Македонија
815 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа 20 лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2664 тестирања, а регистрирани се 815 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-329, Куманово-37, Дебар-1, Штип-26, Прилеп-46, Тетово-51, Струга-28, Велес-24, Битола-52, Охрид-28, Кавадарци-31, Гостивар-36, Гевгелија-9, Струмица-20, Крива Паланка-12, Радовиш-12, Крушево-2, Кочани-9, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево –1, Берово-5, Валандово-5, Виница-1, Делчево-4, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-9, Неготино-19.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 396 оздравени пациенти од: Скопје-79, Куманово-27, Дебар-1, Штип-21, Прилеп-34, Тетово-29, Велес-20, Битола-37, Кавадарци-15, Гостивар-32, Гевгелија-10, Струмица-12, Крива Паланка-5, Радовиш-8, Крушево-1, Кочани-14, Пробиштип-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-4, Виница-4, Свети Николе-13, Кичево-14, Ресен-3 и Неготино-6.
Починати се 20 лица, осум пациенти од Скопје (76, 65, 84, 64, 71, 80, 51, 74), еден од Штип (82), двајца од Прилеп (68 и 72), еден од Струга (78), двајца од Велес (70 и 65), еден од Битола (84), еден од Кавадарци (68), двајца пациенти од Гостивар (64 и 89), еден од Струмица (63) и еден пациент од Берово (77). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 77949, бројката на оздравени пациенти е 53345, на починати е 2274, а бројот на активни случаи изнесува 22330. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 33643, активни 11956
• Куманово 4448, активни 622
• Дебар 586, активни 171
• Штип 3177, активни 412
• Прилеп 3914, активни 880
• Тетово 4587, активни 1009
• Струга 1896, активни 440
• Велес 2595, активни 652
• Битола 2849, активни 829
• Охрид 2196, активни 651
• Кавадарци 1863, активни 635
• Гостивар 3220, активни 720
• Гевгелија 1035, активни 318 (70 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 176 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2142, активни 623
• Крива Паланка 562, активни 133
• Радовиш 576, активни 142
• Крушево 154, активни 70
• Кочани 1511, активни 280
• Пробиштип 424, активни 63
• Демир Хисар 227, активни 47
• Македонски Брод 209, активни 36
• Пехчево 128, активни 21
• Берово 468, активни 96
• Валандово 274, активни 60
• Виница 426, активни 103
• Делчево 641, активни 289 (178 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 181, активни 26
• Свети Николе 1008, активни 162
• Кичево 1500, активни 329
• Ресен 592, активни 169
• Неготино 917, активни 386 (147 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2664 теста се преку: ИЈЗ-689, ЦЈЗ Скопје-79, Авицена-215, Биотек-167, МАНУ -184, Жан Митрев (Филип Втори)-162, Систина со PCR метода -133, лабораторија Лаор –37, Судска медицина-3, ЦЈЗ Битола-66, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-64, Ремедика-29, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -830, УК Пулмологија со алергологија –4, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 379.229 тестирања на Ковид -19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Почната е постапката и обезбедено е финансирањето за 150 електрични автобуси
Премиерот, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините со организиран јавен превоз.
„Она кое што можеме ние како влада да го направиме е да обезбедиме транспорт за општините, онаму каде има организиран, којшто ќе биде еколошки. И токму таа е целта на набавка на овие 150 еколошки автобуси коишто се на електричен погон, користат исклучиво енергетско напојување кое за животната средина нема штетно влијание. Постапката е веќе почната, средствата ќе ги обезбедиме од влада со влада стратешкото партнерство со Унгарија, во најголем дел, а помал дел обезбедени од буџет под услови подеднакво доби како што претходно беше и оној прв договор за кредитно задолжување со Унгарија“, потенцираше премиерот Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање од пратеничката Биљана Кузмановска.
Премиерот Мицкоски појасни дека овие 150 автобуси ќе бидат распределени во сите општини во кои има организирано јавен градски превоз, односно Град Скопје ќе добие 100, а останатите општини ќе добијат 50 автобуси.
„Конкретно во Скопје во насока на намалување на аерозагадувањето, тука ќе го споменам и Градскиот воз чија што прва делница сега се прави, а потоа ќе следат втората и третата, и очекувам заедно со БРТ системот и новите проекти во делот на гасификацијата, односно когенерацијата, заедно со производство на електрична енергија и топлина во периодот кој следи драматично да се намали аерозагадувањето. Ова се конкретни потези, сме ги лоцирале точките и работиме и ќе треба време. Процесот е почнат, обезбедено е финансирањето под услови исти како што имавме со претходниот заем, три години грејс период, каматна стапка од 3,25% минимум за останатиот период до 15 година отплата во рамките на стратешкото партнерство со унгарската влада. Следи процедура и набавка на овие 150 автобуси и нивна распределба“, нагласи премиерот Мицкоски.
Премиерот Мицкоски воедно истакна дека оперативните трошоци ќе бидат драматично намалени, ефектот е повеќеслоен, позитивен за аерозагадувањето, односно нема да има, но исто така позитивен ќе биде во делот на одржување на истите.
Македонија
Управниот одбор на Фондот на ПИОМ ги усвои Предлог- програмата и план за работа и Предлог Извештајот за работата на Фондот во 2025 година
Управниот одбор на Фондот на ПИОМ на дваесет и деветтата седница разгледа и усвои повеќе документи од негова надлежност.
Најнапред директорот на Фонодт, Никола Мемов, го информира Одборот за активностите во претходниот период, при што нагласи дека е остварена средба со Мисијата на Светска банка во врска со СИАП проектот, при што е нагласено дека согласно договореното во Фондот е екипирано Одделението за долгорочно планирање. Мемов рече дека во наредниот период ќе бидат направени подлабоки анализи и предвидувања за финсниските потреби на Фондот.
Членовите на Управниот одбор ги усвоија Предлог – Програмата и Планот за работа на Одборот во 2026 година.
Станка Трајкова, член на Одборот предложи Планот да се дополни со изготвување на Информација за остварувањетео на правото на пензија по воведувањето на задолжителното капитално финансиско осигурување, што беше прифатено.
Исто така, беше усвоен и Предлог – Извештајот за работата на Фондот во 2025 година. Директорката на Секторот за финансии во Фондот, Фатиме Неџипи нагласи дека во Извештајот се опфатени сите финансиски активности во изминатата година, со што може да се добие целосна слика за финансиското работење на Фондот.
Директорката на Секторот за остварување на правата, Билјана Стојанова ги презентираше активностите и деталите во доменот на остварувањето на правата, при што нагласи дека покрај редовните активности во изминатата година е озвоможена нова опција за следење на М1/М2 пријавите од АВРМ, а се одржани и повеќе обуки за нововработените лица.
Управниот одбор на Фондот ја усвои и Предлог – Одлуката за донесување на Годишниот план за јавни набавки на Фондот за 2026 година.
На седницата членовите на Управниот одбор беа информирани и за спроведените јавни набавки во минатата година, а беше донесена и Одлука за висината на благајничкиот максимум на Фондот за оваа година.
Македонија
Грипот стивнува, намалени бројките на новозаболени, но остануваат препораките за маска во простории со многу лица
Институтот за јавно здравје и оваа недела пријави помал број новозаболени од грип и заболувања слични на грип. Директорката Марија Андоновска вели дека се уште е рано да се каже дека сме го поминале пикот и остануваат препораките оние кои сакаат да се заштитат да носат маска во затворени простории во кои има повеќе луѓе.
„Во текот на четвртата недела од 2026 година што го опфаќа периодот меѓу 19 и 21 јануари, во Македонија се пријавени 1708 случаи за заболени од грип и заболувања слични на грип што е за 17,2 % помалку во споредба со претходната недела кога бројот беше 2062. Бројот на пријавени лица оваа недела во споредба со истата оваа недела минатата сезона е намален за девет проценти, а во споредба со петнаесетте изминати сезони е намален за 33,4%. Како што забележувате споредено и со минатата недела, но и со истата оваа недела во минатата сезона бројот е намален“, рече директорката Андоновска.
Во однос на возрасната дистрибуција 1029 лица се на возраст меѓу 15 и 64 години, 253 лица се на возраст над 65 години, 243 се деца на возраст меѓу 5 и 14 години, 183 се деца на возраст меѓу 0 и 4 години што укажува дека највисоката инциденца се регистрира на возраст меѓу 0 и 14 години.
Во Дебар и Кратово се бележи многу висока активност. Во Охрид, Кавадарци и Струмица има висока активност, средна активност има во девет градови, во 12 се бележи сезонска активност додека во два града се бележи многу ниска активност.
„Според податоците што ги имаме, во моментов, во Македонија има среден интензитет на активност на вирусот. Остануваат и понатака да важат нашите препораки што ги даваме за лицата да се заштитат, да избегнуваат простории каде што има повеќе лица, а доколку е неопходно да бидат во вакви простории да носат маска. Посебно да водат сметка ранливите категории, лицата над 65 години, лицата со хронични болести, децата и трудниците посебно да внимаваат на сопственото здравје. Доколку имаат каков било сомнеж дека некое лица е заболено или покажува симптоми да се избегнуваат контакти со него. Оние кои веќе се дијагностицирани или имаат грип, да останат дома, децата да не се носат во училиште доколку покажуваат симптоми со цел да закрепнат побрзо и да немаме трансмисија на вирусот“, вели директорката Андоновска.
Нејзината препорака за болните и за оние кои сметаат дека имаат симптоми е да останат дома и да ги следат советите од матичните лекари.
Намалувањето на бројките втора недела по ред директорката Андоновска вели дека не значи дека сме го поминале пикот.
„Што се однесува до пикот, забележливо е дека имаме два недели намалување на бројките, но се уште е многу рано да кажеме дека сме го надминале пикот бидејќи во минатата сезона имавме два пика. Може ова да е првиот, можеби е последниот, но не значи дека нема да има нов пик и ново растење на бројките“, рече директорката Андоновска и нагласи дека Институтот ќе продолжи да ја следи состојбата.
Оваа сезона Институтот за јавно здравје регистрираше три смртни случаи на заболени со грип.

