107
Кавадарци 7728, Активни 317
Велес 7653, Активни 159
Охрид 7128, Активни 392
Штип 6925, Активни 176
Струмица 6463, Активни 192
Кичево 4418, Активни 98
Кочани 4189, Активни 85
Струга 4005, Активни 73
Гевгелија 3102, Активни 167
Неготино 2711, Активни 68
Свети Николе 2179, Активни 26
Крива Паланка 2005, Активни 49
Ресен 1972, Активни 96
Радовиш 1864, Активни 59
Делчево 1509, Активни 44
Берово 1495, Активни 15
Дебар 1467, Активни 9
Виница 1198, Активни 19
Пробиштип 1173, Активни 31
Валандово 1086, Активни 49
Кратово 797, Активни 8
Богданци 712, Активни 29
Демир Хисар 665, Активни 24
Крушево 653, Активни 49
Македонски Брод 564, Активни 21
Демир Капија 440, Активни 7
Македонска Каменица 433, Активни 5
Пехчево 366, Активни 7
Дојран 186, Активни 7
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски на средби со сопственици на компании и со претседателот на Европскиот совет во Минхен
Премиерот, Христијан Мицкоски, на првиот ден од 62. Минхенска безбедносна конференција имаше средби со претставници на компании и со претседателот на Европскиот Совет.
„Денешниот прв ден овде го започнавме со средба којашто е многу значајна со високи претставници на компанијата ‘Шварц’, една од најголемите во светот и една од најголемите овде во Германија, со годишни приходи повеќе од 180 милијарди евра. Компанијата ‘Шварц’ вработува повеќе од 605.000 вработени и е присутна во повеќе од 30 земји во светот, помеѓу нив е и нашата Македонија“, изјави Мицкоски.
Имал состанок и со сопственикот на „4iG“ којшто е веќе присутен во Македонија како сопственик на лиценца за трет мобилен оператор.
„Она коешто е значајно, а треба да се истакне и да го знае македонската јавност и македонските граѓани е фактот дека покрај постоечкото инвестициско портфолио и двете компании и компанијата „Шварц“ и компанијата „4iG“ планираат дополнителни инвестиции во Македонија во сосема поинаква, во сосема поинакво портфолио, а тоа е вештачката интелигенција, дата центрите и енергетиката, односно производството на електрична енергија“, рече Мицкоски.
Премиерот бил дел и од свеченото отворање на 62. Минхенска безбедносна конференција каде што свое обраќање имаше германскиот канцелар Мерц, а денот го завршил со состанок со претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта.
„На состанокот разговаравме за евроинтегративниот процес на Македонија и она коешто е важно за македонските граѓани, тој процес да не биде билатерализиран, да не биде понижувачки и да биде сочуван македонскиот идентитет и приоритетите на македонските граѓани“, рече Мицкоски.
Тој им честита на македонските граѓани за, како што рече, онаа убава вест којашто на почетокот на денот пристигна од САД од Вашингтон, а тоа е усогласената заедничка изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, а се однесува на договорот за трговија којшто понатаму двете држави ќе го потпишат, договор којшто овозможува подобра економија и повеќе можности за македонските компании.
„На овој начин покажуваме како Влада дека покрај она стратешко партнерство со Велика Британија, Обединетото Кралство, после избришаниот пост мониторинг од страна на Советот на Европа, овој трговски договор којшто ќе биде во рамките на оваа заедничка изјава којашто ја усогласивме со Белата Куќа потпишан ја заокружуваме дипломатската офанзива во овие први дваесетина месеци од оваа нова Влада и тоа се историски договори со историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава. Останете со нас следните два дена продолжуваме со многу убави вести и со успешни состаноци од овде од Минхен од 62 Минхенска безбедносна конференција“, рече Мицкоски.
Македонија
Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

